|
|
МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ДА ГИ ЗАШТИТИ ИМОТИТЕ И ЖИВОТИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ! |
СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС 5 март 2016 година, Скопје, Македонија - Денес, Светскиот Македонски Конгрес (СМК) одржа мирен протест пред Министерството за внатрешни работи во Скопје на 5 март 2016 година (сабота) со почеток во 13 часот. Пред министертвото за внатрешни работи беа присутни околу 10.000 граѓани. Собирот помина мирно и достоинствено, без никакви инциденти. После обраќањето на претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, присутните се разотидоа. СМК од протестот упати барање до Министерството за внатрешни работи да обезбеди услови за доизградба на Крстот во Бутел, да ја врати локацијата во владение на изведувачот на градежните работи и да преземе мерки против сторителите кои го оштетија имотот на градежната парцела. СМК, во текот на вчерашниот ден, апелираше до Министерството за внатрешни работи да ја отстрани блокадата од група Албанци предводени од дел на раководството на ДУИ на кружниот тек кон Градските гробишта и да обезбеди нормален сообраќај за верниците кои одат на гробовите за големиот христијански празник Задушница. Ви го пренесуваме во целост обраќањето на претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров пред присутните и пред медиумите. - “Почитувани браќа и сестри Македонци и Македонки, Денес е Задушница, вечен им помен и слава на упокоените, кои за навек се дел од нас живите. После физичкиот напад на 27 февруари во ресторанот Казабланка од групата на Изет Меџити и Беќир Асани, останав жив. И покрај потресот на мозок, заради ударите со тупаници и клоци во глава, смогнав сили да дојдам денес за протестот со Вас. Ова што ми се случи мене, не посакувам никому да се повтори. Најважни се животите и имотите на граѓаните! Светскиот Македонски Конгрес најостро го осудува вандализмот и демолирањето на оградата од градилиштето и сквернавењето на осветените и благословени темели на Крстот во Бутел, од протестанти предводени од дел на раководството на ДУИ, извршено на 3 март годинава. Веќе видено од ИСИС во Ирак и Сирија... СМК потврдува дека во Македонија нема да се повтори украинското и сириското сценарио. Во Македонија нема да дозволиме војна на етничка и верска основа, со цел рекомпонирање на Владата заради промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонската нација! Очекувано е однесувањето на ДУИ заради 100.000 избирачи кои ги нема во Македонија, затоа што никогаш тука и не живееле, тоа се дел од оние 150.000 косовари на кои неуставно СДСМ во 1994 им даде и македонско државјанство, за коалиција со ПДП, што трајно ја промени етничката и верската каррта на Македонија. Оттука и препораката, заради елиминација на етнички тензии и конфликти: Собранието да донесе уставна декларација, независно од пописните резултати во кои албанската етничка заедница може да спадне и на 13 до 15% од вкупното население, затекнатите права на малцинските заедници да останат во Уставот, како нивна заштита од мајоризација на мнозинството! СМК упатува барање до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски под итно да обезбеди услови за доизградба на Крстот во Бутел, да ја врати локацијата во владение на изведувачот на градежните работи и да преземе мерки против сторителите кои го оштетија имотот на градежната парцела. СМК ги осудува командите на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовки и на помошникот на министерот за градска управа на МВР во Скопје Лазо Велковски, кои на денот на осветувањето на темелите на Крстот, на 27 февруари, издадоа налог за прерасоредување на кордоните полицајци од пет реда под подвозникот на еден ред на улицата, со цел демонстрантите да ги пробијат, и да се судрат со учесниците на осветувањето, нарушувајќи го јавниот ред и мир и соживотот. Пред доаѓањето на демонстрантите, Лазо Велковски пред сите присутни му пришол на Изет Меџити, поразговарале, се тргнал настрана, по што, очекувано, кордонот полицајци од еден ред, со туркање бил растурен. Среќа што единицата за брза интервенција ги поставила борните возила на подвозникот и ги спречила демонстрантите да продолжат до местото на осветувањето за да настане општа тепачка! СМК го осудува однесувањето на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој на 3 март не издаде наредба за заштита и им овозможи на протестантите од Чаир вандалски да го запоседнат и поганат градилиштето на Крстот во Бутел! СМК го прашува министерот Оливер Спасовски, дали овие постапки се дел од сценариото на неговиот помошник Едмонд Адеми дека треба да се лее крв по улиците во Македонија?! Дојдовме овде за да не одиме таму каде што треба, демонстрирајќи висок степен на одговорност за јавниот ред и мир, за да побараме министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да си ја изврши работата, наместо граѓаните да ја земат правдата во свои