|
|
СДСМ против ВМРО-ДПМНЕ |
Тоа се двете најголеми политички партии кои војувале и ќе војуваат на политичката сцена во нашата држава, но едниот војува со зборови, а освојува со дела, а другите пак војуваат во вистинска смисла на зборот. На кратко во последниот период СДСМ е политичка партија која што си отвори фабрика за лаги и манипулации и се занимава исклучиво со лаги, манипулации, малверзации и создавање и наметнување на политичка криза се со цел уназадување и уништување на Македонската држава. Толку за СДСМ, не би сакал да им обрнувам повеќе внимание на нив а и не ни заслужуваат повеќе! ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која што на девет изборни фер и демократски циклуси ја добива довербата од македонскиот народ. Таа е таа политичка партија која што ја бара довербата од народот врз основа на предходно направена програма на анализа и план за работа во иднина, а на крајот од мандатот како што е ред дава отчет за сработеното и сите ветени и неветени реализирани проекти . Разликата е во тоа што оваа партија се занимава со подобрување на животот на поединците и подобрување на состојбата на нашата држава. Разликата е во 3500 проекти реализирни до сега и уште дупло повеќе планирани во иднина само и само за македонските граѓани. Разликата е видлива од авион. Да не брзаме и да кажеме што е клучно што оваа политичка партија го направи во изминатиот период нешто што беше документирано во нејзиниот отчет кој го даде пред граѓаните на Р.М. 1 .Македонија е земја со најниски даноци во светот. 2. Во државава се отворени 150 000 нови работни места. 3. Невработеноста е намалена и сега е на рекордно ниско ниво. 4. Македонија е 6-та во Европа и 12-та во Светот по добри услови и поволна клима за отпочнување на сопствен бизнис. 5. Нешто што е спротивно за луѓе економисти е тоа што државниот буџет од година во година континуирано се зголемува, а даноците континуирано се намалуваат. 6. Враќање на работа и рестартирање на голем број пропаднати фирми од времето кога СДСМ беше апсолутна власт во државава. 7. Промоција и реализација на голем број мерки за младите луѓе. 8. Огромни и значајни инфраструктурни зафати на секој чекор и во секој предел во нашата држава. 9 .Огромен напредок и помош насочена кон луѓето на кои основа за егзистенција им е земјоделието и сточарството. И сега ова се успесите на оваа политичка власт на кој можам да се сетам во моментов, а нема ниту време ниту место ниту пак е логично сега да набројувам кој се проетки се ветени и реализирани кој се во фаза на реализација а кој пак воопшто не биле ветени во програмата на оваа политичка партија а се реализирани по барање на граѓаните. Кажете ми вие мене дали се сеќавате некоја друга политичка опција во државава да владеела вака и на ваков начин да се придржувала стриктно кон ветеното, тоа што е ветено мора да биде остварено и лидер кој што може да одстапи од ветеното само и само во корист на нашата држава на обичниот граѓанин. Ајде кажете ми дали се сеќавате на времето на владеење на СДСМ, на нивните дела или НЕ дела и дали тие некогаш за време на своето владеење се придржувале кон планот и програмата за работа или пак дале отчет за сработеното?! Значи нема тука потреба да се објаснува, појаснува и докажува бидејќи разликата е видлива, огромна е а и богами огромни се тие 500 000 гласачи или приближно 200 000 македонски гласови повеќе за оваа политичка партија. Да резимираме, на едната страна ветени и реализирани илјадници проетки, а на другата страна ниту план ниту програма ниту реализација на некаков проект ниту пак историјата памети за некакво позитивно дело од страна на СДСМ. Токму затоа што ВМРО-ДПМНЕ воведе еден висок критериум на работа секој кој е или ќе дојде на власт ќе мора да ги следи истите тие критериуми, да работи со уште посилно и позабрзано темпо, а тоа пак на крај оди во корист и полза на македонската држава и македонскиот народ. Мојата политичка определба е јасна и чиста како солза јас сум горд на минатото ама и сигурен во иднината на мојата политичка партија. Токму затоа топло ви препорачувам дека на власт во оваа држава се доаѓа само и само со многу работа, а не со деструкција, лаги, манипулации и малверзации. На власт без избори не се доаѓа.
|