|
|
Александар Џеповски |
Од маки големи и пусти "неправди", СДСМ би сакала гласањето за Изборите во Април 2016, да се направат на Фејсбук, доколку медиумите не се милион и еден процент под нивна контрола. Тоа би било според нив најправилно, ама се разбира Зајко да биде Админ во самиот процес, а Катица да банира членови и воедно да ги прима. Со самото тоа да ги бараат медиумите под нивна контрола, како опозоција најомразена да добијат најважни министерски места и преку леб триста погачи, тоа го нема од Занзибар до Америка и преку Месечината и назад. Ете тие добија се, арно ама пак нејќат избори. Дали оваа Македонска трагикомедија во 10 чинови ( читај години ) ја има некаде и дали ќе се повтори некаде ? Нема шанси. Се поставува прашањето, што сме толку погрешиле и до кога ќе бидеме жртви на умноболни тутурутки ? Поразот на СДСМ ќе биде неминовен и народот со душа чека да дојде денот, па дури сите ТВ, радија и новини да се под нивна контрола. Неколку денови пред избори, кога ќе го проверат рејтингот преку Сорос, пак ќе протестираат и ќе забранат Интернет, Јутјубе, Твитер, Фејсбук па се до оној ден кога сите ВМРОвци не направат колективни харикири, со сабја самопрободени и членските книшки и личните карти до самите нив за полесна идентификација ... е тогаш СДСМ гордо ќе изјави дека изборите конечно станаа фер и општопризнати. За да биде тотално фер, СДСМ ќе сака и сите пари, девизи, имоти, коли и душата на секој еден ВМРОвец или неутралец, да им припаѓа нив и некако да почнат да живуркаат. Вака, сиромашките тие, да ти живееле во темници и неправди од тие" клети " Македонци, што на нивните јужни браќа сме им го земале името Македонија, па ете и тие не можеле да спијат раат, како и кризата кај нив наметната од ВМРО ДПМНЕ, бидејќи сме го барале Солун. Дали имате вие подобра идеја како да им помогнеме на овие " цвеќиња за мирисање " ? Од мене за нив - толку. Се надевам дека ќе имаат разбирање за мене и моите " фрустрации ", ама дали ќе имаат тие разбирање за сите Нас и дали ќе се појават на избори ? Би било убаво, затоа што пола членство на СДСМ ќе гласа за ВМРО ДПМНЕ. Зошто ? Па тоа е едиствен начин, со тежок пораз, да се тргне корнишонот. Инаку, вирусот со сртоносни последици ќе се рашири и кај нив, така да ќе и се тури пепел на СДСМ - ЗАСЕКОГАШ.
|