Среда, 06 Април 2016   
Се бара смена на ВМРО за да се смени името Македонија

kostadin-kerpicoski
Костадин Керпичоски

Веќе долг временски период следам што се случува на политичката сцена во Репубика Македонија.

Случувања поврзани со протести, контрапротести, плукање и оцрнување на се што е Македонско и блокада на евро-атлантските интеграции.

Имено одредени меѓународни фактори во коалиција со СДСМ играат политика за смена на ВМРО од власт и со тоа решавање на спорот околу името со Грција кој трае со децении.

Како што претходно сум пишувал во моите колумни така и сега го потврдувам мојот став дека единствена пречка на сите овие фактори вклучувајќија и Грција е ВМРО и Никола Груевски.

Токму така како што прочитавте, играчите од надвор и внатре не предвидоа дека пред себе го имаат ВМРО т.е 500 000 гласачи за актуелната владеачка партија и лидерот Никола Груевски кој пред се е голем патриот и човек со големо срце!

Мојата теза од претходно се потврдува и со изјавата на Американскиот амбасадор а и на олеснувачите како тоа токму сега е време за решавање на спорот на Македонија и Грција.

А пак според нас Македонците како и Македонските аналитичари заеднички став е дека спор со Грција не постои, дека ние немаме никаков проблем со нив, ние сме Македонци и нашата држава се вика Македонија а тоа што на нив ова не им се допаѓа е навистина нивни личен проблем.

Воопшто не ја оправдувам тезата дека со решавање на овој спор помеѓу Македонија и Грција ќе се реши мигрантската криза. Оваа криза ја создадоа големи велесили и истите тие се способни да ја решат во еден ден а не ние како Македонија или Грција или било која друга европска држава каде што мигрантите само помиуваат транзит.

Мојот став околу оваа мигрантска криза е дека таа е вештачки создадена како и политичката криза кај нас во Македонија, наметната од странски фактор за ослободување на "племото" од нивна територија и инфилтрирање на терористи на територијата на Европа.

Затоа уште еднаш јасно и гласно велам дека не Македонија да е виновна ами самите тие кои ја создадоа кризата сега цврсто на нозе и да ја разрешат со два државни потези.(Вие многу добро знаете кој е виновен за мигрантска и политичката криза конкретно во Македонија)

Исто така, минатонеделниот терористички напад во срцето на Европа Брисел е доказ и удар за политиката на Европа кон мигрантите на отворени граници и широки прегратки.

Да се навратиме на актуелнава тема околу насилната промена на власта во Македонија, сгурен сум дека тоа нема да им успее, нема да им успее бидеќи за да тоа се случи ќе треба да се суспендира демократијата што не оди во полза на никој.

Исто така сум сигурен дека нема да успее знаеќи дека во моментов ВМРО-ДПМНЕ има дво-третинска поддршка од граѓаните така што нивниот план дефинитивно не би успеал.

ВМРО е код на секој Македонец но и со години е пречка и тоа не само за надворешните ами и за внатрешните непријатели на државава.

ВМРО е столбот на овој Македонски народ и ја одржува во живот Македонската држава и токму порати тоа ВМРО е мета на многу, многу "ТЕРОРИСТИ".

Имам да ви порачам дека треба да живеете во спокој и мир бидеќи ВМРО е код на секој Македонец, ВМРО живее и ќе живее во иднина а пак тоа е гаранцијата за опстанокот и иднината на Македонската држава.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.