Среда, 13 Април 2016   
Организацијата на македонските учители против Егзархијата

Tihomir Karanfilov-001
Тихомир Каранфилов

По победата на Младотурската револуција во 1908 година бил создаден релативен мир на територијата на Македонија, што беше предуслов да дојде до раздвижување во стопанството, инвестирање во индустриски и други капацитети, формирање на кредитни и акционерски друштва, зголемување на занетчиството, како и на внатрешната и надворешната трговија.  Информациите и рекламите на страниците на многубројните печатени изданија кои се издаваат во тоа време во Македонија јасно го илустрираат економскиот просперитет во овој период.

Истовремено со економскиот развој се одвивале значајни општествено-политички и културни активности во сите средини на македонското општество, особено во градските средини. Уставната слобода овозможила да се појават разни политички, професионални, културно-просветни, фискултурни, музички и други друштва, здруженија и организации.

Една од најзначајните професионални организации кои се појавуваат по Младотурската револуција била „Учителската организација“ на македонските учители. Македонските просветни работници, воглавно учителите на селските основни училишта, кои всушност го сочинувале најголемиот дел на македонската домашна интелигенција, масовно и меѓу првите пристапиле кон формирање на свои учителски друштва. Уште на почетокот на учебната 1908/1909 година биле формирани првите општински учителски друштва во Прилеп, Неврокоп, Кукуш и Горна Џумаја. Формирањето на нови друштва продолжило и во наредните месеци, така да до крајот на учебната година не постоеше општина без учителско друштво.

По формирањето на широка мрежа на овие друштва, особено по формирањето Солунското општинско учителско друштво, биле создадени услови за да се одржи Основачкиот конгрес на Улителската организација. Овој конгрес бил одржан на почетокот на август 1909 година во Солун, во деновите кога бил одржан и конгресот на Народно-федеративната партија (НФП).

Основната цел на оваа организација која била изградена во постојаната борба со проегзархистичките струи во учителското движење била независноста од Егзархијата. Така во процесот на изградување на учителската организација, како и на Основачкиот конгрес, па и подоцна, постојано се судираат две јасно изразени тенденции. Една, чии носител е домашната учителска интелигенција која се борела за отврлање на туторството на Егзархијата, за демократизација и преземање на училишните институции, за материјална и општествено-политичка независност на учителите, за општински училишта, како и против надворешното мешање во животот на Македонија. Во ово правец учителите во Учителската организација и НФП тесно соработувале и успешно ја доплнувале својата активност.

Втората струја, била егзархиско-клупска, која ги собирала привелегираните и добро платени училишни функционери како што се гимназиски професори, директори и главни учители, инспектори и црковни великодостојници. Со ретки исклучоци,  за да го зачува својот комодитет, голем дел од нив се поставил во одбрана на егзархистичката апсолутистичко-црковна власт. Тие биле против демократизација на животот во училиштата и воглавно станале орудие на страната освојувачка политика.

После одржувањето на Третиот учителски конгрес во летото 1911 година во Битола, на кој присуствуваат делегати од 16 друштва (Воденско, Ениџевардарско, Берско, Кукушко, Серско, Гуменџиско, Леринско, Островско, Демирхисарско, Хрупишта и Солунско, како и селата Косинец, Блаца, Емборе, Горни Порој и Просечен),  прогресивната струја на учителското движење победила земајќи го во свои раце централното раководство и редакцијата на учителското списание „Учителски глас“.

Списанието „Учителски глас“ кое се печатело во печатницата на Коне Самарџиев, како и во печатниците на К. Тенчов и „Акваароне“, во периодот од 1910 до 1912 година, излегувало двапати месечно во Солун. Во овој период главни уредници биле Михаил Шурков, Георги Баждаров и Анастас Митрев, а во списанието биле објавувани статии како за професионални прашања и заштита на интересите на учителите, така и против политиката на Егзархијата.

Учителската организација развива особено жива активност во време на вторите парламентарни избори во Македонија, кога ги помага антиегзархиските сили. Нивните напори во овие месеци ги прифати и поддржа речиси целото македонско граѓанство. Организацијата развила и широка активност и во кампањата за свикување на Македонски црковно-народен совет во Солун и се поенергично раскинувала со Егзархијата. Централното раководство на организацијата донела одлука за бојкот на егзархискиот орган „Вести“, за прекин на врските со егзархиските месни преставници – владиките и архиерејските намесници. Во некои места, како на пример во Велес, месното население и учителите го протераа егзархискиот владика и ги зедоа училишните надлежности во свои раце.

Постоела и богата културно-просветна активност на македонските учители; отварање на библиотеки и читалишта, организирање на културно-уметнички и театарски приредби, основање на културни-уметнички и музички друштва, помагање на изградба на нови училишни згради, прослава на 50 - годишниот јубилеј на браќата Миладиновци и сл.

Во овој период, релативно толерантната клима по Младотурската револуција ја овозможила и појавата на списанието „Културно единство“ (1908-1909), редактирано од Ѓорче Петров. Групата  околу ова списание се зазема особено на културно просветен план за соработка на сите македонски национални сили, за да се постигне културно единство како противтежа на семожните мегалоидеи. Списанието во кое се објавуваат просветни и културни статии, се бори под девизата „Македонија на Македонците“.

Егзархијата од своја страна развила жива активност на културно-пропаганден план. Со свои средства била основана „Бугарската матица“, чија основна задача била ширење на бугарскиот јазик, литература, култура и политичко влијание врз Македонците. Против себе ја имале Учителската организација и НФП, па за да го потисне движењето на македонските учители и прогресивното граѓанство, односно за да ги острани од Македонија најборбените елементи на македонската интелигенција ,спроведувала прогон и ги преместувала учителите. Жртва на овие перфидни егзархиски прогони бил и познатиот раководител Пере Тошев, кој од 1910 до 1911 година бил училишен инспектор. Во август 1912 година, Егзархијата конечно ја уништила Учителската организација, расчистувајќи го патот на освојувачите на Македонија, кои за жал не закаснија со своето доаѓање.

Во овој период постоеја и други слични организации, друштва и институции. Во македонските градови особено биле бројни културните, просветните, музичките, фискултурните и други друштва, меѓутоа, ниту едно од нив не ја достигна бројноста и борбеноста на Учителската организација. До почетокот на балканските војни организацијата броела околу 2.000 членови.

(извор: „Историја на македонскиот народ“, Скопје, 1988, стр.198;  д-р М. П. „Од минатото на македонскиот народ - Младотурска револуција во Македонија“ Скопје, 1969, стр. 179 - 181)

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.