|
|
КОЛУМНА КОСТАДИН КЕРПИЧОВСКИ: ВМРО е код на секој Македонец! |
Внатрешна Македонска Револуционерна Организација – Демократска Партија за Македонско Национално Единство или скратено ВМРО-ДПМНЕ — најголемата политичка партија во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ е народна , демохристијанска партија. Вмро е код врежан во секој македонец од неговото раѓање. Од војводи до обични граѓани нема критериум кој треба да се исполнува за да се биде член во ВМРО-ДПМНЕ, секој кој сака да и помогне на Република Македонија е добредојден! На партискиот Конгрес во Охрид во Мај 2003 година за претседател на партијата е избран м-р Никола Груевски. Во 2006 година коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ победи на парламентарните избори во 2006 година и партијата формира Влада на чело со Никола Груевски. Од 2006 година до денес 2016 година, партијата ВМРО-ДПМНЕ редовно на сите изборни циклуси, континуирано ја добива поддршката на граѓаните. И тоа не е случајност, народот знае да препознае кога некој се грижи за него, создава подобри услови за живот и вложува во нашата Македонија. Илјадници нови проекти, вработувања, градби и реконструкции, инвестиции и грижа за својот народ го одбележуваат владеењето на оваа влада на чело со Никола Груевски! Убеден сум дека и во иднина ќе продолжи истиот позитивен тренд. Тоа го ветува оваа влада! тоа го ветува човек од збор! Мене лично ми е задоволство да дадам поддршка на владеачката партија бидеќи Македонија напредува и се модернизира а јас пак планирам да го продолжам својот живот тука во мојата татковина и никаде на друго место! Сите ние да ја поддржиме оваа политика на владеачката партија за подобро утре! ДА ЖИВЕЕ ВМРО-ДПМНЕ! ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
|