|
|
СВЕТСКИОТ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС Е АНТИ-НАЦИСТИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА |
СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС
12 март 2016 година, Скопје, Македонија - Светскиот Македонски Конгрес (СМК) ги отфрла сите обвинувања за било каква врска со нацизмот и нацистичката идеологија. Македонија и Македонците беа жртви на наци-фашизмот во Втората Светска Војна и водеа анти-фашистичка и национално-ослободителна војна за ослободување и обединување на Македонија и на Македонскиот народ во целина. Анти-нацизмот е позната пракса на СМК и во Еврејската заедница во Македонија, Фондот на Холокаустот и во Светскиот Еврејски Конгрес со кои соработува. СМК досега јавно ги осудувал сите и најмали графитни појави на нацизам и фашизам во Македонија. Обвинувањата на медијаторот Ван Хојте против претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров за нацизам, СМК ги отфрла како беспредметни и неосновани, тоа се опсервации на луѓе кои немаат врска со Македонија и со Македонците! - Денес добив пристап до мобилен, и покрај здравствената состојба која се подобрува, после операцијата на срце на 9 март 2016 година, му благодарам на Господа за животот, должам одговор пред јавноста, за обвинувањата на забеганиот Ван Хојте за неонацистичката идеологија на моја адреса, поради симболот на мегафонот при моето обраќање на мирниот протест пред МВР на 5 март 2016 година во 13.00 часот. Моето обраќање е најдобар демант на обвинувањата на Ван Хојте. Мегафонот не беше мој, ми беше поддаден од луѓе до мене кои не ги ни познавам, за да ја чујат мојата изјава медиумите пред МВР. Сето останато се конструкции и инсинуации. Тие што добро го познаваат Тодор Петров знаат дека немам никаква врска со нацистичката идеологија. Верувам дека ни тој што ми го подал мегафонот за гласност на изјавата пред медиумите имал претстава дека на него се наоѓа таков симбол за кој и јас првпат слушнав после реакциите во дел од медиумите. Искрено им се извинувам на сите чии чувства биле повредени поради овој немил и ненамерен инцидент, како што и јас сум згрозен откако дознав, - изјави претседателот на СМК Тодор Петров. СМК ја информира јавноста дека Тодор Петров како независен пратеник уште во 1991 година заедно со академик Иван Дејанов е основач на првото Македонско-Израелско друштво на пријателство и соработка. Истовремено, СМК упатува јавно прашање до медијаторот Ван Хојте: Каде беше Ван Хојте да изрази запрепастување од физичкиот напад врз претседателот на СМК, за јавно искажан став и верско чувство, осудувајќи го насилството, агресијата и теророт од ДУИ?! Или нему таквиот развој на демократијата во Македонија му одговара? СМК уште еднаш јавно прашува: Дали идеологијата на Ван Хојте е нацистичка, затоа што во земја за чијашто иднина арбитрираше, на својот ФБ профил тврдеше дека Македонија е грчка сопственост и поставуваше најпогрдни фотографии од Скопје?! Ван Хојте нека биде запрепастен за масакрите кои неговата земја ги изврши во Африка. И никогаш нека не заборави, дека Македонците не се нацистичка нација, Македонија не е нацистичка држава, Македонија и Македонскиот народ и во Втората Светска Војна беа во Анти-фашистичката коалиција, Македонците заедно со Албанците, Бугарите, Грците и Србите се бореа за ослободување на Албанија, Бугарија, Грција и Србија, и се вградија во темелите на нивната државност, поради што им следат права и слободи како еднакви со еднаквите и рамноправни со рамноправните! СМК е запрепастен зошто Македонската Влада се уште не го прогласува нацистот Ван Хојте за "персона нон грата" во Македонија?! |