|
|
Штета е што за опозициската СДСМ поимот истражувачко новинарство е табу тема |
Костадин Керпичоски Новинарството е цела наука, сите права мора да ги уживаат медиумите и новинарите кај нас во Македонија! Искрено драги мои пријатели замерувам и забечежувам на грубото и никакво однесување од страна на поединци и од страна на одредени политички партии кон медиумите во Република Македонија. За воља на вистината јас морам да признаам дека во нашата држава има медиуми кои се благо наклонети кон едната или другата страна на политичката сцена но не никако цел медиум, само дел од новинарите што е случај во секоја позната светска телевизија. Штета е што за опозициската СДСМ поимот истражувачко новинарство е табу тема, тема која ниту ја знаат ниту пак ја разбираат. Јас еве искрено им препорачувам да погледнат странски европски и светски медуми и да научат нешто повеќе за новинарството, нешто повеќе за истражувачкото новинарство и нешто за слободата на секој еден новинар како поединец во било кој медиум. Видете бе луѓе каква спрега ни прави оваа политичка партија, во секое нејзино известување велат дека се залагаат за слободата на медиумите и за деполитизација а од друга страна никако не сакаат и не го оправдуваат слободното говорење на новинарот како поединец во било кој медиум во Република Македонија. Ако ова е веќе потврдено како информација и не е веќе само претпоставка како тогаш СДСМ како политичка партија се залага за некаква си демократија, деполитизација или пак слобода на говорот на медиумите. Не разбирам, еднаш велат дека добро е да има што повеќе медиуми и информациите да стигнат што побрзо до поединците т.е граѓаните а од друга страна не им се допаѓа либерализацијата на пазарато и се против отварање на било каков нов медиум. Сведоци сме сите ние на обвинувањата од страна на СДСМ за сите сопственици на медиуми но пак јас се прашувам што ако јас или било кој од нас сака да започне бизнис и да отвори свој медиум а СДСМ да е на власт(хипотетички), e прашање е кој ќе може и дали ќе може да го направи истото?! Навистина не е фер ниту од нив како политичка партија(некогаш најголема ) ниту пак од поединците кои ја водат да играат некоја си двојна игра, со скриени карти и скриени намери. Македонскиот народ е информиран, напатен и многу многу мудар народ па така никој не може ништо да скрие од нас како што и светски медиуми неможат и несмеат да скријат нешто од народот бидеќи за него постојат, за него одработуваат и од него опстојуваат! Мојата порака е дека уствари ние се знаеме и упатени сме па така сигурен сум дека нема оваа погубна политика за секоја свера во државата да успее! Нема да успее политиката да се замолкни еден народ и неговиот глас! Нема да продолжи угнетувањето на Македонскиот народ! Вие почитувани, сакале или не, ви се допаѓало или не воопшто не е битно ами битно е што сака народот Македонски! Ние ве гласаме вас политичарите и политичките партии ама и ние (народот) одлучуваме што сакаме од вас! |