Среда, 06 Април 2016   
За македонскиот револуционер Лука Џеров (1870 – 1948)

luka-gerov
Лука Џеров со кичевската горска чета

Лука Џеров е македонски револуционер член  на Македонската револуционерна организација (МРО),кој со својата пожртвувана и посветена револуционерна дејност остава неизбришливи траги во македонската историја како храбар револуционер и целосно предан кон македонското ослободително дело. Тој е роден во Битола во октомври 1870 година. Родителите исто така му се родени во Манастир, но другите претци дедовците и бабите од родителите се преселени од Охрид во Битола. Основна дејност на неговите родители била шиењето на облека и др. Таткому беше шивачнаселски облеки – абаџија1, но и други одела кој се носе по последната европска мода.Неговото семејство ја поседуваше најугледната абаџилница2 во Битола. Во крајот на 19 и почетокот на 20 век оваа дејност беше доходовна работа што овозможи младиот Лука да учи во Битола и Солун.

Образование, учителствување и др. дејности

Основно училиште завршува во родниот град Битола. Во 1888 година родителите му овозможуваат образованието да го продолжи во Солун, во Солунската егзархиска гимназија од втори до пети клас. По завршувањето на гимназијата се враќа во Битола. Следните два години – 1889 и 1890 година во родниот град во француското училиште на лазаристите го учифранцускиот јазик. Тоа му овозможи да чита, да пишува и добро да зборувафранцуски.Во почетокот на 1892 година, заминува во Софија со желба да се запиши на военото училиште.

___________________________________________

1-     Абаџија - тур. шивач на селска облека од аба (груб шајак)

2-     Абаџилница - тур. работилница на абаџија или трговски дуќан

Но, неговите блиски го убедија да не учи воено училиште наводно, не е добро човек да стане офицер и да носи оружје.Лука беше под влијание на неговите другари, Климе Караѓулев, Поп Арсов и др. Тие беа студенти со идеи на социјалисти. Со своите другари го изготвува и издава списанието „Лоза”. Исто така, со Шахов го издавале „Глас македонски”. Подоцна е чиновник-писар во окружниот суд, дејност каја ја работел до 1895 година

Во учебната 1896-1897 година работи како  учител, во с. Цер - Демирхисар (Битолско). За учител го назначи Егзархијата по молба на Дамјан Груев. Во овој период од неговото учителствување тој имал чести средби со учителот од соседното село Горно Дивјаци -Крушевско, (Тодор Златков) кој бил помлад од него. Лука Џеров со својот авторитет ќе влијае на овој млад патриот и лично ќе го покрсти во редовите МРО. Следната 1898 година заминува за учител во Кичево и истовремено е секретар на новоназначениот владика, Козма. Во текот на учебните 1898-1899-1900 година инспектор е на селските училишта во целата епархија, ги обиколував кичевските и дебарските села. Во таа обиколка ја шири идејата за македонската кауза и покрстува нови членови на ТМОРО, главно меѓу учителите.

Револуционерна дејност

Учеќи воСолунската егзархиска гимназија се запознава со млади Македонци од сите краеви на Македонија од кои дознава за тешкиот живот на македонскиот народ под робство. Овие дружби и размена на мислења кај него уште повеќе го разбудуваат патриотскиот дух. Лука Џеров рано се вклучил во Македонската револуционерна организација и вршел одговорни функции.  Поточно, крајот на април 1891 година, во Битола „таткото“ (основачот)  на МРО Дамјан Груев ги презеде првите конкретни чекори за почнување на постојана револуционерна дејност во Македонија. Се сретнува со својот соученик од Солунската гимназија, Лука Џеров, и му ги изнесе своите идеи и одредени планови за тоа што треба да се направи во почеток. Така, Даме истомисленикот Лука ќе го поврзи со други млади битолски учители, а и со учители кои работеа по селата во Битолско. Груев избра неколку од нив и им закажа средба во куќата на Џеров.3 Во своите „Спомени“ што ги оставил во почетокот на 1905 година Даме Груев говори, покрај другото и за создавањето на Организацијата во 1983 година.4 За подготвувачкиот период (околу два месеци), во Битола, Груев си спомнува: „Преку летото, во Битола, се обидов да групирам неколку млади со револуционерна цел, односно почнав да ја осуштествувам идејата што ја имав во Софија. Првин меѓу 5-6 души“.5 На основачкиот состанок присуствуваа: „Дамјан Груев (с.Смилево Битола), Неделко Дамјанов ( од Битола, учител) Никола Дуртанчев ( учител од Битола ) Никола Кочов ( учител од Битола) иЛука Џеров (од Битола, беше свршил шести клас во Солунската гимназија).6

