Среда, 06 Април 2016   
Македонија имала значајна улога во ширење на христијанството

Tihomir Karanfilov-001
Тихомир Каранфилов

Во првиот век христијанството во Македонија, прв го проповеда и проширува Светиот апостол Павле. Во мисионерските патувања, него го придружуваат апостолите Лука, Тимотеј, Сила и Тихик, кои и самите независно работат на христијанизација на овие простори. Низ Македонија проповеда и Светиот апостол Андреј Првоповикан кој го поставува Светиот апостол Урбан за прв епископ во Македонија, со што уште тогаш биле поставени темели на организирана Црква.

Како резултат на христијанизацијата извршена во првите три века, веќе на почетокот на IV век христијаните на просторот на Македонија имале организирана Црква со црковна ерархија, чии епископи понатаму редовно учествуваат на помесните и вселенските Собори. Во V век на просторот низ цела територија на Македонија постојат повеќе митрополии и епископии, од кои попознати биле Солун, Скопје, Хераклеа, Баргала и Стоби.

Од доцноантичките извори може да се согледа дека без разлика на одредени промени во различни периоди, границите на провинцијата Македонија или провинциите Macedonia Prima и Macedonia Secunda воглавно ги зафаќале историско-географските граници на Македонија. Од организираната Црква на македонска територија, потоа се шири христијанството на Балканот.

На прагот на VI век, територијата на Македонија во нејзините историско-географски и етнички граници, како составен дел на Византиското царство, во административен поглед влегувала во рамките на префектурата Илирик. За да може полесно да се шири христиканството во оваа префектура, за време на владеењето на царот Јустинијан I (527-565), кој потекнувал од с. Таврисион, близу до денешното Скопје, бил изграден нов град наречен Јустинијана Прима, во близината на родното место на царот. Митрополитот на Скупи бил издигнат на ниво на автокефален Архиепископ, а Кателијан бил првиот Архиепископ на Архиепископијата Јустинијана Прима, која во тоа време била трета по чест меѓу помесните Цркви, после Рим и Цариград.

Всушност, последен пат Macedonia Prima и Macedonia Secunda  заедно како две провинции се спомнати во 535 година, во XI – та новела на царот Јустинијан I, по повод назначувањето на Кателијан за архиепископ на нововоспоставената Архиепископија Јустинијана Прима.  Во делот каде се зборува за границите на Архиепископијата, се вели дека под негова надлежност покрај останатите провинции се и Macedonia Secunda. По Кателијан имало и други архиепископи, како што се: Бененат, Павле, Јован I, Леон, Јован IX...

По доаѓањето на власт Јустинијан I преминал во офанзива, а неговите војсководци ги освоиле државите на Вандалите во северна Африка, на Источните Готи во Италија и делови од државата на Визиготите во Шпанија. Византија повторно ја имала речиси целата обала на Средоземно Море. Меѓутоа војните се одразиле врз силата на државата, која најпосле била финансиски исцрпена и малаксала. Долгото владеење на царот, за подунавските земји, каде државата останала во дефанзива, бил период на опаѓање.

Земјотресот во 518 година, по кажувањето на Марцелин Комес, уништил многу населени места, а целосно го разрушил Скупи, но без човечки жртви. Јустинијан кој е роден во тој крај, го обновил Скупи во близина на стариот град на местото на денешно Скопје, па новата градба ја нарекол Justiniana Prima. Меѓутоа, старото име било многу посилно од новото, па живее и денес. Исто така разрушен и потоа обновен градот Ulpiana бил познат како Justiniana Secunda, но и ова место успева да го сочува старото име, па од средниот век станува  Липљан.

Царот Јустинијан за време на првата половина на своето владение за да ги заштити границите од нападите на паганските племиња од другата страна на Дунав, кој влегувале во провинциите, пљачкосувале и земале заробеници во ропство, наредил да се изградат и обноват голем број утврдувања за одбрана. Прокопиј во својата книга за градбите на Јустинијан (558) набројува 80 утврдувања на Дунав и 370 утврдувања јужно од границата се до Грција. По примерот на „долг ѕид“, кој го изградил царот Анастасиј за одбрана на Цариград и околината, под Јустинија биле затворени теснеците кај Термопилите, на Касандра кај Солун и на трачкиот Херсон.

Сепак сите овие тврдини немале некој особен успех, бидејќи немало доволно војници. Поради финансиските тешкотии беа смалени пограничните трупи, а подвижната армија, по Агатиј, на број 150.000, била расфрлана по гарнизоните, почнувајќи од јужна Шпанија, па до Ерменија и Горен Египет. Единствено останувала црквата и христијанизацијата на населението.

Јустинијан за латинскиот север на Илирик, ја воспоставил Justiniana Prima  привелигирана архиепископија. Меѓутоа, за време на т.н. борби за трите поглавја од 543 година, наишол на многу жесток отпор не само во Италија и Африка, туку и меѓу Илирските епископи „ Illyriciani episcope“

Градско население имало повеќе разбирање на црковните прашања отколку за одбрана. Прокопиј раскажува како во 551 година пет војсководци тргнале на Дунав да ги казнат немирните Гепиди, меѓутоа само еден стигнал во земјата на Гепидите, додека другите мораа да застанат во Улпијана поради некаква црковна побуна. Илирскиот синод го симнал во 549 архиепископот на Јустинијана прима Бененат како царев поддржувач, но Јустинијан со челична рака го угушил движењето, откако упорниот архиепископ на Салона, Фронтино, го протерал во Египет (554).

Со спојување на провинциите Јустинијан се обидел да го упрости управувањето, Тој дозволил во новоосвоената Италија, видните луѓе и свештенството на провинцијата да избираат граѓански намесници, а на царот му останувало правото тоа да го потврди. Во 69 година, Јустин II ова право го дозволува во сите провинции, што претпоставува и за двете македонски Macedonia Prima и Macedonia Secunda. Сето тоа ќе биде база за подоцнежните кнежества.

Во прво време архиепископијата Јустинијана Прима, а подоцна и Охридската архиепископија ќе одиграат значајна улога во ширењето на христијанството на Балканот.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.