Среда, 03 Февруари 2016   
Офицерскиот дом во Битола

vasko-gicevski
Васко Гичевски

Некогашна раскошна палата, достојна и за крал а денес тврдина на ужасот. Градба која што не се распадна под силниот удар на гранатите во Првата светска војна и Втората светска војна почна да и подлегнува и да се руши дел по дел на човековата негрижа и глупост.

Имено Офицерскиот дом е една од оние ретки градби кои што ја имаат можноста да ве маѓепсаат кога ќе поминете крај неа. Доволен е само еден поглед кон неа и вие сте веќе назад во времето. Пред очи ви излегуваат битолски дами во раскошни фустани, турските офицери со униформи кои застрашуваат и блескавите сабји на кои се потпира Османлиската империја. Крај вас како да поминуваат бројни пајтони кои ги носат битолските конзули и нивните дами на свечен бал.

Се движите понатаму низ времето, здогледувате град исполнет со шрапнели и тага, град разурнат од бомби и куршуми а веднаш потоа се замира. Македонија е мирна, Битола е крвава, тивко е на бојното поле. Но не е тивко затоа што се извојувал мир, напротив затоа што се убиени сите кои што би можеле да испуштат глас. Одеднаш труповите и урнатините ги снемува. Се загледуваш во офицерски и од таму се слуша пријатен звук на виолина, тивкото но координирано тропање на чевлите укажува на бал. Бал на кој се танцува и се пие во безмерие од прекрасниот француски коњак и се ужива во убавината на битолските дами.

Но наеднаш се запира, музиката, танцот се е прекинато од еден истрел на пушка и еден вик на повреден борец. Почна и втората голема војна. Крвишта и крвишта се леат низ улиците, на придот кон Офицерски крвави стапки, музиката е згасната и од него се шири морничава темнина.

Не многу потоа пак удира светлост, Битола е крвава но сега не е тивка, сега таа како да доби свој глас, глас кој ечи низ улиците и низ Македонија. Новите македонски офицери, команданти, политичари и познати личности пак јуришаат кон Офицерски. Една вечер дури и сам Тито со својата посета го удостои Офицерски а и битолчани.

Во офицерски наминаа и Демирел и рускиот гениј Анатолиј Карпов со своите одмерени но секогаш сигурни и промислени чекори. Офицерски за чудо сега без никаква агресија токму во времето кога се расцвета тој замре. Штом Офицерски се стишува вие се враќате во сегашноста, вашето временско патување завршува и болната и сурова реалност ви ги боде очите.

Пред вас се издига маестрална бела зграда која изгледа како да е откорната од Виена или Истанбул и посадена токму на ова место. Местото ни оддалеку не е долично за ваква градба, исполнето со одпад и градска простотија стои како тврдина на ужасот, обидувајќи се малку од малку да се оддржи на своите темели и барем малку до дочува од своето славно минато.

Единствена надеж и утеха сега се малдите кои најголем дел од денот го поминуваат седејќи или стоејќи на неговите скали. Интересна е судбината на оваа грдба, некогаш таа беше палата на угледните и моќните а сега таа со својот екстериер и ентериер е тврдина на оние кои немаат ништо при себе. Ниту црн фрак ниту свечен фустан туку само младешки дух и безгрешно чиста душа. Офицерски на некој начин пак е центар на случувањата. Најубавите фотографии се прават на негова територија.Тука се можеби создаваат и најсреќните спомени на неговите посетители, се слушаат омилените бендови, се кажуваат најинтересните „муабети “ и тајните за кои пред само минути или часови за кои се заколнале дека ќе молачт.

Сепак офицерски некако преживеа се трансформира, се привикна на новото време и како еден старец кој ги собира своите внуци околу него Офицерски ги собра околу себе младите, оние кои што во неговата длабока стогодишна старост можат да му помогнат да се врати во првобитниот сјај.

Треба да ја исполниме неговата молба со која тој сака да му се оддолжиме за се она што се случувало на неговите плеќи низ годините, за се она што претрпел во текот на своето векување. Да ја исполнеме таа молба, секој на свој начин нека помогне за и идните генерации да има каде да се собираат, да се дружат, за и понатаму најголемиот сведок на битолската историја и понатаму да сведочи.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.