Среда, 10 Февруари 2016   
Изборите се можност а не должност

Petar Krivchevski
Петре Кривчевски

Живеејќи една млада демократија се соочуваме со предизвици, но и повеќе преседани кои што верувам се страни и за пошироките простори од овие Балкански. Обременети со товарот на рецидивите од еден тоталитаристичкo-еднопартискo-голиоточки систем ги ргаме маките и ги голтаме кнедлите од црвената диктатура, формално на пролетеријатот а практично на некрунисани цареви и кралеви, популистички самонаречени другари.

Но иако помалку или повеќе посткомунистичките трауми ги споделуваме сите, ние Македонците ја имаме таа „привилегија“ да и после две и пол децении сме исправени пред ѕидот на срамот, избилдан од соседите но и со поширока поддршка на кого пишува: ИСТРЕБЕТЕ СЕ! Или обезличете се или испотепајте се, а ние сме тука во тоа да ви помогнеме. Во такви околности, од сите страни балкани, место сплотеност и унисоност по она што се вика национален интерес, одново и по којзнае кој пат имаме судир на концепти, повеќе лични интереси, помеѓу македонецот и македончето. Борба за државата и државноста во име на претците и наследниците, од една стрна, и борба за гола власт и лични интереси  по секоја цена, па макар и врз државните односно националните, од друга.

Во еден таков хорор амбиент при надворешна оркестрирана харанга и хајка на се што е дел од (брендот) Македонија, најголемата закана доаѓа од исконската скарај па владеј. Или, уште поточно, поткупи па владеј. Напливот од парата на раздорот од „нашите пријатели“ од надвор и среброљубието наше однатре си го прават своето. Па иако, конечно, оваа маченица роди син со „срце и глава“, јудизмот кој и понатаму опстојува денешницата ни ја загорчува а иднината загрозува. Грст чауши за свои лични бели дворови ни копаат колективни црни гробови. Едноставно, евтино и фино, за пара, јахта или вила - Македонија заними и Тунгузија би била.

Така, во истава конотација но и насока се движат работите со и околу преговорите но и договорите за изборите. Имено, знаете, неможејќи сами да договорат кој пат да го фатат нашите поглавици беа фатени зауши и на маса седнати од меѓународните „судии“. И, бидна што бидна. При сила нема правина... важно договорот падна – избори во април. На 24-ти. А дотогаш да се одработат и одредени услови: специјални обвинители, технички министри, оставка на премиер... и  слични „маде ин Мацедониа“ специјалитети. Но, нејсе. Така, така. Важно да се закопаат „секирите“, смират страстите и прекинат бојкотите па лека-полека да се фаќа патот накај Брисел.

Арно ама, проклет да биде – среќа да не виде... кој прв започна. Кој прв започна анкети да прави и рејтинзи да мери. Пустото, откога бомбите ги исцрпи а фајде не доби, порекувачот на потписи и поплукувачот на изјави си ја продолжи старата песна: „тазе дупка не е дупка“. Априлилили! Сега списокот не ми чини. Медиумите пак – ич. И пак тоа, и пак така: стрижена – бричена, а стравот кој и од авион се гледа ни за  жива глава не се спомнува а камо ли и признава. Се чека одново мешетарење, тегавење, одлагање. Арно ама место еврокомесарот да долета од Брисел и одново со него си играат дрндупка, од Софија испрати порака. Јасна, чиста и недвосмислена: избори мора да има, како што се договрени, да се фер и демократски а кој дојди добредошол кој пак не - негова волја и проблем.

И тоа е тоа, доаѓаме до пораката од изјавата но и смислата на демократијата. Поточно на легислативата во државата Република Македонија: изборите се право и можност но не и должност (како на пр. во Австралија). Како за бираните така и за бирачите. Значи, секој има право (под одредени услови) да биде биран и секој има право (под одредени услови) да бира. Доколку сака. Доколку пак не, тоа е исто така негово и демократско и легитимно право. Оти вака, ако баш сите субјекти се чекаат и молат каде тоа сето ќе води. Денес еден бојкотира, утре можеби друг, па трет... и бескрај. Значи и самиот бојкот (колективен или персонален) е легитимно и демократско право на изразување на волјата и точка. Крај на муабетот. Е сега, знаеме, дека е штетно за државата и партијата арно ама е спас за врхушката. Барем на кратко. До следните избори, а тогаш ќе пулиме – ќе прајме, нова рачка ќе бараме.

Крајно! Доколку на било кој од потписниците му се удоволи да се презакаж(ува)ат изборите поради љутиш каприц, по автоматизам тој преседан би им го дал истото право на сите останати така што таа спирала би не одвела до 2018-та и редовните избори. Но и тогаш може да има незадоволни што ја прави дискусијата беспредметна а уцената бесмислена. Токму затоа и постојат закони, договори и потписи.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.