раце, како што тоа го прави градоначалникот на Чаир секојдневно и насекаде, кршејќи ги Уставот и законите! Чаир не смее да стане гето во центарот на Скопје на организирана мафија, на радикалните исламисти и вахабитите! Уставот и законите мора да важат подеднакво за сите и на секое место во државата! СМК и натаму бара, Уставниот суд да ги поништи законите донесени врз основа на Договорот во Пржино од минатата година и да го воспостави уставниот ред и поредок во Македонија! СМК изразува жалење заради создавањето на паралелни министерства и паралелно обвинителство. СМК изразува жалење што го вплеткавме Министерството за внатрешни работи во управни и судски постапки за валдиност на одлуките на министерот, а што ја намалува борбената готовност и мотивацијата, во услови кога земјата се соочува со бегалско цунами на јужната граница со Грција кое може целосно да ја дестабилизира Македонија! СМК го почитува правото на мирен собир, но апелира до граѓаните да ги почитуваат животите и имотите на граѓаните како неприкосновени и од Министерството за внатрешни работи бара еднакви мерки за нивна заштита и за сите со исти аршини! СМК ги осудува агресијата и насилството за остварување на барања во спротивност со Уставот и законите. Неприфатливи се омразата и одмаздата против Крстот како симбол на верата, на мирот и на љубовта! Македонците ниту една џамија дивоградба не срушиле, ниту еден симбол на Албанците не отстраниле. Но, тоа не е слабост, за перманентно провоцирање и силување на трпението на државата и на мнозинството! Се’ има граници! Затоа и барањето до Министерот Оливер Спасовски нека не го провоцира трпението на мнозинството, мислејќи дека со кршење на Уставот и законите, и злоупотреба на Министерството за внатрешни работи, СДСМ ќе влезе во коалиција со ДУИ и партиите на Албанците, туку да обезбеди оперативни мерки за градилиштето на Крстот во Бутел и воспостави еднаква примена на законите, на редот и поредокот во земјата! СМК потсетува дека изградбата на Крстот во Бутел е во согласност со Законот за локална самоуправа, не подлежи на бадинтерово мнозинство при одлучувањето и не повредува ничии права и слободи! Според членот 41 од Законот за локалната самоуправа, прописите кои се однесуваат САМО на културата, употребата на јазиците и писмата на кои зборуваат помалку од 20% од граѓаните во општината, утврдувањето и употребата на грбот и знамето на општината, се усвојуваат со мнозинство гласови од присутните членови на Советот, при што мора да има мнозинство гласови и од присутните членови на Советот кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинско население во општината. СМК истовремено потсетува дека според членот 69 од Уставот, бадинтеровото мнозинство, односно покрај гласовите на мнозинството присутни пратеници, и мнозинството гласови од присутните пратеници на малцинските заедници се одлучува САМО ЗА прашања кои директно ги засегаат културата, употребата на јазиците, образованието, личните документи и употребата на симболите на малцинските заедници, и за ништо друго и за ништо повеќе! СМК смета дека албанска црква може секогаш да се изгради во Вториот Ерусалим, древниот Охрид, во Македонија, ако Албанската Православна Црква во Република Албанија влезе во сослужение со Македонската Православна Црква и ако Владата на Република Албанија дозволи изградба на македонска црква во Тирана, на реципроцитетна основа! СМК повторува дека во Бутел живеат речиси 70% Македонци. За СМК е скандалозно мешањето во надлежностите на општина Бутел и окупацијата на дел од нејзината територија од страна на градоначалникот на соседната општина Чаир. Градоначалникот на општина Чаир го потсетуваме дека и урбанизацијата на дел од општина Гази Баба во делот од парк шумата Гази Баба, Уставниот суд ја поништи, како незаконски упад на туѓа општинска територија! СМК потсетува дека основите на Охридскиот рамковен договор се почитување на етничката и верската карта на Македонија и унитарноста на државата! СМК најостро ги осудува изјавите на радикални челници на ДУИ, дека Бутел е албанска општина, СМК ја осудува демонстрацијата на сила на малцинството врз мнозиството и промената на етничката и верската карта на Бутел и во Македонија воопшто! Македонија обезбеди механизми за спречување на мајоризација на мнозинството врз етничките и верските малцинства, но малцинствата се должни да ги почитуваат законите на мнозинскиот македонскиот народ во државата каде што живеат Македонија! Македонија никогаш нема да биде теократска држава во која владее шеријатот и тоа треба на секој да му биде јасно! За тие со шеријатот и радикалниот ислам, среќен им пат за Саудиска Арабија, во Македонија нема да виреат! Владата мора да ги заштити имотите на ИВЗ од насилен упад на вахабитски групи кои ги окупираат претежно старите џамии од времето на Отоманската Империја. СМК апелира до Македонците да не ја продаваат земјата и имотите, што ја менува етничката и верската карта на