|
|
СДСМ одамна си создаде лош имиџ и со истите лидери само може да тоне подлабоко и да не постојат медиумите |
Ако читаме меѓу редови, за Македонија изборите треба да донесат ред, мир и спокојство наредните неколку години. Но Западот не мисли така и едноставно сакаат да газат, бришат и уништат Партија, народ и земја која крваво и со солзи измачени бара само достоинство под небото и сонце што треба подеднакво да грее. Сето тоа сакаат да го наметнат преку аболициран криминалец и Партија како СДСМ, срам не само за нашата Македонска, туку за цела планета. Повеќе пати укажував порано кои секти го малтретираат целиот свет еве веќе неколку векови. Но дали знаете дека Ротшилд контролира 165 национални банки ? Не само Македонската национална банка, туку ако може и некоја утеха да биде дека и Австралиската национална банка позната како Ризерв банк е исто така негова ... сите освен Кинеската, Руската и уште неколку. Сите војни се водеа таму каде што Ротшилд не беше газда на банките, се разбира и на нафтените извори, рудници и се што ќе му паднеше на памет, па дури и душите на цела популација. Соработката на Груевски со Кина и неговата неодамнешна посета, како и милијарда долари многу поволни кредити за патишта и инфраструктурата значеше ова што денес се случува, а тоа да почнат да се испоубиваат Македонците преку финти за демократски принципи, па запнување за закон за медиуми и така влакно по влакно, да се прави егзодус. Најтрагично е што медиумите се спомнуваат. Каква улога можат да имаат, кога Македонците не купуваат новини, а и тие што купуваат сигурно не купуваат поради политика и Западот или наши партиски препукувања.За телевизии и радијата иста песна, а за интернет со лажни профили кои пцујат и се закануваат, тоа е опозициска сага. СДСМ одамна си создаде лош имиџ и со истите лидери само може да тоне подлабоко и да не постојат медиумите. Како може кај нив и секаде во светот, тимот што губи, упорно да го ставаш повторно за трка без никакви измени? Се разбира, тимот што победува останува долго и непроменет, благодарение на отепаната опозиција. Но како и да е, знаеме која е играта на Западот и Америте. Тие до сега живееа на грбот на неразвиените земји. На пример, Франција редовно кркаше по 700 милијарди дилари од Африканските колонии, за Англија се знае 10 пати повеќе од Франција, а Америка 100 пати повеќе од сите. Германија го исцеди Балканот и другии колониички, додека Шпанија и Португалија ги исцедија Латино Американските земји. Се убаво, ама бунарот им секна на овие "предодредени " од Бога да експоатираат луѓе и богатства. Се чува во голема тајност дека Македонија лежи на големи рудни и нафтени богатства, па Америка ќе не избришеше како земја и нација ако не беше војната во Сирија, а посебно ни го имаат удрено меракот дека сме православна земја. Па што е лекот и начинот да се отргнеме од ова? Се разбира дека молбите за влезот во НАТО и ЕУ беа најголема грешка по закон на сила и приликите, но сега вртење само онаму каде припаѓаме - кон Русија и правосланвиот свет, заедно со Кина во Евроазијскиот сојуз. Западот и Америка умираат и народски кажано им фуфка дебело на Американците. И тоа како им фуфка, од причина што Путин е света личност и спасител на православните и целиот свет воопшто. Затоа ВМРО ДПМНЕ на чело со Груевски, одма јавете се кај Путин и Русија, не чекајте повеќе. Доста беше малтретирање и понижување. Избори може, а и не мора. Со кого? Избори со неспособна мизерна опозиција што не може ни со малиот прст да мрдне, освен да прави криминал? Само добри и големи затвори за нив, на чело со Црпко и тоа доживотно. Да живее Македонија и со Господ напред.
|