Среда, 09 Март 2016   
Кадрите на СДСМ да заминат од позициите за кои немаат мандат од народот

svekrva-ta
Свекрва

По конфликтот од 2001 година околу 350 џамии се изградени на територијата на Македонија. Најчесто се изградени без одобрение за градба и без комплетна документација. Најголем дел од овие  градби се во западна и северозападните делови на земјата, и во последно време се градат и во источна Македонија. Големи средства се слеваат за изградба на овие верски објекти. кои најчесто се донации од Саудиска Арабија и Катар земјите кои го спонзориаат и радикалниот ислам. Но, за да не дојде до нарушувањето на соживотот, надлежните служби молчат, што потоа резултира со револт и тензии при евентуално селективно применување на законите.

Деновите бевме сведоци како толпа народ предводена од челници на ДУИ ги затрупаа осветените темели на Крстот во општината Бутел. Зачудува фактот што окупација и деструкција на легално поставени темели беше направено во присуство на органите за безбедност. Истите македонски безбедносни сили кои индолентно се однесуваа при ова бесправно уривање, ревносно го спречија протестот на жителите на Бутел, кои бараа почитување на законот и преземање мерки против сторителите на овој вандалски акт.

Наметнатиот технички министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој на оваа позиција дојде по договорот од Пржино, како кадровско решение на СДСМ, покажа целосна некомпетентност и неспремност да се справи со настанатата ситуацијата. Неговите потези, согласно на политиката на СДСМ, да се пасивизираат институциите, кои целосно ја суспендираа законски поставената организациска и функционална поставеност на МВР, се рефлектираа така што  стожерот на безбедноста не функционираше соодветно  и лесно можеше да доведе до искра која ќе ги доведе во прашање напорите за градење на соживотот во земјата.

Ако се имаат во предвид настаните од мај 2015 година во Дивата населба во Куманово, каде дел од терористите носеа униформи на УЧК, како и неодамна поставениот двоглав орел во спомен на борците на УЧК во Чаир од истите луѓе кои учествуваа во рушењето на темелите на Крстот, тогаш се поставува прашањето може ли МВР под раководство на Спасовски, во контекст на мигрантската криза и актуелните безбедносни прашања, насилен екстремизам и тероризам, да одговори соодветно на безбедносните ризици пред кои земјата е исправена.

Оваа беше само уште еден настан каде македонскиот народ и неговите светињи беа изложени на потсмев и скврнавење, уште еден чин каде не функционира правната држава кога со неа раководат челници на СДСМ и кога се во прашање интересите на македонскиот народ.

Се зборува дека не треба да се злоупотребуваат верските симболи за дневна политика, дека местото на минарињата и крстовите му е покрај џамиите и црквите, како и тоа дека не му е местото на Крстот сред крстосница.

Па зошто тогаш се вика раскрсница?  

Зарем не смее да се постави крст во општина каде најголем дел од населението е православно и каде во близина се наоѓаат најголемите православни гробишта во Скопје? Зошто на православците им се забранува своите верски симболи да ги постават таму каде што сметаат дека има потреба и каде легално им е дозволено, додека муслиманите можат да градат безправни објекти и никој не смее ни со прст да мрдне, нив да ги сруши, само за да не се наруши соживотот.

Петстотини години црквите и џамиите беа едни покрај други и тие го градеа соживотот меѓу муслиманите и православните христијани. На никој тоа не им сметаше, а верниците од двете страни ги помагаа без разлика на која вероисповед припаѓаат. Денес на некои од нив им смета еден Крст поставен на раскрсница, но ако се тргне од Дивата населба во Куманово, каде што има никнато џамија, на пат кон Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево и Охрид, можеме да видиме речиси на „секој чекор“ новоизградена или во градба џамија, некои и со две минариња, чија вредност честопати е поголема од една и повеќе милијарди евра. Постојат џамии и таму каде живеат едвај неколку Албанци  Дали тоа значи дека муслиманите се дискриминирани или не?

Ако тоа е така тогаш сликата на новите џамии низ западна и севорозападна Македонија говорат нешто друго. Во последните дестина години се изградени околу 350 нови џамии, кои според архитектурата наликуваат на оние од Саудиска Арабија, а не од од нашите простори.

Самиот тој факт насочува дека дел од нив се спонзорирани од Саудиска Арабија, истата таа која не ги прима бегалците од Сирија и која, според многумина аналитичари, го поддржува радикалниот ислам.

Ако експертите велат дека со изградбата на џамии се маркираат териториите, тогаш однесувањето на домашните поранешни т.н. борци за човекови права, мигрантската криза, како и однесувањето на опозицијата предводена од СДСМ, носат големи безбедносни ризици по македонскиот народ. Затоа институциите и правната држава мора што поскоро да профункционираат, а неспособните кадри на СДСМ да заминат од позициите кои народот не им ги доверил пред да биде предоцна за македонскиот народ и држава.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.