_______________________________________________________________________________

3-     ГРУЕВ-дисертација, Душан Хр.Константинов, Смилево-1984 г.-33

4-     Илинденски факел 1903-2003, Битола, јули 2003 г.-15

5-      ГРУЕВ-дисертација, Душан Хр.Константинов, Смилево-1984 г.-34

6-     ГРУЕВ-дисертација, Душан Хр.Константинов, Смилево-1984 г.-34

Исто, Илинденски факел 1903-2003, Битола, јули 2003 г.-15

И така, во една ноќ, во почетокот на месец јуни 1891 година, започна да дејствува првиот револуционерен кружок („револуционерна дружба“), основан од Груев во патриотска Битола, во самата Македонија.7

Според Лука Џеров комитетот се викал „Учителски сојуз“: Лука се секава на овие моменти од неговиот бурен револуционерен живот и истото го има наведено во неговите спомени. Поточно цитат од неговите спопмени: „Во 1891 година се здруживме со Д.Груев и почнавме да мислиме за комитет, дури основаавме комитет во Битола. Во него влегуваа одделенските учители од селата. Целта беше да се подготвува востание. Го нарековме комитет-„Учителски сојуз“. Неколку пати беа одржани седници. Се изготви  Правилник за проповедање по селата“.8

Лука Џеров во своите спомени исто така како и Даме се секава на консолидацијата на револуционесниот кружок: „Преку летото ја средивме дружбата и пристапивме кон изработка на Устав“.9Лука учителствувал во повеќе места низ Македонија. Во Демирхисарско во повеќе села формирал месни комитети на ТМОРО. Истото го правел и кога учителствувал во Кичевско, но бил откриен и затворен.

Борба со арнаутските угнетувачи на народот

Уште во 1897 годнна. во текот на летото, ја организира првата чета. Задолжен да раководи со оваа чета беше еден стар комита родум од село Јудово (Дуко Удовчанец),10поранешен член во четата на Русинот Калмиков. Во тоа време со одлука на комитетот од Кичево на ТМОРО со кој раководеше Лука Џеров беше одлучено да се егзекутира зулумчијата арнаутот Ремко од село Солб. Ова село беше арнаутско, населено со Арнаути доселени од Дебар и познати по тоа што во 1840 година се кренаа против султанот, поради што селото му беше уништено. Овој разбијник ги плачкаше селата од Демир Хисар и Кичево. Егзекуцијата беше извршена во близина на селото Малкоец-Кичевско. По овој настан следуваше претрес по околните села, имаше затворање, измачување на селани, но не се откри кој го изврши убиството.

