Среда, 24 Февруари 2016   
Кренете глава Македонци гордо високо!

kostadin-kerpicoski
Костадин Керпичоски

Политиката на страна сега е време за идеологија!

Што би рекол еден мој многу близок пријател, војвода, патриот и човек кој ја сака својата земја и својата матична партија, го цитирам:"Оставете политика пријатели време е за идеологија, време е за борба за нашата татковина"

Токму така, се согласувам со него а и сите ние со оваа мудра мисла, време е браќа Македонци за идеологија, за Македонија.

Време е браќа за борба(се разбира на мирен начин), време е да покажеме и докажеме кои сме, од каде сме и зошто сме создадени!

Време е пријатели да покажеме единство, братство, патриотизам, сплотеност!

Многу пати сум пишувал во моите колумни за тоа колку Македонскиот народ бил и е угнетуван и колку пати бил предаден од внатрешните и надворешните предавници но и колку бил измачен и истраен, напатен и за тоа колку пати нашата татковина била фрлена на колена но сепак секогаш станувала цврсто на нозе!

Ве уверувам браќа и сестри дека уште е време комитско и дека и овој пат ќе успееме, ке ги надминеме сите препреки, ќе се издигнеме над проблемите и ќе помине и ова невреме и оваа бура.

Гледам исплашени фаци околу мене, луѓе со право загрижени и народ кој многу добро знае што ни се случува во последните година дена но имам порака за вас драги мои а тоа е дека воопшто не треба да се плашите нити страшите, тоа се предавници и се луѓе но луѓе без душа и срце и луѓе во чии вени не течи македонска патриотска крв!

Драги мои ние сме тука, спремни сме и сме во првите борбени редови за да си ја зачуваме Македонија и единствената татковина!

Ве уверувам дека моментално сме на прагот за да наредниот чекор е еден чекор пред добивање на „војната“ но и битката не е така мала работа!

Ние како потомци на освојувачи и војсковотци чекор по чекор, битка по битка, ден по ден ќе си ја добиеме војната!

Ве уверувам дека ќе дојде ден кога ова ќе остане зад нас и ќе биде еден темен период во нашата историја кој ќе има среќен крај!

Ве уверувам дека ќе дојде денот кога Македонија цврсто на нозе ќе се исправи и ќе испрати порака дека ниту внатрешни ниту пак надворешни непријатели и предавници не и можат ништо!

Македонија за кратко време ќе испрати порака дека ниту олеснувачи ниту пак ситни странски мешетари можат да одлучуваат за нејзината иднина и иднината на Македонскиот граѓанин!

Ние браќа Македонци ќе испратиме порака до сите дека дојде крајот и почетокот на една нова Република Македонија која ќе продолжи да чекори по истиот тој пат на кој тргна претходно,

Македонија која ќе продолжи да растие и да се развива како држава и една Македонија во која младите ќе останат машинеријата на истата, се разбира поддржани од постарите од војводите кои ќе не советуваат и ќе ни даваат поддршка и ќе ни пренесуваат дел од нивното искуство!

Кренете глава Македонци гордо високо, бидете храбри, мирни и тивки, паметни и разумни но во исто време и воинствени, патриотски расположени и сакајтесија Македонија бидеќи друга татковина немаме!

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.