Македонија! Македонската земја е бесценета, затоа што е света и од Бога нам дадена! СМК потсетува дека крстот не е симбол на етничките заедници туку на верските заедници. Крстот во Бутел, ниту било каде во Македонија, воопшто не претставува порака на Македонците против сожителство со Албанците, напротив Крстот во Бутел е симбол на мирот и љубовта наспроти омразата и војната, бидејќи колку е македонски толку е и албански, им припаѓа на сите христијани во светот и на христијаните во Македонија. И тие што бараат Албанска православна церква во Македонија со поддршка на ДУИ и ИВЗ, еве им крст во Бутел, да се прекрстат пред Господа. СМК повторува, дека Крстот во Бутел не претставува политички реваншизам заради Споменикот на ОНА во Чаир, Споменикот на ОНА во Чаир воопшто не е повод за Крст во Бутел општината. Крстот во Бутел не е дивоградба! Крстот во Бутел се гради со одобрение за поставување и со законски потребната документација. СМК повторува, дека Крстот во Бутел не е конспирација или провокација против никого, крстот е нераскинлив дел од културата и историјата со милениуми на Македонија! Светскиот Македонски Конгрес (СМК) и натаму смета дека поставувањето на споменикот со албанскиот двоглав орел во Топанско поле, на 16 февруари, на кружниот тек помеѓу улиците “Лазо Трповски“ и “Втора Македонска Бригада“ во Скопје, од страна на општина Чаир, претставува дивоградба и провокација, со цел поттикнување и разгорување етничка, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост, затоа што не придонесува за негување и изразување на албанскиот идентитет и особености и употребата на албанскиот симбол, туку е во чест на 15 годишнината од почетокот на војната во Македонија кај скопско Танушевци во 2001 година, со симболи на терористичката ОНА која изврши воени злосторства врз цивилното население во Македонија. СМК повторно потсетува дека војната во 2001 година не беше војна помеѓу Македонците и Албанците, ниту меѓу православните и муслиманите, туку симулирана војна за имплементација на определени глобални интереси на некои големи сили за свои сфери на влијание на овие простори. СМК истовремено укажува дека независно од Охридскиот рамковен договор од 13 август 2001 година и изменувањата и дополнувањата на Уставот на Републиката, врз Македонија беше извршена агресија од страна на Косово, а терористичката ОНА како паравоена организација не се бореше за рамноправност и човекови и граѓански права и слободи, туку “ослободуваше територии од славо-македонските окупатори“. Тивкото етничко чистење врз населените места каде што живеат Македонци и притисоците врз нив, со убиства, тепачки, дивоградби на џамии, уништување на имоти, вознемирување на етничка основа, неконтролираната бучава од разгласите на џамиите, со цел иселување на Македонците од нивните домови заради промена на етничката и верската карта на Македонија, во корен мора да се исече и промени! Уставната гаранција за заштита на етничкиот, културниот, јазичниот и верскиот идентитет на малцинските заедници, како и правото на слобода за изразување, негување и развивање на нивниот идентитет и особености и употребата на нивните симболи, не смее да поттикнува нетолеранција и да ја нарушува коегзистенцијата со другите. СМК очекува надлежните органи да преземат мерки во согласност со закон и отстранување на овој споменик на војната. СМК очекува Албанците да не бидат инструментализирани за туѓи и други интереси со цел дестабилизација и контролирана нестабилност на Македонија. СМК потсетува, никој да не помислува, дека толеранцијата на Македонците е слабост за потценување. Уставна обврска и аманет од претците, е да го браниме и одбраниме суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија! Во пресрет на големиот христијански празник Прочка на 13 март, СМК покренува иницијатива за изградба на споменик на Теофан Стилијан Ноли, познат како Фан Ноли, основач на Албанската Православна Црква во 1924 година, на границата меѓу општините Чаир и Бутел како подадена рака за соживот меѓу двете општини. Истовремено, заради Прочка, како Ден на меѓусебно простување пред Велигденските пости, како православен христијанин, јавно објавувам дека на лицата кои физички ме нападнаа на 27 февруари, нема да им поднесам приватни тужби за оштетно побарување. Бог нека им суди на сите па и на мене. Со ова, Светскиот Македонски Конгрес декларира дека не е против албанскиот народ во целина, затоа што Македонците се цивилизација на мирот и љубовта наспроти војната и омразата, на толеранцијата и коегзистенцијата наспроти дискриминацијата и сегрегацијата, на културниот глобализам наспроти корпоративниот глобализам! И за крај, прашањето до министерот Оливер Спасовки од најголемиот број Македонци во сите делови на Македонија и во светот, кое заслужува одговор: “За чии интереси господине Спасовски, Вие работите?“ Бог да не благослови сите нас и Македонија!“ - заврши претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров. |