Среда, 16 Март 2016   
СДСМ и СОРОС против институциите во Република Македонија

kostadin-kerpicoski
Костадин Керпичоски

И токму така како што прочитавте во насловот креирана од некој странец (странски чадор) треби да се изврши од опозициската СДСМ, а пак финансиер е вечниот уживач на пари и богатство наводната невладина организација СОРОС.

И зад едните и зад другите се кријат многу тајни, различни сценарија, а целта е таа коа им е иста и ги спојува во едно,а тоа е разнебитување на македонскиот народ и уништување на македонската држава.

И замислете факториве на официјална пресконференција случајно даваат исти изјави повикуваат на немир, демонстрации, рушење на државни институции, закрвавување меѓу народот и се тоа свесно само и само за остварување на крајната цел всушност уништување на македонската држава.

Каков парадокс е да живееш во државата, а да цицаш како комарец од истата,а од другата страна со едномрачно сценарио да и го копаш гробот на истата таа држава.

Година дена одкако сме заложници на една политичка партија и година дена како таа политичка партија е заложник на нечии странец и во овој период додека сите ние свативме за што станува збор единствено СДСМ неможе да разбере дека таа е пиун во оваа шаховска игра.

Ако логички размислувате ќе дојдете до заклучок дека единствената цел на опозициската партија е појава на граѓанска војна,а со тоа бегање од избори и спасување од 10-ти по ред пораз  всушност  доаѓање на власт без избори со формирање на голема коалициона влада во која ќе учествуваат сите политички партии и ќе ја спауваат државата.

Истото сценарио од 2001-та година!

Оваа политичка структура вештачки ја креира и наметна политичката криза за да сега не спасува од истата и во очите на македонскиот народ излезе голем херој.

За наша среќа или голема несреќа во минатото ние имавме едно вакво лошо искуство па сега подпрени на искуството никако не дозволуваме како македонски народ да ни се случи реприза на истото сценарио,а пак тоа прави револт, омраза и лутина кај опозициската партија.

Сигурен сум дека ова е последниот обид на овааа политичка партија за доаѓање на власт без ибори, но исто така сум сигурен дека и овој како и предходните ќе биде неуспешен.

За тоа дека после сите овие случувања казната од македонскиот народ ќе стигне сум сигурен и кога тогаш вервајте дека народот ќе им пресуди без разлика кога и да има изборен процес во нашата држава.

Што се однесува за божјата казна таа секогаш и секого го стигнува иако некогаш знае да задоцни и да им даде лажна надеж на глумците.

Во дамнешно време поимите политика и политичар во превод за обичниот граѓанин значеа лага, манипулација и деструкција.Денес одкако ВРМО-ДПМНЕ  е на власт веќе 10 години овие два поими имаат сосема поинакво значење и се создаде едно ниво на работа на политичката власт во државава така што веќе никој нема да може да биде на власт, а да не работи во корист на народот а не да служи на себеси и да дојде на власт без фер слободни легитимни и демократски избори во изборен процес кој ќе биде набљудуван од набљудувачи и од надвор и од внатре.

На кратко да резимираме сакам да ви кажам дека " без мотика нема леб", на македонскиот народ им е смачено од политички игри и дека многу тешко ќе го уништите и продадете ова свето парче земја бидејќи тука живеат луѓе задоени како патриоти од самото свое раѓање воспитување во духот на слободата и ги ценат и почитуваат духовните а не материјалните вредности.

Едни ги чека гоема победа, други пак голем историски пораз кој со години и поколенија ќе се раскажува, прераскажува и ќе им се провлекува на актуелните опозиционери.

Сме постоеле и ќе постоиме.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.