Среда, 16 Март 2016   
Македонскиот народ ќе знае да ја брани својата земја

svekrva-ta
Свекрва

Во 1999 година за време на Косовската криза Македонија згрижи 360.000 бегалци од Косово. Во земјата беа отворени бегалски кампови, во кои доаѓаа актуелните светски и европски лидери, високи преставници на меѓународни организации, познати глумци кои се сликаа со бегалците и др.. Иако хуманитарните организации добија огромни средства, сепак најголемиот цех за згрижувањето на бегалците го плати македонскиот народ.

Македонскиот народ тогаш ја покажа својата хуманост на дело. Но, и покрај сите напори, Македонија тогаш беше обвинета дека не им ги овозможила сите потреби услови на бегалците, дека тие немале тениски игралишта. Тогашниот заменик министер на македонската влада Борис Трајковски, иритиран од однесувањето на меѓународната заедница на прес конференција даде храбра изјава во која им порача на европските лидери: Ако толку се грижите за бегалците, испратете авиони на скопскиот аеродром и однесете ги во вашите земји“.

По влегувањето на силите на КФОР на Косово на 12 јуни 1999 година, најголемиот дел од бегалците се вратија во своите домови, но десет години потоа сеуште во Македонија останаа бегалци кои не се чуствуваа сигурни да се вратат на Косово. Некои од нив се обидуваа да заминат во западните земји, но безуспешно. Дури имаше случаи кога семејство од Косово чии деца им биле родени во една западна земја, не им беше даден азил.

Шеснаесет години потоа, Македонија уште еднаш е изложена на бегалска криза. Согледувајќи дека Источната криза нема бргу да се реши и дека бројот на бегалци и мигранти чија траса минува низ земјата постојано ќе расте, Македонија уште во месец август 2015 г. прогласи кризна состојба на јужната и северната граница и презеде мерки за најзино справување. Имајќи ја во предвид хуманата компонента, потоа безбедноста на земјата, но и на Европа, зошто бегалскиот бран со себе носеше и прилив на борци на исламската држава, кои се закана за мирот и стабилноста на Европа, Македонија побара поддршка од ЕУ. Иако повеќе пати ветуваше, Македонија до ден денес ништо не доби од ЕУ, со што уште еднаш се покажа на дело европското лицемерие.  

Ваквиот однос Македонија го виде за време на Косовската криза, но и за сите овие 25 години од незвисноста на земјата, време во кое дури не се испочитува ни пресудата на Меѓународниот суд во Хаг. Двојните стандарди на Европската унија кога се во прашање Македонија и Грција одамна се видени.

Во услови кога земјата се наоѓа во политичка криза и кога на север од Австрија до Србија се затвараат граници на балканската траса, а Грција која е земја членка на ЕУ и НАТО, неконтролирано ги насочува бегалците кон Македонија, пасивниот однос на ЕУ кон проблемот со бегалците ќе го предизвика претседателот на државата Ѓорѓи Иванов кој во интервју за германскиот весник „Билд“ остро ќе ги критикува Брисел и Берлин за обвинувања кон Македонија за проблемите кои настануваат од мигрантската криза.

Но, не е само претседателот Иванов кој го критикува односот на Берлин кон овој проблем. Тоа го направи и словенечкиот премиер Миро Церер кој ја критикуваше Германија за неконзистентно однесување во однос на бегалската криза. Според него Берлин еднаш јавно ветува дека границите ќе останат отворени, а движењето беше лимитирано. Тој потсети дека затворањето на границата кај Македонија не е унилатерална одлука на македонските власти, туку дел од договорот на земјите од балканскиот коридор. „Македонија ги координира активностите со другите земји од балканскиот коридор Австрија, Словенија, Хрватска и Србија. Овој договор беше круцијален во насока на избегнување на сериозна хуманитарна криза во Западен Балкан и можен конфликт во регионот“.

Остриот тон со кој ќе се обрати претседателот Иванов до Брисел и Берлин за многумина ќе биде изненадување. Според нив тоа е чин кој може да и наштети на односите на Македонија со Берлин, особено во напорите Македонија да стане член на НАТО и ЕУ. Меѓутоа, состојбата е драматична, суверенитетот на земјата е доведен во прашање, а Македонија  повторно е оставена на цедило иако ја брани Европа од европска земја која неодговорно се однесува.

Тоа го покажуваат и последните настани, кога и покрај одлуката која ја донесоа балканските земји за затворање на границата, неколку стотини бегалци и мигранти кои беа заглавени во Сехово (Идомени), во текот на денот преминаа по илегални патишта на македонска страна кај гевгелиското село Моине. Предводени од „хуманитарци“ и придружувани од страни новинари, мигрантите иако наишле на грчки полицајци, воопшто не биле спречени илегално да ја преминат границата. Но, биле пресретнати од македонските безбедносни сили и оневозможени да продолжат да се движат низ Македонија.

Меѓутоа, истото утро, група од триесетина мигранти се обиделе како претходница да ја преминат реката при што три лица се удавиле, а другите биле спасени од македонските безбедносни сили. Изворите укажуваат дека бегалците се насочувани и кординирани од грчки “хуманитарци “ кои им делат алат за сечење на жичани огради, што значи дека се работи организирано нарушење на суверенитетот на соседот.

Случајно или не и „хуманитарците“ во Македонија се активни. Ако се има во предвид дека и СДСМ најавува приклучување на протестите пред Уставниот суд кој ги организираат граѓански организации финасирани од СОРОС, Холандската амбасада и други, при што се повикува и на палење на судот, тогаш постои оправддано стравување за поврзаноста на настаните и судбината на земјата.

Не е ни малку случајно што претседателот Иванов реагира остро. Тоа е опомена за Европа која ги напушти принципите на кои е создадена, но, дава на знаење дека во услови кога во земјата има инсталирано нефункционална влада,  македонскиот народ нема да дозволи да биде на менито, туку ќе знае да ја брани својата земја.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.