|
|
СДСМ не ги сака Македонците од дијаспората |
МАКЕДОНЦИТЕ ОД ДИЈАСПОРАТА ГО ПОДЖУВААТ ГОЛЕМИОТ МАКЕДОНЕЦ ОД ПУСТЕЦ ЕДМОНД ТЕМЕЛКО Патриотите од дијаспората се загрижени за договорот на групата од четирите преставници на политичките партии на Македонија, согласно наложениот Пржински договор, според кој по притисокот на СДСМ, одлучија да нема во иднина преставници од дијаспората во Собранието на Република Македонија, а и да се укинат постојните Три парламентарни преставници од иселеништвото- Европа, Америка и Австралија. Нека големите Македонски патриоти, како Едмонд Темелко, Васил Стериовски и други од Мала Преспа-Пустец и цела Република Албанија, како и тие од Пиринска Македонија, како Проф. Стојко Стојков и соработници од ОМО”Илинден”-Пирин, а исто и Павле Васкопулос и неговите соработници, од Винојжито, од Егејска Македонија, треба да знаат дека не само патриотите од републиката, туку сите чесни Македонци-патриоти од Австралија, Канада, Европа и Америка, секогаш биле и ќе бидат со Нив. Македонците од Мала Преспа-општина Пустец, кои имаат двојно државјанство имаат парво да гласаат и во Република Македонија, покрај гласањата во Република Албанија. Никој не може да ги спречи да гласаат, бидејки со Уставот на Македонија тоа е гарантирано. СДСМ не ја сака дијаспората-македонското иселеништво, бидејки иљадници Македонци од сите делови на окупирана Македонија, кои сакаат да добијат, покрај постоечкото државјанство и државјанство на Република Македонија, а тогаш ептен ке пропадне оваа проклета комуњарска партија. Скоро сите од иселеништвото се прашуваат зошто Вашингтон и Брисел ги подржаваат овие антимакедонци-болшевици, против кои се бореа најхрабрите Македонски емигранти, за осамостојувањето на Република Македонија, баш помогнати од Американските, Австралијанските , Канадските и поедини Европски современи капиталистички-демократски влади и политичари! Иако дијаспората е поделена на подржувачи на десничарски (Демократски) и на левичарски (комуњарски), политички партии во Република Македонија, а и има случаеви и во диаспората, како наследно од местата и од времето од кои емигрирале, иако донекаде е спласната активноста во обете групи, поради објективни и субјективни причини, поголемиот дел на патриотското иселеништво ги подржува индивидуалните и организираните групи на Македонски патриоти, првенствено во етничките делови на разделена Македонија и во соседството како и во целата дијаспора. Малверзациите на СДСМ помогнати од парите на Американците, преку СОРОС, кој со милиони долари ги помага антимакедонските и антидемоктаски невладини организации како ”Отворено општество” на Милчин, дел од македонските новинари и раководствата на опозиционата СДСМ, ствара и сомневања за можност истото финансирање и на поедини агресивни и екстремни поединци и групи, од македонската диаспора. Општо е познато дека и меѓу левоорјентираните иселеници, постои одвратност кон СДСМ, специјално кај тие Македонски интелектуалци, кои многу добро ги познаваат приликите во опозициониот блок. Почесто во Фејзбук, можат да се најдат нивни коментари со предлози, како да ги решат партијските пропусти кои се драстични, а се однесуваат и за програмата која никогаш не ја имале, за да ги задоволи потребите на поголемиот број на македонското население. Еве еден пример за сплотеност и подршка на Едмонд Темелко од Фејсбук од заинтересирани патриоти: Во Република Македонија невладините организации кои ги нема многу, поради финансијски проблем и недоволна организираност а постојат, специјално Светскиот Македонски Конгрес (СМК), чив претседател е Тодор Петров, тој најповеке написи, за бранење на Уставното име на Македонија. Исто така во одбрана на патриотот Едмунд Темелко, застана и списанието “Македонска нација“ http://www.mn.mk/aktuelno/11498-Ne-si-poigruvajte-so-trpenieto-na-VMRO, што преставува најдобар пример дека „Македонска наија“,СМК и неговите пријатели исто така ја даваат својата сесрдна подршка . Тодор Петров, во оваа прилика ке каже;”КОГА ОМРАЗАТА СТАНУВА СЛЕПИЛО, ЛУДОСТА И ОДМАЗДАТА СЕ МЕРИЛО”. Еден патриот од Собранието на Република Македонија, кој постојано дава патриотски коментари во “Дневник” и Фејзбук, ке напише за патриотизмот на Едмонт Темелко: “Единствениот Македонец кој до сега успеа да создаде силна организација ма Македонците во соседство е Едмонд Темелко… Единствената општина во светот која не е во Грција, а го користи шеснаесет кракото сонце како официјален сѕмбол е Пустец… Таму живеат не повеќе од 3000 наши Македонци, кои денес станаа жртва на луддите умови во Македонија… Татковците И дедовците на овие кои денес си играат со македонштината, пред 60 години ги затвара границите за Македонците од Грција…” Исто така жителите на Пустец едногласно испратија пораки до Заев и СДСМ: Ние сме Македонци, заради пари го поништувате македонскиот народ, И ЈАС СУМ ОД ПУСТЕЦ, И ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ, И ЈАС СУМ ЕДМОНД ТЕМЕЛКО. Јанко Томиов-Австралија |