Среда, 30 Март 2016   
Демарш до Атина, Еу и ООН за грубо попречување на влезот на Македонци во Грција!

todor-petrov-3

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

29 март 2016 година, Солун, Грција

- Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро протестира против Владата во Атина, која континуирано и грубо го попречува слободното движење на Македонци во Грција со алиби “опасни по националната безбедност“. На тој начин Грција ги прекршува членовите 8, 9 и 10 од Привремената согласност меѓу Македонија и Грција од 13 сепември 1995 година затоа што наметнува пречки во движењето на Македонците помеѓу териториите на двете држави или низ териториите на двете држави од територијата на Македонија.

СМК смета дека на тој начин Атина врши грубо кршење на принципите на демократијата, основните слободи, почитувањето на човековите права и достоинство и владеењето на правото во согласност со Повелбата на Обединетите Нации, Универзалната декларација за човековите права, Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи, Меѓународната конвенција за елиминација на сите форми на расна дискриминација, Конвенцијата за правата на децата, Финалниот хелсиншки документ, Документот од копенхагенската средба на Конференцијата за човековата димензија на Конференцијата за безбедност и соработка во Европа и Париската повелба за нова Европа.

СМК оценува дека Атина го нарушува разбирањето и добрососедството помеѓу македонскиот и грчкиот народ и ги обесхрабрува средбите помеѓу македонските и грчките државјани што е спротивно на меѓународното право и обичаи.

СМК потсетува дека Атина го оневозможува влезот на сите Македонци кои ги третираат човековите права и слободи од Македонија и од сите држави каде што Македонците живеат независно од нивното државјанство!

Истовремено, СМК укажува дека Атина го оневозможува влезот на културно-уметнички друштва и естрадни уметници од Македонија и нивното учество на културни и други јавни манифестации и програми во Грција.

СМК апелира до Министерството за надворешни работи, Владата и Претседателот на Република Македонија да преземат соодветни реципроцитетни мерки пред Владата во Атина, Европската Унија и Обединетите Нации за заштита на правата на Македонците кои грчките власти ги попречуваат за влез во Грција со банално образложение “опасни по националната безбедност“, како грубо кршење на Привремената македонско-грчка согласност од 13 септември 1995 година.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.