Среда, 16 Март 2016   
Драган Богдановски доколку денес би бил жив, би се гордеел со Никола Груевски и со ВМРО-ДПМНЕ

mane-j
Мане Јаковлески

(…Човекот е во таква темнина и заблуда што не е ни свесен дека пука по своите, и дека непријателот е од другата страна… Кога ќе ги убие ближните, ќе сфати дека самиот се убил.)

Во минатото се боревме за самостојна Македонија, денес за жал се бориме против нашите домашни предавници, господе дај им памет.

Да се коментира дека ништо не е сработено последниве десетина години во Македонија, треба или да си слеп или глуп, или за инат.

Од 17 јуни 1990 година кога ја формиравме ВМРО-ДПМНЕ, па се` до денес, како што велеше мојот покоен пријател Јонче Христовски, многу матни води поминаа низ Вардар. Во овој период, партијата мина низ многу искушенија, падови и подеми. Сепак и покрај сите предизвици, основната визија на основачите на партијата е исполнета.

Произлезена од народот, таа стана една од најголемите и најмоќни партии во Македонија, партија која го обединува народот, но и партија која ги чува интересите на македонскиот народ и држава. Истовремено како партија на власт таа стана главен промотор на економскиот развој на земјата и во услови на светска економска криза успеа драстично да ја намали невработеноста.

Возобновена од народот, како Демократска Партија за Македонско Национално Единство, во чие име останаа да светат и четирите историски букви на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација, од своето формирање до денес одлучно застана во одбрана на националните интереси на македонскиот народ и држава, а по 2006 година како партија на власт, со спроведените реформи и со својата економска политика, дури и во услови на светска економска криза, стана главен двигател на економскиот развој на земјата. Не е ни најмалку случајно што ВМРО-ДПМНЕ како партија од 2006 година до денес убедливо ја добива довербата на македонскиот народ на претседателските, локалните и редовните и вонредните парламентари избори.

Македонскиот народ во неа препозна партија која произлегла од народот, партија која ги препознава нивните потреби и идеи и бара решение за нив. Македонскиот народ во неа гледа модерна партија која гледа не само во минатото туку и во иднината, партија која е ослободена од багажот на Белград, Софија и Атина, партија која како таква е вистински чувар на македонските национални интереси.

Следејќи го идеалот на ВМРО, изграден врз вековните желби на македонскиот народ за слободна и независна македонска држава, идеал кој мотивира, поттикнува, опоменува и сведочи за бројните Македонци кои ги вложија своите животи за исполнување на оваа цел, следејќи го патот кој го трасираа многу генерации меѓу кои и основачите на ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот идеолог Драган Богдановски, партијата по серијата подеми и падови од своето формирање, од 2003 до 2006 година изврши сериозни реформи, наместа и болни, само за да стане модерна партија способна да се соочи со сите предизвици.

По доаѓањето на Никола Груевски за претседател на ВМРО-ДПМНЕ во 2003 година, донесе свежина и надеж за опстанокот на партијата. Неговата упорна работа и на неговиот тим, бескомпромисното спроведување на реформите, некогаш пропратена со болни резови, набргу ја врати довербата кај членството, кое во тој клучен момент за партијата, имаше осет да го препознае вистинскиот лидер кој може да ја извлече партијата во која западна по губењето на изборите во 2002 година.

Промените и транзицијата низ кои помина тогаш партијата беа тешки и болни, но тоа ја врати силата на партијата.

Длабоката кадровска реформа, новите лица со свежи идеи, новата програма базирана на потребите на граѓаните и` дадоа лик на модерна партија, полна со енергија способна да се справи со сите предизвици. Потпирајќи се на искуството на возрасните и задржувајќи ги основните идеали, младите кадри полни со ентузијазам и амбиција, ги освоија симпатиите и довербата на граѓаните. Упорната работа на оваа млада гарнитура модерни политичари, дадоа резултати веќе во 2006 година, кога заедно со своите коалициони партнери извојува победа на парламентарните избори.

Секоја генерација ја бие својата битка, а денешната ја бие битката за економски просперитет и битката за зачувување на името и идентитетот.

Добро е кога некој нешто критикува и кога за тоа отворено зборува во јавноста. Тоа е знак дека во земјата постои демократија и дека има слобода на говорот на медиумите. Но, чудно е што истите тие, кои слободно критикуваат преку медиумите, исто така критикуваат дека нема слободни медиуми во земјата.

Меѓутоа, овие критичари забораваат дека истакнувањето на античката посебност на Македонците не започнала од вчера од Никола Груевски или од ВМРО-ДПМНЕ, туку неа ја среќаваме во историските документи. Речиси во сите апели испратени до големите сили во моментите кога се решавала судбината на македонскиот народ, во сите говори на македонските револуционерни дејци, била истакнувана античката посебност на македонскиот народ и правото на сопствена држава. Ова потенцирање на античката посебност особено се засилува пред и по осамостојувањето на земјата.

Не случајно на првото знаме по осамостојувањето се наоѓа шеснаесеткракото сонце.

За да земјата стане здрава и модерна држава, резистентна на политиките на соседите кои го оспоруваат македонскиот народ и правото на сопствена држава, Македонија треба да има здрава економија, образован кадар, здрав и згрижен народ, како и историја изградена на цврсти докази кои не може никој да ги оспори.

Оттука, произлегуваат проектите „Скопје 2014“, отварање и реновирање на училишта и нивна компјутеризација, отварање на универзитети, осовременување на здравството и градење на социјални станови, изградба на стотици спортски објекти, создавање на амбиент за инвестирање во земјата, градење на пруги и сообраќајници, субвенции во земојоделството, зголемување на пензиите, Проектот купи куќа, купи стан, проектот куќа за млади, како и други проекти кои се од витално значење за македонскиот народ и држава.

Во минатото е изгубено многу време, време кое денес треба да се надомести. Потребно е во секое катче од македонската територија да се посее семето од чиј плод подоцна ќе жнее македонскиот народ. Само така и со неуморна работа може да се изгради држава со која секој Македонец ќе се гордее.

Сепак, позитивните оценки за политиката на Владата на Република Македонија, како и големата поддршка која македонскиот народ му ја дава на ВМРО-ДПМНЕ, укажува дека премиерот Никола Грувески и неговиот тим се наоѓаат на вистинскиот пат. Затоа тој мора да издржи и да продолжи по зацртаната траса со исто темпо и со ист ентузијазам и амбиција како и досега.

Македонскиот народ го очекува тоа од премиерот Груевски и тој мора да даде се` од себе, Македонија да се изгради како држава со која ќе се гордее секој Македонец во Македонија, деловите на Македонија во соседството и на крај сите Македонци во дијаспората. Меѓутоа во трката да се надомести загубеното време, може и да се погреши, всушност, само оној кој работи може и да згреши.

Таква поддршка даваат (со исклучок на некои самонаречени слободоумни) најголем дел на ветераните и основачите на ВМРО-ДПМНЕ и 500.000 гласачи кои ја дадоа нивната поддршка на последните парламентарни избори, а нејзиниот идеолог Драган Богдановски, на кој многу од нас се повикуваме, доколку би бил жив, денес би се гордеел со сето она што досега го има постигнато владата на ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Никола Груевски.

Да не ја заборавиме идеологијата на четирите букви!

ВМРО-ДПМНЕ и Македонија вечни!

АМИН!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.