Среда, 03 Февруари 2016   
Опозицијата освен својот интерес, не сака да гледа подалеку од сопствениот нос

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

Македонија нема време за чекање, мора да оди на избори во април

Во догледно време не се гледа крајот на Источната криза. Борбите во Сирија продолжуваат со несмалена жестина. Истовремено, поради сопствените интереси, ескалираат и односите меѓу Русија и Турција, земја членка на НАТО. Веќе со почетокот на пролетта се очекува зголемување на наплив на бегалци и мигранти, кои својот спас го бараат во западноевропските земји. Македонија како земја која преставува влезна порта кон Европа и низ која досега транзитираа голем број бегалци и мигранти ќе се соочи со поголемиот дел од новиот наплив. Алармот е веќе кренат, а бидејќи Грција не може (или не сака) да се справи со бегалската криза, Европа, размислува овој бран да го спречи на македонско – грчката граница.

Настаните во Украина и Сирија многу добро ја илустрираат конфронтацијата на Русија и НАТО, кој во последно време се повеќе се шири кон руската граница. Инаку, НАТО за релативно кратко време двојно се прошири со нови членки и активно се припрема за прием на нови членки. А за да го пополни празниот простор на Балканот, НАТО презема мерки за влез на Црна Гора и Босна и Херцегвина, но и на Македонија, која поради ветото на Грција на Самиотот на алијансата во Букурешт 2008 година сеуште седи во чекалницата на НАТО.

Јужниот сосед со своето однесување кон Македонија, го спречи не само интегрирањето на земјата во НАТО, туку и во ЕУ. Токму противењето на Грција на интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО, ја стави  Македонија на „линијата на огнот“ меѓу истокот и западот. Сето тоа, како и неспособноста на Грција да се справи со мигранската криза, предизвика големи штети на земјата. Ако се има во предвид дека изостанокот на евроатланската интеграција на земјата беше една од причините и се рефлектираа со политичка криза, која сеуште трае, тогаш треба да таа што поскоро да се затвори за да може земјата да се справи со она што ни го носи пролетта.

Европа е свесна дека Македонија мора да биде политички стабилна за да одговори на пролетните предизвици, па затоа очекува да се испочитува договорот од Пржино. Односно ЕУ очекува да се одржат изборите на 24 април. Но за жал, иако сите се свесни за опасностите, опозицијата предводена од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој исплашен од исходот на изборите, по секоја цена се обидува да ги одложи. Едноставно, иако со договорот Пржино опозицијата е дел од техничката влада која треба да ги спроведе изборите, таа неводи сметка дека со својот однос, ги блокира институциите и ја прави земјата ранлива во справувањето со секаква потенцијална опасност, како што е и мигрантската криза. 

За какви опасности се работи најдобро говори чешкиот премиер Бохуслав Соботка, кој во интервју за чешкиот неделник Респект ќе изјави дека затварањето на границите не е вистинско решение и дека тоа може „лесно да ги обнови старите конфликти на Балканот“.  Едноставно. како што вели тој,  „Балканот сѐ уште не е интегриран, а сеќавањата на војните таму се уште се живи. Ако притисокот на миграцијата не успее да го контролира Турција во соработка со Грција, решението е да се договориме со Бугарија, Македонија и Албанија, да им се даде максимална помош и да почне регулирањето на миграцијата на нивните граници“.

Изјавата на чешкиот премиер покажува дека Европа е уплашена. Дури и германската канцеларка Ангела Меркел ја смени својата реторика откако над милион бегалци стигнаа во Германија во текот на минатата година. Откако заговараше политика на отворени врати, сега и Меркел и нејзините министри ги убедуваат Германците дека бегалската криза ја држат под контрола, но, истовремено вели: „Тие бројки во иднина ќе мора да се намалат и не смееме да дозволиме да пораснат, особено не на пролет. Ние тоа го можеме“.

Сепак, што ќе се случува во Европа, во многу нешта зависи од состојбите на Балканот и во Македонија. Не е ни најмалку случајно што државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Германија Михаел Рот дојде во Македонија и за време на посетата разговараше за политичката криза со Никола Груевски, лидерот на владеачката партија ВМРО ДПМНЕ и со лидерот на СДСМ и опозицијата Зоран Заев.

На средбите се разговарало за повеќе актуелни прашања и теми поврзани со тековната политичка состојба во државата, изборите, еворатланските интеграции на државата и процесите кои ќе се преземат на тој план.  Во разговорот соговорниците се осврнале и на темата на евроатланските интеграции, при што Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, истакнал дека членството во ЕУ и НАТО претставува стратешка цел и дека во таа насока е добредојдена поддршката на Германија и на останатите земји членки на ЕУ и НАТО.

Од друга страна, според соопштението на СДСМ,  Михаел Рот  и Заев споделиле заеднички став дека за излез од политичката криза и за иднината на Македонија се неопходни фер и регуларни избори, за што круцијална улога има исполнувањето на двата услова од пржинскиот Договор, прочистен Изборачки список и регулација на медиумите.

Оваа соопштение покажува дека опозицијата освен својот интерес, не сака да гледа подалеку од сопствениот нос. Изгубена во политичката криза која сама ја креира, таа не може да сфати дека треба брзо да се делува и да се сплотат сите политички партии, да се престане со уценување и да се завршат изборите во зададениот рок за да може да се делува ефикасно.

Токму поради ефикасното и навремено делување на институциите, владеачката партија ВМРО ДПМНЕ која внимателно ја следи состојбата, уште еднаш го повика Социјалдемократскиот сојуз да ја прифати методологијата за прочистување на избирачкиот список подготвена од страна  Државната изборна комисија и го повика СДСМ веднаш да престане да го кочи прочистувањето на избирачкиот список.

Но, како што изјави Илија Димовски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, „СДСМ упорно ја кочи иплементацијата на оваа методологија со недавање на свое позитивно мислење... Стратегијата е јасна. Предизвикуваат проблеми и хаос секаде каде што можат и секаде каде што нема. СДСМ не сака да се прочисти избирачкиот список, туку сака да продолжи политичката криза и агонија во Република Македонија“.

Значи, Македонија нема време за чекање и мора да се оди на избори закажани за 24 април. Опозицијата треба да го исполни она што се договорила и го потпишала во Пржино, а не да бега од избори зошто знае дека нема да победи.

На земјата и е потребна влада во која народот ќе има доверба, влада која ќе може да носи одлуки, влада која ќе може да се справува со новите предизвици кои се поврзани со Источната криза. Време е да се оди на избори и граѓаните да го дадат својот глас, да кажат конечно кој сака да ги води во наредниот мандат: владеачка партија ВМРО ДПМНЕ која исполнила се што ветила од својата програма, или пак СДСМ, партија која ниту има своја програма, ниту визија, ниту пак успеала додека била на власт да направи нешто позитивно за својата земја.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.