|
|
Проклети да се предавниците! |
Проклети да се предавниците, својот народ што го предале или по поновава верзија својот народ што го продале. Како во минатото така и сега, исто сценарио различни глумци! Нашата татковина, мила ни Македонија страдала од своите продадени души во своите редови, никогаш од оние кои биле нај гласни "патриоти". Проблем е тоа, тоа е голем проблем. Јас искрено се чудам и секогаш се запрашувам која е цената за такво нај тешко предавство или можеби подобро прашање е каде е чистата и мирна совест, лесен сон и добро покриен човек. Искрено драги мои за мене државата нема цена, народ без држава не е народ, замена за државата нема и верувајте, ве убедувам дека државата не е само територија, тоа е свето парче земја кое со себе носи голема историја! Видете, сигурно не биле глупави нашите претци и генерациите кои си го земале своето што живот давале за Македонија. Прашање е сега како може некој да дава живот за татковината а некој пак за одредена сума на пари да ја продаде но и да се продаде себеси и она човечкото а со тоа да се претвори во МОНСТРУМ! Ова НЕ дело воопшто не е за поздрав и фалба. Како и да е, јасно ми е како секој еден платеник функционира, јасно ми е дека особено сега во време на глобална економска криза парите прават многу нешта а исто така ми е јасно како и странси разознавачки служби функционираат НО не, никогаш нема да ги оправдам внатрешните предавници! Луѓе мои, пријатели и пред се МАКЕДОНЦИ, ние сите добро знаеме што овој изминат период се случува и во каква замка е фрлена Македонија, но исто така многу добро знаеме и што ќе се случува во иднина и какви се борби ќе треба да извојуваме за нашата, личната иднина. Има едно ама, ама овие сите заборавиле дека впрочем Македонија е на Македонците, заборавиле дека оваа држава реално постои и дека е многу поголема од сегашните териториални граници. Предавниците заборавиле дека Македонија многу пати била фрлена на колена како и сега во овој период па пак застанувала и ќе застанува на здрави нозе! Ни се случи нај лошото во нај добриот период и убава клима во Република Македонија. Не предадоа кога Македонија го бележеше својот најголем успех како внатре во државата така и надвор од нејзините граници. Точно е дека ќе треба време за да се совземеме и да продолжиме по истиот пат како и да продолжиме со нижење на успеси но исто така многу битно е што поскоро да се реши оваа криза и што поскоро да работиме за иднина! Да работиме за иднината на Македонија а со тоа и за нашата лична иднина, да работиме заедно сите, сплотени, Македонец со Македонец, со братски однос помеѓу нас и силни како никогаш до сега! Ве охрабрувам бидеќи од вас зависи понатамошниот развој на настаните. Ве охрабрувам да размислувате со своја глава, ладно и трезвено. Ве охрабрувам да кренете глава гордо високо и со нови сили да тргнеме во нови победи а првата таква победа ќе ја добиеме на 24-ти Април оваа година! Заедно за татковината се работи!
|