Среда, 24 Февруари 2016   
Големата Австро-турска војна и Карпошовото востание (1)

Tihomir Karanfilov-001
Тихомир Каранфилов

Од 1585 до 1650 година Охридски архиепископи посетувале одредени европски земји и барале од нивните владатели помош за ослободување од османлиската власт. Атанасија е еден охридските архиепископи кој во текот на овие 65 години побарал помош. Тој во 1596 година ја напуштил Македонија и тргнал да бара помош од италијанските, австриските и шпанските владатели. Но, како и пред тоа, реакцијата на западните владатели била млака, а помошта изостанувала. Австрија и нејзините сојузници  реагирале дури по нападот на Виена во 1683 г.

Нападот на Виена ќе биде причина во март 1684 година да биде формирана Светата лига, сојуз во кој учествуваат Полска,  Венецијанската република и Светото римско царство. На овој сојуз им се приклучува и Русија во 1686 година, која ги напаѓа Турците на Азовското море. Лигата учествува во борбите против Турците се до Карловачкиот мир во 1699 година Во борбите кои следуваат, од 1685 до 1689 година била ослободена Јужна Унгарија, Трансилванија, Србија, а извесен период и Пелопонез. Напредувањето на Австријанците ќе биде повод да востанат и балканските народи. Во Македонија тогаш ќе се крене и Карпошовото востание.

Во 1689 година, после три века на тежок живот под турско-османлиската власт, македонскиот народ за првпат масовно и одлучно се дигнал на востание, кое по името на неговиот водач, е познато како Карпошово востание. Иако непосреден повод за ова востание бил австро-турската војна од 1683 година и брзото напредување на австриската војска длабоко на територијата на Османлиското царство, вистинските причини беа тешката економско-општествена и политичка положба на македонскиот народ. Всушност, во периодот на опаѓање на моќта на Османлиското царство, дошло до драстично зголемен притисок врз рајата и нарушување на минималните права кои ги уживало подјарменото христијанско население. Како реакција на таквата состојба дошло до зголемување на движењето и отпорот на македонскиот народ, изразен во спонтани локални буни и масовна појава на ајдуството, кое кон крајот на 17 век прераснало во народно востание за ослободување од турско-османлиската власт.

Инаку, во 1863 година Османлиите одново ја нападнале Виена, уверени дека конечно ќе ја постигнат целта да го освојат градот, а со тоа уште подлабо да продрат во срцето на Европа. Тие сметале дела лесно ќе ја постигнат целта бидејќи Австрија во тој период била ангажирана против агресивната политика на францускиот крал Луј XIV и нерешеното прашање на унгарското високо благородништво. Меѓутоа, после двомесечна безуспешна опсада, на градот му стигнала помош од австриската, а исто така и полската војска, која ја предводел кралот на Полска Јан Собиески. Турците биле одбиени, а нивниот поход набрзо се претворил во страотен пораз. На Австрија и Полска набрзо и притекнала во помош и Венецијанската Република, така да во март 1684 година била создадена таканаречена Света лига, која ја продолжила борбата против османлиското царство на неколку сектори . Во 1688 година на страна на сојузниците им се приклучила и Русија. Така дошло до долготрајна војна, која ќе се заврши со Карловачкиот мир во 1699 годна (со Австрија, Полска и Венеција) и Истанбулскиот мир во 1700 година (со Русија). Според мировните договори Османлиското царство за првпат во својата историја било принудена на поголеми територијални остапки во корист на непријателите.

Особено големи размери и последици имале успешните операции на австриската војска која извршила длабок продор на територијата на Османлиското царство. Напредувајќи постепено и систематски, таа на 6 септември 1688 година го завзела Белград, а веќе во летото наредната година, под водство на маркгрофот Лудвиг Вилхем Баденски (1655 - 1707), главен командант на австро-турскиот фронт, продолжила со напредување кон југ. На 24 септември 1689 година во нејзини раце паѓа стратегискиот и добро утбрден град Ниш. Од Ниш австриската војска ги продолжила своите операции во две насоки. Еден нејзин дел, кој го предводел лично Лудвиг Баденски се упатил кон север, со цел да го освои подунавскиот град Видин. Другиот дел, под команда на генералот Енеја Силвио Пиколомини (1640 - 1689), добил задача преку Косово да излезе на Јадранско Море.

Воените успеси на Светата лига ги пробудија надежите на балканските народи дека најпосле дојде часот за нивно ослободување. Тие масовно востанале против турско-османлиските власти, особено во оние области каде делувале австриските и веницијанските војски. Австрискиот двор и австриската воена команда вешто го искористиле расположението на народите, упатувајќи постојани повици до христијаните на Балканот да се кренат на оружје и да се приклучат на регуларните австриски единици, за да го истераат иноверниот окупатор од територијата на Балканот. Соработката и поддршката на балканските народи им биле навообичаено потребни особено во моментот кога во фебруари 1689 година биле принудени да започнат војна против Франција. И колку повеќе Австријанците подлабоко навлегувале на југ, така се помасовно било учеството на балканските народи во борбата против разбиената и деморализирана турска војска и турската власт. Кога генералот Пиколомини, извршувајќи ја наредбата, тргнал од Ниш преку Прокупље на Косово, од 8.800 пешадија и коњаници, колку што вкупно броела неговата војска, 3.400 биле претежно српски доброволци под водство на Павле Несторовиќ Дијак. Кога Пиколомини после краток период, средината на октомври, влегол во Приштина, го доекало повеќе илјадно српско и албанско население, спремно да соработува во наредните акции против заедничкиот непријател.

Во врска со влегувањето на Пиколомини во Приштина постои и едно занимливо предание. Тогаш, наводно, меѓу населението на Косово постоело живо верување дека од Туците ќе ги ослободи странски кнез, пред кој на камили ќе јаваат разни животни од странски земји. Дознавајќи за тоа верување Пиколомини на заробените турски камили натоварил мајмуни и папагали, ги построил пред својата војска и така влегол во градот, каде бил воодушевено пречекан од населението. Ова предание покажува како за заинтересираноста, така и за вешто применетата тактика на Австријанците, во придобивање на месното христијанско население.

Големата австро-турска војна ќе остави тешки последици врз стпанството и положбата на балканската раја, што ќе предизвика да се развие ајдутството. Но, таа војна ќа ја зголеми надежта дека дека се ближи часот за ослободување од Турците. Во Македонија ајдуството зема голем замав така да во еден момент тоа ќе премине во востание – познато како Карпошово востание. Податоци за точниот датум нема, но се смета дека е подигнато во текот на октомври 1689 година.

(продолжува)

(Извор: д-р A.С. „Од минатото на македонскиот народ – Карпошово востание“, Скопје, 1969, стр. 69 -74 )

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.