7-     ГРУЕВ-дисертација, Душан Хр.Константинов, Смилево-1984 г.-34 ГРУЕВ-дисертација, Душан Хр.Константинов, Смилево-1984 г.-34

Исто, Спомени-Лука Џеров

8-     ГРУЕВ-дисертација, Душан Хр.Константинов, Смилево-1984 г.-35

Исто, Спомени-Лука Џеров

9-     Спомени-Лука Џеров

Исто-Илинденско востание-Анастас лозанчев-Сеќавања, Скопје -2003 г.-109

Селото Добреноец беше под надлежност на Кичевскиот комитет на ТМОРО. Селаните на ова и околните села се жалеа на однесувањето на разбојникот Зулко, на неговиот разбојнички однос кон мирните селани. Кичевскиот комитет на ТМОРО на чело со Лука Џеров донесе одлука, му одобри на селаните од кои повеќето беа комити да го убијат. Овој настан се случи во текот на 1899 година, селаните на Добреноец го егзекутираа Зулко и тројца од башибузукот кој беа дојдени со него во селото. Ликвидирањето на овие разбојници никогаш не се откри.11

Егзекуцијата на Абдураман бег

Крајот на 1899 година по наредба на Кичевскиот комитет на ТМОРО беше убиен Абдураман бег и други 4 првенци од Дебар.Меѓутоа,четата избрза, без да добие дозвола од раководството на комитетот.  Кој е Абдураман бег ? Тој беше плачкаш на мијачките села – Лазарополе, Галичник и др. Беше речено четата да чека до есента со убиството, и ако може жив да го фати, за да се земе потоа голем откуп за комитетот. Четата избрза: разбрале дека Абдураман бег ќе оди да купува чифлик во Прилеп и дека со себе ќе носи 2000 лири. Го егзекутираа на граница меѓу Кичево и Дебар, но пленот беше мал 150-160 лири. Дебарските власти, за да се оправдаат, велеа дека го убиле кичевските комити, а пак кнчевскиот кајмакам одлучно негираше дека има комити во неговиот реон. И така во Кичевско не беше никој затворен. Но Арнаутите се сетија дека убијците се комити, зашто комитите во овој случај  жртвите ги заклале со ножеви, а на тој начин Арнаутите не убиваат. Прво се помисли дека ги отепал дебарскиот разбојник Рамдука, кој два дена пред тоа минал покрај Лопушник, местото на убиството. Арнаутите почнаа да се одмаздуваат во Лазарополе и Душегубица, зашто меѓу тие две села се случи убиството. Го отепаа прво кметот на Лазарополе Боско, потоа уште 6 невини момчиња, го егзеклутираа и Рамдука. Што се однесува до Рамдука не на одмет да се наведи дека тој заедно со околу 100 души, во текот на ноември 1899 година го нападна селото Душегубица, го запали и изгоре 40 куќи, отепа 1 старец, 1 жена, 1 момче на 11 години. Имаше наши четворица со комитетски пушки: излегоа, фатија позиција и ги избркаа. 12

Лука Џеров во затвор

Истата 1899 година Лука Џеров  затворен е со уште 12-13 души, меѓу кои беа ѓакончето Јосиф, ѓаконот поп Тома Николов, архиерејскиот намесник во Кичево, кичевските учители и др. Како паднаа во затвор.?  Имено, еден млад комитаџија во пијана состојба кажал некои тајни на Организацијата. Лука  околу 8 месеци беше заточен во кичевскиот, а потоа уште пет во битолскиот затвор-Каталине. Бидејќи немаше други сведоци, со поткуп и со пријатели односно еден Турчин, полјакот од Бигор-Доленци, по име Бекир, се заколна дека зтворените  се чисти, а всушност сведочеше лажно и што е особено битно не за пари. 13

_____________________________________________________________

10-   Спомени-Лука Џеров

Исто-Илинденско востание-Анастас лозанчев-Сеќавања, Скопје -2003 г.-109

12 и 13-Спомени-Лука Џеров

Една година по излегувањето од затвор ѓакончето Јосиф умре од проклетата болест офтика (туберкулоза) затекнат во креветот како го пишува распоредот за четите. Ѓаконот поп Тома Николов се врати во Кичево и пак го примија за архирејски намесник, но тајно продолжи да раководи со комитетот во Кичево. На Лука не му дозволија да учителствува во Кичево, па со одлука на Битолскиот револуционерен округ на ТМОРО остана во Битола, божем учител, а всушност вршеше комитска работа како член на окружниот комитет.14

