|
|
Македонец амбасадор на Албанија во Унгарија |
По предлог на Владата, претседателот на Република Албанија Бујар Нишани, за нов вонреден и ополномоштен амбасадор во Република Унгарија го назначи Ариан Спасе, допломат од кариера, етнички Македонец од познато интелектуално семејство. Ариан Спасе е внук на писателот Стерјо Спасе, еден од најзначајните претставници на современата албанска литература и еден од најуспешните писатели од македонско потекло во Република Албанија. По потекло е од Глобочани, општина Пустец. Новиот албански амбасадор во Унгарија, Ариан Спасе, бил дел од албанските дипломатски претстваништва во многу држави,меѓу кои и во албанската амбасада во Вашингтон,САД. ЛОКАЛНО.мк |