Среда, 30 Март 2016   
ВО НИКОЛА Е ВИ(СТИ)НАТА

Petar Krivchevski
Петре Кривчевски

Една груба, можеби и не соодветна но и многу веродостојна компарација би сакал да посочам за думата да ви ја доловам. Имено, барем јас така гледам, тоа што за Париз е Алфеловата, за Британија кралицата, за Кина ѕидот, за Јапонија трудот за ВМРО е Никола. И... да не редам компарации понатаму туку да ви откријам тоа што сите го знаат, мнозина го признаваат но и не малцина вака, јавно, го изнесуваат. Едноставно овој тврд човек кој ни понуди јасен пат напред со чиста мисла што и како сака но и силно водство со кое умее да го оствари сето тоа, со својот висок рејтинг и народот зад себе им е трн во око на големите „браќа“ по (нечиста) крв и ти, сега, уште сакаш да им го пикаш в очи. Тоа е тоа,  вака или онака но веќе една цела деценија во оваа мала земја сепак! се знае кој е газда а кој кираџија. Или, барем се прави динстикција.

Навистина, што треба да се случи па да сфатиме и прифатиме дека само вазалите се мили чеда на старата блудница и фадерот на сите терористи од преку барата? А не некој што не витка кичма, бара на референдум да одлучи народ, економски се воздигнува, со своја глава размислува и по свој пат тера. Тука е, таа е маката, совршено проста е работата. Еве, жими Либија ако не ми верувате. Но таа ни од далеку не е само сама и не е само Африка. За жал ги има страдалници ширум белиов Свет кој заними е и повеќе од црн. Посебно ако имаат ресурси: нафта, злато, дијаманти, ураниум... или пак стратегиски им се важни на САД или СЕД, сеедно.

Но, да нема забуни! Не дека Никола не мати ништо живо. Не! Та ова е Македонија а не Кина или Русија, ама и не витка кичма и бацува рака за тапшање по рамена и врзување лаги со опашки од видот... етнички територијални поделби или, пак, акреп референци од два-три месеци кои остануваат неоткорнати и после две-три децении. Сепак, за да биде до крај разбран и сфатен овој човек, неминовно е да се следи и разбере колку силно и искрено сака и е подготвен да доведе до реформи, да им помогне на луѓето да се променат храбро соочуваќи се со предизвиците и хегемониите одоколу но и од (по)далеку.

Знаеме, историјата говори дека многу Давиди им пркоселе па и се спасиле од наездите на многу Голијати. Проверено! Токму оттаму овој народен „слуга“ ја црпи поддршката, силата и енергијата ставајќи ја во прв план економијата. И, знаете веќе, со сет мерки, меѓу кои најниски даноци на Планетава, создава еден економско-бизнис амбиент кој доведува до тоа да во време на две глобални последователни кризи не само што, просто кажано, останува на нозе туку и остварува резултати на кои тешко кој може да не му позавиди. Задржување на сите вработени, зголемување на плати, пензии, градежна експанзија.

Но, кога сме веќе кај би(о)лката за опозицијата сакаме да истакнеме уште две работи. Првата е таа дека со ваква опозиција отспротива и искуството во политиката позади себе, веќе и натдецениско, овој човек во најплодните години од својот живот може само подобар да биде. Опкружен со екипа - се експерт до експерт дружина, светски а наши дипломци кои исто така се во најдобри години, плус и реални и проверени политики со конкретни резултати, сите сопки и предизвици успешно може да ги пречека и надмине. Несомнено! Или, метафорички кажано, Никола за „меѓународната“ (плус формалната опозиција) иако не им е по волтите е како орев. Колку повеќе се обидуваат да го скршат толку повеќе забите им ги рони.

И, друго. Со своите храбри и вистински потези на еден патриот ем сите остварени економски чуда во 24/7 временска димензија, Никола ја подигна и постави толку високо летвичката да веќе симнување нема. Тоа можеби е и неговиот најголем придонес. Стилот и опсегот на работа. Та сега, било кој да сака да го замени и наследи ќе мора со таа вистина да се соочи. Работа, пот и крв! Ако не – гитла. Нема – прв! Овој народ после сите  транзициски Бранко-Љубчо мршојадци се идентификува со оваа персона, поточно со неговиот стил на работа и од тоа, велам, бегање нема. Еве, хипотетички, на било кој начин (измами, пресии, пропаганди...) да биде сменет, било кој и да го наследи едно мора да знае: или ќе е поарен од него (а што, ќе признаете, не е нималку едноставно) или пак, под ударите на реалноста, како и секое чудо ќе потрае два-три дена. Нека се и месеци, сеедно, многу не менува.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.