Среда, 13 Април 2016   
Насилство како замена за интелектуална немоќ

kostadin-kerpicoski
Костадин Керпичоски

Нова политичка платформа на СДСМ и коалиционите партнери за грубо кршење на уставот и законите во Р.Македонија.

Политичка платформа која има за цел обединување на насилници кои на 5-ти Јуни треба сурово да ја нападнат демократијата и да ги прекршат правните норми во државава.

Во едно демократстко општество политичката власт се добива по пат на фер и демократски избори каде победува подобриот.

Правото на глас на секој граѓанин е загарантирано со уставот на нашата држава.Ако сега оваа платформа има за цел насилно спречување на граѓаните да го искористат своето право на глас тоа е свесно прекршување на правните норми и груб упад на демократијата кај нас и во било кое друго општество.

Релевантен поим е поимот демократија и точно е дека демократијата дозволува бојкотирање на избори на поединци или цели политички партии но никако и никаде во светот не е дозволено насилно спречување на граѓани да го изразат своето право на глас на демократски и фер избори.

Ниту во минатото ниту сега СДСМ како политичка партија немала платформа ами сплав полн со омраза, лаги, манипулации и малверзации на чии едра едвај се држат луѓе со црно минато и завршени политички кариери.

Не очекувам ништо повеќе од оваа политичка партија гледајќи го минатото и сегашноста но и тие нека не очекуваат дека Македонија ќе биде држена во заложништво од страна на една рака луѓе кој воопшто и не се политичари и не се борат за политичка власт и превласт во државава ами се борат за зачувување на нивната лична слобода која им е одземена од денот одкако ги прекршиле повеќето правни норми во државава.

Подржувам секој кој направил било каков вид на криминал или грубо свесно или несвесно ги прекршил правните норми да одговара пред законот но не подржувам кога еден таков човек преферира да седне на премиерското место и да ја води истата таа држава.

Невозможно и недозволиво е човек кој не ја подржува својата држава да ја води истата и да биде лидер на народот кој живее во истата.

Токму поради оваа, а и платформите кои опозициската СДСМ ги има во минатото тие на девет изборни циклуси со ред доживуваат катастрофален пораз наречен дебакл.

Токму поради политиката на деструкција на врхушката на оваа партија СДСМ барем сега нема реални шанси да исплива на површина и да исфрли кадри кои се способни да ја водат државта.

Им препорачувам доколку сакаат да дојдат до власт да си направат една темелна внатре партиска чистка, со нови кадри, да состават план и програма за работа за времето во кое би владееле и план и програма во која што основа ќе бидат позитивни дела за македонскиот народ.

Се додека излегуваат со вакви платформи, со сплавови и бродови може само ризично да заталкаат по морето.

Избори не се добиваат со насилство со лаги со интриги со деструкција и манипулација. Избори треба да има и ќе има и ќе бидат фер и демократски и на тие избори народот ќе го каже своето, а сами по себе изборите ќе значат почеток на крајот на политичката криза во Р.Македонија и почеток на крајот на СДСМ како политичка партија.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.