Среда, 06 Април 2016   
Бескрупулозна војна на СДСМ

mane-j
Мане Јаковлески

Различниот став во однос на спорот со Грција околу името кој предизвика раздор во македонската политичка сцена и во последната година доживеа кулминација со воведување на земјата во политичка криза, може да има страшни последици по македонскиот народ и држава.

Додека лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски цврсто стои на позициите дека преку името не смее да се изгуби идентитетот на македонскиот народ, дотогаш лидерот на СДСМ Зоран Заев, продолжувајќи ја политиката на поранешниот претседател Бранко Црвенковски, спремен е да попушти и со сменето име да ја внесе земјата во ЕУ и НАТО.

Во спроведувањето на оваа цел, поддржани не само од Грција и Соросовиот невладин сектор, туку и одредени земји членки на ЕУ, кои имаат свои интерси во Грција, опозицијата предводена од СДСМ ја втурна земјата во политичка криза. Не осврнувајќи се на демократските принципи, правото и законите, не почитувајќи ја пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, како и вољата на македонскиот народ, сите горе споменати, заедно со опозијата во Македонија на чело со Зоран Заев, започнаа валкана кампања насочена против владеачката партија ВМРО ДПМНЕ и нејзиниот лидер Никола Груевски.

Целта на оваа кампања е сосема јасна, со нарушување на интегритетот на челниците на ВМРО ДПМНЕ, како и на македонските институции, да се острани Никола Груевски како единствена пречка која стои на патот до промената на името и идентитетот на македонскиот народ. Дека се работи за безкрупулозна војна, покажуваат снимките од прислушувани разговори кои се пуштаат во јавноста и кои немаат ништо заедничко со било каква противзаконска дејност, но затоа пак можат да уништат животи на цели семејства. Овие жртви за СДСМ се само колатерална штета, а за нивните партнери колатерална штета е македонски народ

Меѓутоа, бидејќи негативната кампања не даде резултати, а рејтингот на Заев и СДСМ ни за малку не се покачи, на јавната сцена се појавија нивните поддржувачи кои отворено се закануваат. Неименувани преставници на ЕУ преку страницата на Еуроактив, каде македонскиот народ го навредува и го нарекува погрдно Славомакедонци, порачуваат дека „Македонија е пред експлозија“ и дека „Груевски е расист, незрел, кој ја носи земјата во катастрофа’. Ваквите напади без именување само го покажува очајот во кој западна опозицијата и нивните поддржувачи, но и стравот од Никола Груевски и македонскиот народ на 5 јуни.

Груевски не е ниту расист, ниту пак незрел политичар кој народот би го повел во катастрофа. Груевски беше меѓу првите кој во минатата година ги посети загрозените албански населби во Тетовскиот регион по обилните врнежи и направи се, тие штети навремено да се санираат. Почитувајќи ги сите етнички заедници, нивните традиции и верски обичаи, тој без проблеми подеднакво влегува во џамии и цркви, во населбите на ромската заедница и притоа заедно со граѓаните бараат заеднички решенија за проблемите.

Што се однесува пак до тоа, дека тој ја водел земјата кон катастрофа, досегашното искуство од 2006 година до денес, покажува дека тој и неговиот тим успешно се справувале со секоја ситуација, било тоа да е економска,политичка, безбедносна или друга криза. Но, затоа пак, некадарното раководство на СДСМ, заслепено од својата алчност по премиерската фотеља и други челни позиции, со своите постапки постојано ја внесува земјата во криза.

Бројни се оптужбите на опозицијата и нивните ментори против Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ. Како што пренесува Еуроактив, „неименуваните преставници на ЕУ“, меѓудругото обвинуваат за непотизам, корупција, лажирање на изборите и автократски практики.

Меѓутоа, добро познавајќи ги приликите во земјата, во нив не само што не верува народот, туку и странските новинари, кои се повеќе отворено пишуваат за притисокот кој опозицијата и меѓународните фактори го вршат врз македонскиот народ за промена на името. Тие посочуваат дека цврстиот став на владеачката партија ВМРО ДПМНЕ за прашањето на името кое е од витален национален интерес е причината за политичката криза во која е втурната земјата.

Всушност, нема балкански новинар и аналитичар кој не е запознат со македонското прашање. Тие што редовно го следат овој децениски спор ја забележуваат играта на опозицијата и лево-ориентираните новинари кои се вмрежени во регионот за остранување на ВМРО ДПМНЕ. Во своите написи тие говорат дека се прочитани манипулациите и конструкциите од СДСМ и заклучуваат дека поради интересот за решавање на името се продолжува политичката криза.

Меѓутоа, како што велат, најголем проблем за опозицијата и нивните спонзори е огромната поддршка која ВМРО ДПМНЕ ја има кај народот. А сето тоа е поради одличната економска политика на ВМРО ДПМНЕ, донесените бројни инвестиции, вработувањата, како и успешната борба против апсурдните барања на грчките националсти за самоуништување на македонскиот народ и држава.

Едноставно, бидејќи не може да се суспендира демократијата (желбата на мнозинството), опозицијата инструирана од надвор се стреми што повеќе да ги одложува изборите и истовремено да остане во една техничка влада, која во одреден момент би прифатила промена на името кое не би било проверувано на референдум. Но, таква една операција може да го изведе народот на улица.

Затоа најдобро е под итно СДСМ да прекине со својата бескрупулозна војна и да се спрема за закажаните избори на 5 јуни. Секое пролонгирање на изборите носи опасност од несогледиви последици по македонскиот народ и држава.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.