|
|
Ние не сме нација без корен, ние имаме МАКЕДОНСКА Библиска душа |
Клаудија Лутовска Со милениуми не дуваат диви ветришта од сите страни, ние сме Балканскиот омилен Плен. Како трн што им боде очи. Се прашувам треба ли да се навраќам наназад за да се повторуваме по којзнае кој пат што се ја исцрпи оваа наша МАКЕДОНИЈА? „Два орли се биат горе на небето“.. Песната од Костурско за која се убивани на сред Велигден жени и деца кои ја пеат.
„та не сме саде ние, та не сме саде тука“ клокоти по планетата. Ова е време на Македонизмот, на прибирање на една чесна и цврста нација, една од најстарите нации во светот. Библиска нација! Се прашуваме сите, добро, знае ли некој што ни се случува? „Народе Македонски со какви идеи си ти?... грев голем е за тебе сам да се незнаеш“ Ни се случува она што дозволуваме да ни се случува. И не само сега. Ќе се запрашаме зошто? Не е ли очигледно дека ни се прачи семејството, ни се парчат ставовите, ни се поматуваат мислите, и на крај, има многу мина од нас кои забораваат дека имаат по еден живот, ама оставаат синови после себе кои го носат нивниот печат. Та нели сме Библиска нација, нели секој Македонец е даден од Бога да ја исполни должноста која му е доверена, да даде се од себе и во еден човечки живот да придонесе за своите, за ближниот, за земјата во која се родил, за нацијата во која е даден, за верата во која е подарен? Секогаш кога некој „туѓинец“ ни ја кроеше капата ни ја скрои по својата глава а, нам не оставаа гологлави! Не се повторува ли пак истата приказна, сега пак „сеирџии“ да ни кројат капа, како овој новиов, со „мачките“? Па нели цело време дозволуваме некој да ни „сее“ ум, па и манџата ни ја запржија со „проценти“? Си го трошиме животот зборувајки во празно, затаивме на најтешките животни испити, да се собереме, да се држиме заедно, да се сочуваме чесни, да ги сочуваме семејствата, да ја сочуваме нацијата, националната свест, државата, да се сочуваме самите себе, ние како МАКЕДОНЦИ! Личните интереси ќе ги биде, дури има луѓе на оваа планета, зошто Пандорината кутија се отвори и ги заслепи срцата на неуките по вера, а не по наука. Им се поматил разумот на многумина, но, тоа не е причина да се шири тоа како зараза меѓу нас. Ние не сме нација без корен, ние имаме МАКЕДОНСКА Библиска душа, ние имаме МАКЕДОНСКО моќно сонце и имаме голема Божја мисија: Мисија да се биде МАКЕДОНЕЦ !!! |