|
|
Македонскиот народ ќе излезе од кризата многу посилен и пообединет |
ВМРО ДПМНЕ е партија изградена врз цврсти идеолошки принципи на старото ВМРО и ниту еден од денешниве СДСМ-вци и соросоиди, не ја познаваат идеологијата за да можат да судат за неа. Кога деведесетите години се дозна дека некој ги зеде четирите свети букви ВМРО и ги стави на партија, многумина си поставија прашање, смее ли некој тоа да го направи? Македонските патриоти ги ставија четирите букви ВМРО на партијата што тогаша се формира, затоа што беа задоени со идејата за самостојна Македонија и ги продолжија идеалите на сите предходни генерации, да се изборат за сопствена држава. Претседателот Груевски, го продолжува аманетот на основоположниците на ВМРО-ДПМНЕ и секојдневно го пренесува на оваа денешна младина, која се повеќе ја спознава важноста и значењето на ВМРО-ДПМНЕ како политички субјект и како автентична македонска идеологија. Претседателот Никола Груевски успеа да го воздигне ВМРО, да му даде нов елан, Македонецот да верува во ВМРО-ДПМНЕ како на единствена политичко-идеолошка матрица која го штити неговиот опстој и развој. Во годината кога со крупни чекори Македонија оди напред, СДСМ-вци и соросоиди, наметнаа нови предизвици кои најмногу и штетат на нашата држава на која и тие самите и припаѓаат. Секојдневно измислуваат нешто, позитивните работи кои ги прави актуелнава Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, сакаат да ги претстават како лоши, критикуваат и за постапки од минатото во кои тие самите беа замешани или тие беа организатори. Измислија нешта кои не ги препознава, ниту одобрува ниедна демократска држава во светот. Тажно е кога на таков низок начин покажуваат каков е и каков би бил нивниот принцип на практикување на власта и на демократијата. Времето за такво политичко општење какво што тие го заговараат, заврши во 1990 година. Обидот да креираат хаос и конфузија меѓу Македонците нема да доживее успех. Сепак, обидите за дестабилизација продолжуваат со подршка на странски сили работат со хистерична одлучност против сопствената држава. Македонскиот народ покажа во многу наврати дека нема да дозволи надворешните непријатели или внатрешната Петта Колона да ја загрози нивната иднина. Тоа нема да го дозволи и зошто многу македонски патриоти, војводи, комити, партизани, ги положиле своите животи на олтарот на слободата за независна Македонија. Денес, нив ги нема веќе меѓу живите, но останал споменот за нив и нивниот аманет да се истрае во борбата за самостојна и национална држава на македонскиот народ и таа да се чува како очите во главата. Денес кога имаме своја македонска држава да не ги правиме истите грешки од минатото, да не се делиме, да се бориме за македонското национално единство, да ја продолжиме идеологијата на ВМРО, идеологијата која деведесетите години низ сите градови и села и во дијаспората ја споделувавме, идеологијата за која илјадници Македонци го дале својот живот: МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ. ВМРО-ДПМНЕ денес е голема, модерна, стабилна партија со силни демохристијански вредности, со идеологија на четирите свети букви. Ќе дојде ден кога и опозицијата предводена од СДСМ политички ќе созрее. Тоа е добро за државава: на секоја сериозна демократија и е потребна силна власт и силна опозиција. Да се расправаме, да се натпреваруваме во нудење идеи и решенија, тогаш разликите се потребни и корисни. Меѓутоа, кога е во прашање националниот интерес на Македонија, тука мора да има единство, тука мора сите да мислиме исто, со Македонска глава, водени од Македонски интерес, со љубов кон Македонија. На крајот, добро е да се потсетиме на зборовите на илинденецот д-р Владислав (Славчо) Ковачев, борец за слободата на Македонија, кој во една прилика ќе рече: „Тој што е задоен со сочното македонско млеко на страдалната македонска мајка и се почувствувал макар и за миг вистински Македонец, никогаш повеќе нема да биде способен свесно да стане предавник на Татковината“! Македонскиот народ и овој пат ќе излезе од кризата, но многу посилен и пообединет предводен од влада на ВМРО ДПМНЕ. Вечна да е Македонија, Амин! |