Среда, 02 Март 2016   
Македонштината е трн во око за СДСМ!

kostadin-kerpicoski
Костадин Керпичоски

Се можам да разберам, сакам да имам либерализација на политичкиот пазар (условно кажано), сакам да има  конструктивна и многу силна опозиција која ќе ги корегира грешките на моменталната владеачка партија, сакам и да има кодекс на однесување на медиумите (кој веќе постои и е со европско знаменце), сакам да има правила во политичката игра и правила кои ние граѓаните ќе ги почитуваме, но никако неможам да ја сватам, разберам и одобрам политиката која во моментов ја води СДСМ.

Политика која е контра политиката на Македонија како држава, политичка игра во која веќе нема борба за власт ами само и само единствена борба против Македонија.

Политиката која сега ја спроведува СДСМ е политика на уништување на нашата единствена држава, уништување на ова свето парче земја, деградирање на македонците како народ, закрвавување на македонец со македонец и пуштање по вода на сета историја.

Навистина е лудо да се оди против она што нашите предци со години го создавале, она за кое нашите предходници животот го давале.

Чудно е да некогаш најголемата политичка партија денес се бори за опстанок на самата себе, опстанок на слобода за врвот на истата и непрекината борба против Македонија.

Беше собранието па основниот суд денес е уставниот суд утре маглата и загадувањето и се така по нешто ќе се најде за да се протестира да се маршира да се прави од мува змеј и да се создава еден хаос во границите на државата се со цел Македонија да се прикаже во најлошо светло во и надвор границите на истата.

На почеток кога опозициската СДСМ ја создаде и ја наметна на Македонија оваа политичка криза мислев дека станува збор за политичка борба за борба за власт и превласт во државата и дека лидерот на опозицијата не е свесен како и колку наштетува на македонската држава преку спроведувањето на оваа политика, но денес јас сум сигурен дека тој и членовите на раководството на истата партија свесно го спроведуваат ова сценарио.

Ако зборуваме за сценариото тоа не е ништо поразлично од она во 2001-та година.

Ако зборуваме за Пржинскиот договор тој не е ништо поразличен од оној во 2001-та година, а пак ако зборуваме за лидерите на политичките партии актуелни на политичката сцена во Република Македонија е тука има голема разлика помеѓу нив, а богами и помеѓу актуелните и тогашните политчки играчи актуелни во 2001-та година.

Среќа е за Македонија и македонците што имаме човек, лидер кој цврсто застана во одрана на македонштината без разлика со какви средства и да беше нападнат ,без разлика на притисокот уцените и не фер играта.

Иако опозициската партија постојано го потценува македонскиот народ јас ви тврдам дека истиот тој народ е многу мудар и веќе препознава кој е кој и што е што и кој работи за одбрана а кој за напад и уништување на македонските идеали.

На одредени политички лидери имам да им порачам дека повторувањето на истото сценарио од 2001-та година овојпат е невозможно бидејќи главните играчи, а тоа е народот не се согласуваат со истото.

На странците имам да им порачам дека после дождот сонце изгрева и никој не користи чадор. На македонскиот народ немам што да порачам можам да кажам само едно големо БРАВО и огромно БЛАГОДАРАМ за застанувањето во првите борбени редови за одбрана на татковината.

Што се однесува до датумот и изборниот процес во државава дали сега или еден месец подоцна верувајте дека ќе се случи, дека политичките партии од избори неможат да побегнат и дека политиката на било кој лидер се соочува со народот кај нас и во било која друга држава.

Гарантирам дека ќе имаме фер и демократски избори на кој ќе дојде до израз војлата на обичниот граѓанин, сигурен сум дека со едно референдумско гласање народот ќе ја даде довербата повторно на актуелната власт исклучувајќи ги техничките министри од неа и дека Македонија ќе продолжи да чекори по патот на кој веќе одамна тргнала.

Неизвесна е иднината и опстанокот на СДСМ, но што и да се случи во иднина СДСМ ќе треба да се помири со фактот дека секогаш зад нивната партија ќе биде врежана оваа погубна политика за Република Македонија.

Чекор по чекор, битка по битка и војната ќе ја добиеме!

Македонија вечна!

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.