Среда, 02 Март 2016   
Нова книга од Александар Донски

aleksandar-donski
Александар ДОНСКИ

АНТИЧКО-МАКЕДОНСКИТЕ ИСТОРИЧАРИ И НИВНИТЕ ЗАГУБЕНИ ДЕЛА

Деновиве во издание на МНЛД „Григор Прличев“ од Сиднеј излезе од печат најновата книга од Александар Донски под наслов „Античко-македонските историчари и нивните загубени дела“.  Ја искористивме оваа прилика за краток разговор со авторот.

Како дојдовте до податоци за  античко-македонските историчари?

Во нашата јавност е малку познато дека постоеле автохтони античко-македонски историчари кои своевремено биле автори на значајни историски дела.  За жал, ниту едно од овие дела денес не е сочувано. Единствено постојат антички сведоштва од други автори (нивни современици или подоцнежни автори) за античко-македонските историчари и нивните дела. Всушност, добар дел од сведоштвата за античките македонски историчари се наоѓаат во приват­ната колекција на германскиот професор Феликс Јакоби (1876 - 1959). Тој бил професор по класична филологија во Киел од 1907 до 1935 година. Во 1939 година се преселил во Оксфорд, каде продолжил со работа. Во текот на својата кариера успеал да собере неколку илјади фраг­менти од ориги­нални текстови од антички автори. Меѓу нив има и такви автори кои сведочеле за постоењето на извесен број античко-македонски историчари. Македонс­ката етничка припад­ност на овие историчари се препоз­нава според придав­ката “Маке­донецот” која некои од нив си ја додавале на своите имиња или според името на македонскиот град од кој потекнувале Со финансиски средства на проф. д-р Марија Емилија Кукубајска, во 2008 година Збирката на проф. Јакоби беше откупена во електронска верзија, па врз основа на таму објавените податоци (од кои некои се уште не се преведени ниту на англиски), ги детектиравме античките македонски историчари.

Колку античко-македонски историчари имало?

Врз основа на горе наведените податоци јас детектирав единаесет, но секако дека ги имало многу повеќе. Нивните имиња се:  Птолемеј, Аристобул, Леон од Пела, Антипатер, Кратер Македонецот, Птолемеј Осми, Филип од Амфипол, Критон од Пиерија, Марсија од Пела, Патрокле, Марсија од Филипи и Зоил од Амфипол.

Дали се зачувани делата од некои од нив или барем извадоци?

Ниту едно дело од ниту еден античко-македонски историчар не е зачувано, а не се зачувани ниту фрагменти, туку само посредни цитати од други автори кои пишувале за нив и за нивните дела. Ова е навистина чудно. Птолемеј бил генерал на Александар Велики Македонски, а подоцна и крал на Египет. Тој напишал историја на Македонија, која не е зачувана, но од неа црпел податоци александровиот биограф Аријан.  Како книга напишана од крал оваа историја сигурно дека била повеќепати препишувана, но ете до денес не останал ниту еден фрагмент од истата.

Какви се сведоштвата од другите автори за македонските историчари?

Воглавно информативни. Но, овде ќе издвојам две интересни подоцнежни сведоштва во врска со македонскиот историчар Марсија од Пела. Во „Речникот на грчки и римски биографии и митологија“ од Вилијам Смит (William Smith: “A Dictionary of Greek and Roman Biography and Mythology”. London. John Murray, 1873) во врска со овој македонски историчар читаме:

Марсија, син на Периандер, родум од Пела во Маке­донија, бил современик на Александар со кого, според Суда, заедно се школувал... Негово главно дело било ,Историја на Македонија' во десет книги, почнувајќи од најраните времиња, преку војната на Александар во Азија, па сѐ до враќањето на монархот во Сирија, по осво­јувањето на Египет и основањето на Александрија. Тој бил постојано цитиран од Атенај, Плутарх, Харпо­кратион и други автори...

Интересен осврт кон делото на Марсија е објавен во „Речникот на историјата на идеите“ (“The Dictionary of the History of Ideas”, Electronic Text Center; PO Box 400148; Charlottesville VA; Maintained by: Electronic Text Centeratthe University of Virginia Library, © 2003).    Овде читаме:

... Помеѓу историчарите кои пишувале за Алек­сандар имало и еден Македонец аристократ, кој се викал Марсија од Пела и бил припадник на една од најстарите и најблагороднички семејства. Тој пишувал за царот од сосема поинаков аспект. Покрај неговата Историја за Александар, тој исто така напишал и Историја на Македонија, која почнувала од митолош­киот период. Денес не е зачувано многу од неговата работа, но од она што го имаме се гледа дека Марсија ги припишувал неверојатните достигнувања на царот, не толку на неговата лична генијалност, колку на карактерот на Македонскиот народ. Неговото дело било најтемелната патриотска историја од тоа време.

Дали и кокку е зачувано нешто од оваа Историја, останува за идните истражувања.

(М. Н.)

bista-na-ptolomej
Биста на македонскиот генерал и историчар Птолемеј Први

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.