Во 1901 година Лука Џеров е се поактивен во редовите на ТМОРО, тој е член на окружниот комитет со голем авторитет. Имено, сите курири од крушевскиот, демирхисарскиот, кичевскиот и дебарскиот реон работеа под негова недлежност, а исто така и кореспонденцијата одеше преку Лука Џеров. Во временскиот период 1901 и 1902 година учествува во вооружувањето на реоните, со што  Организацијата се зацврсти. Се купуваа грчки пушки, мартинки и гра пушки, а набавувањето се одвиваше преку сите краеви на Македонија преку Охрид, Ресен-Преспа, Костур, Леринн, Дебар, Кичево и Тетово и други градови, а се стационираа во Битола (Битолско) и потоа со одлука на Организацијата се распределуваа во сите области под надлежност на Битолскиот револуционерен округ.

Во текот на мај 1903 година, од Смилевскиот конгрес назначен е за реонски началник во Кичевско („горски началник”). Тој присуствувал на Смилевскиот конгрес (мај 1903) и бил избран за началник на Кичевскиот востанички реон. Исто така, бил секретар на Битолскиот окружен комитет. Активно учествувал во Илинденското востание како војвода и началник на востаничкиот штаб за Кичевскиот реон. При востаничкиот напад на Кичево, Лука Џеров командувал со одред од 200 востаници,прикажувајќи извондредна храборст,пожрвтуваност и добра стратешка подготвеност,тој заедно со војводите Ванчо Србаков,Максим Ненов воделе тешки борби со турските војски и арнаустски башибузук во Кичевско.На 2 август 1903 четите на Лука Џеров и Ванчо Србаков го нападнале турскиот гарнизон во Кичево,четите  на ТМОРО предводени од Џеров и Србаков броеле околу 600 комити кои дејствувале во три одреди,од запада Лука,Џеров,од југ Ванчо Србаков.Околу полноќ востаниците на ТМОРО ја нападнале касарната во градот и други турски објекти се воделе жестоки борби во кои Лука Џеров се издигнала како добар стратег но пред се храбар и пожртвуван кон македонското ослободително дело. Во Поречието биле најтешки условите за делување во текот на востанието бидејќи тука била доста  силна и влијателна српската пороаганда која ја спречувала дејнсота на ТМОРО,каде и имало и бројни предавства од страна на србоманите кои соработувале со турската власт.

Според спомените на Лука Џеров и покрај демобилизацијата на востанатиот македонски народ, му беше наредено како и на другите реонски раководители: „Да се остави само една мала чета во реонот“.15Овие чети делуваа се до Хуриетот, а по неговото спласнување и до првата Балканска војна 1912 година.

По трагичниот крај на  Илинденското востание Џеров во  декември 1903 година се повлекува во Бугарија и потоа се приклучува на Серската револуционерна група и во 1919 година е потписник на апелот на  на Временото македонско претставништво на обединетата бивша ВМРО за автономија на Македонија,задно со Ѓорче Петров,Анастас Лозанчев,Петар Ацев,Петар Поп Арсов,Павел Христов,Димо Хаџи Димов,Михаел Герџиков,Мишо Шкатров и др.Лука Џеров умира во Софија, во август 1948 година,тој представува макеоднски деец кој со својата револуционерна дејнсот е еден од плејадата македонски патриоти од Битолскиот револуционерен округ на ВМРО кој остава неизбришливи траги во илинденската епопеја во борбата за слобода на македонскиот народ.

Користена литература:Спомени Лука Џеров,Спомени –Анастас Лозанчев,Спомени-Дамјан Груев,Даме Груев,Душан Хр.Константинов.Смилево-1984, Никола Танковски-Македониум,1999,Илинденски факел-1903-2003.

gorgi-cekutkov
Пишува – Ѓорги Чекутков

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.