|
|
ТРЛОТО НА ОРАВ И БЕЈЛИ |
Пишува Тодор ПЕТРОВ На кое само дереџе ја легнавме државата!? Не, ние! Тие! Прво, ни симулираа украинско сценарио со домашни извршители, неоврховисти и колаборационисти, со единствена цел државен удар за рекомпонирање на власта заради промена на името на државата и идентитетот на нацијата. Не казнуваат затоа што не им воведовме санкции на Русите а ги посакувавме руските гасоводи и Јужен тек и Турски тек. Обидот не' им успеа... Се разбира, Македонија не е Украина! Не' заплашуваа со белоруско сценарио на изолација, демек крај на светот без ЕУ и НАТО. Ама, нели, демократија без алтернатива е диктатура! Повеќе од сигурно е дека Македонците отфрлаат пристапување во сојуз со ЕУ и НАТО! Се разбира, Македонија не е Белорусија! Се обидоа да ги злоупотребат Албанците во Куманово со терористичка дестабилизација на Македонија, и тоа сценарио на арапска пролет повторно не им успеа! Беа 14 па 10 убиени, или колку беа... Бонд Стил е Бермудскиот триаголник на Балканот. Што таму влегува, повторно не излегува. Се разбира, Македонија не е Сирија! По неуспешниот државен удар ланската пролет, на 27 октомври 2015 година дојдоа амбасадорите на ЕУ, Велика Британија, САД, Франција, Германија и Италија пред Македонската влада и одржаа "лекција за демократија". Нашите ко "мисири" одмолчаа од "куртоазија". Вчера, на 29 јануари 2016 година, повторно дојдоа амбасадорите на ЕУ и САД и од пред влада ја соопштија споделената домашна задача: Критериуми со услови и рокови, што треба да се стори до 20 февруари 2016 година, за тие да проценат дали може да се организираат избори за законодавниот дом, инаку ништо од оваа маскарада. Замислете, тие решаваат за Македонија! И кога отпосле, ќе ти се појават партиите во кампања, запенети дека ќе се борат за уставност и законитост, за државниот суверенитет и територијален интегритет, ги гледаш како да се од Марс паднати во светата земја Македонија! Добиваш чувство дека виртуелно си во Африка, а околу тебе европски и американски мисионери ти организираат држава ... Патос! Која лакрдија од "демократија" ни продаваат, корнат! Но, трагикомичното е што мислат дека има луѓе кои им веруваат ... И така секогаш ќе биде, кога преку недоносени посакуваат да не' "стопанисуваат"! Е да, ама, народот не пие нафта, некои луѓе може да се лажат некое време, ама сите луѓе не може да се лажат цело време! Народот се' веќе виде! Едно потсетување, бидејќи повторувањето е мајка на знаењето! Народот, граѓаните, на референдумот одржан на 8 септември 1991 година во апсолутно мнозинство гласаа "ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА" без додавки и без придавки, одлуката на референдумот е задолжителна! Македонија повторно е суверена држава, Македонците повторно се суверена нација, Македонија е одржлива демократија, Македонците се посветена нација и таа историја и вистина повеќе никој и никогаш не може да ја смени! И од ова искушение ќе воскреснеме ко феникс! Македонија сепак не е трлото на Орав и Бејли! Само кој да им каже дека се надвор од мандатот и дипломатскиот статус! Крајно, ако ЕУ и САД односно НАТО ја дестабилизираат Македонија, симулираат контролирана нестабилност со цел рекомпонирање на власта заради промена на името на државата и идентитетот на нацијата, неизбежно е инволвирањето на Руската Федерација и Кина! Македонија од исконот до бескрајот! Македонија вечна! Амин! |