Сабота, 13 Февруари 2016   
Не си поигрувајте со трпението на ВМРО

mane jakovleski 3Мане Јаковлески

Душата ме боли, некои наши шутраци или поточно лигуши, сакаат меѓу себе да се испотепаме.

Со ситни души држава не се прави.

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) кое е нус производ на договорот од Пржино, на петочната прес конференција објави дека покренува истрага против високи функционери на ВМРО - ДПМНЕ поради „тешки кривични дела“ за изборите во 2012 и 2013 година со кои била доведена во прашање регуларноста на изборите. Отварањето на предметот со кодно име „Титаник“, укажува дека се работи за пошироко сценарио кое под диктат го спроведуваат домашни предавници.

По неуспешниот обид да се наметне промена на терминот за предвремени избори закажани за 24 април, потоа не поминувањето на законот на Ван Хојте за цензура на медиумите, како и катстрофалниот настап на лидерот на СДСМ Зоран Заев на ТВ Сител, на сцената стапи СЈО со отварањето на предметот „Титаник“ кој е директно насочен кон актуелната политичка гарнитура.

Според Катица Јанева, нејзините обвинители и истражители имаат цврсти докази кои покажуваат дека неколку министри, генералниот секретар и целиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ учествувале во креирање на изборна измама со гласачите од Пустец. Против десетината осомничени во случајот "Титаник" се поведени истраги за повеќе кривични дела со што уште повеќе се заострува политичката но и безбедносната криза.

Всушност тука не е во прашање гневот на Зоран Заев по неуспешниот настап на телевизија Сител, туку се во прашање поголеми игри.

Одредени сили кои сакаат да го препарираат регионот според нивните потреби и на штета на македонскиот народ, се плашат од силината на ВМРО ДПМНЕ и огромната подршка на народот, го започнаа сценариото со СЈО. Така Јанева за да ја намали штетата која ја предизвикува Заев го започна сценариото „Титаник“ со кое се обидува да испрати порака на застрашување на македонскиот народ не само во земјата туку и во околните земји, односно на сите кои им даваат апсолутна подршка на ВМРО ДПМНЕ. Тоа го покажува и приведувањето на градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко.

Меѓутоа она што е јасно е дека обвинувањата на Јанева, план кој е подготвуван и разработуван со месеци, и кој треба да го исчисти Заев од обвинувањата за корупција, се темели на машинеријата во "Фабриката за афери“ на Захир Беќири - Чауш. Поради тоа Јанева на прес конференцијата беше несигурна, па дури не можеше ни да го прочита напишаното. Очигледно сето тоа некој друг и го припремил, а тоа веројатно „повторно била на гости“ и немала време дури ни да го прочита. Свесно или несвесно со дадените тешки квалификации, притоа поставувајќи се над Уставот и законите на земјата, Јанева ја турка земјата во дестабилизација.

По повод оваа прес конференцијата на Јанева и отварањето на предметот „Титаник“ со соопштение до јавноста се обрати ВМРО ДПМНЕ во кое се истакна следното:

„ВМРО-ДПМНЕ ја добива довербата од граѓаните во изминативе 10 години врз база на проекти и мерливи резултати. Таа доверба не може да биде оспорена со никакви конструкции и фабрикувани афери. Напротив, таа доверба уште посилно ќе биде потврдена на претстојните избори. ВМРО-ДПМНЕ гласаше и го поддржа изборот на СЈО.

За жал, изминатиов период бевме сведоци на непримерни изјави од страна на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, обвинет во повеќе кривично-правни случаи, во кои тој ги најавуваше чекорите на Специјалното јавно обвинителство. Уште потрагично е тоа што ваквите изјави не само што не беа демантирани, туку со многу чекори беа потврдени. Со тоа беше драстично нарушен кредибилитетот на институцијата и се фрли сенка на нејзината професионалност и непристрасност."

Но, ниту со уцени и закани, ниту со апсења не може да се натераат медиумите да застанат зад Заев и народот да му ја довери довербата на СДСМ. Можеби во право е Белгијанецот Питер Ван Хојте кога вели дека: „Не можете да имате закон за медиуми според европските стандарди, зошто овде немате таков менталитет..“

Всушност демократијата е измислена на овие простори, а не на западот. Но, западот не е во право ако смета дека сме инфериорен народ со кој ќе можат да управуваат преку инсталирани органи.

Тажно и трагично кога гладаме како некои домашни експоненти за пари се обидуваат да слугуваат за туѓи интереси и работат да ја уништат ВМРО ДПМНЕ како партија која го обединува македонскиот народ и ги штити неговите интереси, односно го штити името, идентитетот и македонската држава.

Меѓутоа, мора да се напомене дека ваквите обиди на надворешниот и внатрешниот фактор кој се обидува да ја уништи не само денешната ВМРО - ДПМНЕ, туку и да ги негира светлите спомени и достигнувањата на Внатрешна Македонска Револуционерна Организација (ВМРО), можат само повторно да ја реинкарнираат старата Внатрешна Македонска Револуционерна Организација (ВМРО), а тогаш нека се замисли светот што направи.

Не си подигрувајте со судбината на македонската држава и светоста на ВМРО, зошто Македонците во Македонија и од целиот свет ќе реагираат така како што некој не ни помислува дека е можно.

Долга е раката на ВМРО!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.