Недела, 13 Март 2016   
ДЕНЕС Е ПРОЧКА: КОЈ ПРОШТЕВА ТОЈ ЉУБИ, А КОЈ ЉУБИ ТОЈ Е ОД БОГА И БОГ Е ВО НЕГО!

todorТодор Петров

ДЕНЕС Е ПРОЧКА: КОЈ ПРОШТЕВА ТОЈ ЉУБИ, А КОЈ ЉУБИ ТОЈ Е ОД БОГА И БОГ Е ВО НЕГО!

Ако сме си згрешиле простено да ни е од нас и од Бога.

Прочка секогаш е во недела. Денот не го менува, но датумот да. Таа е подвижен празник. Прочка не се врзува со календарот, со конкретен датум, туку е врзана со Велигден. Кога ќе се празнува Прочка зависи од тоа кога се празнува Велигден. И Велигден и Прочка се секогаш во недела. Седмата недела по Прочка е Велигден.

Прочка е претпочеток на Велигденскиот пост. Црквата го поставила како силен потсетник на духовниот карактер на постот. Постењето треба да започне со проштевањето и со покајанието, инаку значи дека не ни започнало, или започнало само формално.

Без каење и проштевање, се губи суштината на личносните односи на луѓето кон луѓето и на луѓето кон Бога. Преку тоа се искажува и се покажува љубовта кон Бога и кон луѓето. Откако ќе прости, човекот ќе има кротост, трпение, смирение и човекољубие низ добродетелноста на постот и молитвата.

На 13 Март е Велики Поклади, а од Понеделник почнуваат долгите велигденски пости.

Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните. Притоа секогаш помалиот бара прошка од постариот, децата од родителите, крштеникот од кумот, а си простуваат и пријателите. Откако три пати ќе се поклони помладиот му вели на постариот: "Прости ми!”, на што другиот одговара: "Простено ти е и од мене и од Господа."

Велигденскиот пост е најстрог и најдолг. Трае од Прочка до Велигден. Тука се 40 дена од Чист понеделник до Лазарева сабота и уште страстната недела од Цветници до Велигден, вкупно 48 дена. Постот не значи само откажување од мрсна и обилна храна и алкохол, туку постење со мислите, воздржување од лошо, правење милостиња.

Според народните верувања, се вели, дека на денот Прочка почнете со нештата одново, свртете го погледот кон иднината заборавете го злото, запомнете го доброто, заборавете на сите недоразбирања и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.