Среда, 13 Април 2016   
Не смее да се пролонгира уште еднаш утврдениот датум за избори

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

Грчко-македонски тензии на границата

Собранието е распуштено, изборите треба да се одржат на 5 јуни, но СДСМ најави бојкот и прави се за да тие не се одржат. Откако СДСМ не успеа да го качи својот рејтинг и сите сценарија за „обоена револуција“ им пропаднаа, сега „чадорот“ преку меѓународниот невладин сектор повторно финансирано од Сорос во игра ги стави мигрантите кои подолго време се стационирани кај Сехово (Идомени). Како и пред еден месец, кога 2.500 мигранти се обидоа насилно да влезат на територијата на Македонија кај селото Моин, така и неделните насилни обиди за илегално влегување во Македонија, беа потикнати и кординирани од активисти на НВО организации.

Во неделните насилни обиди за илегално преминување на македонско-грчката граница на повеќе од 3.000 мигранти биле повредени 23 припадници на македонските безбедносни сили, кои, поради недостаток на кординација и реакција на грчките безбедносни сили, за да го спречат нелегалното влегување на територијата на Македонија, беа приморани да употребат солзавец, што пак од друга страна ќе доведе до грчко-македонски тензии. Голем број грчки функционери ги осудија македонските безбедносни сили за прекумерна употреба на сила, а грчкиот претседател Прокопис Павлополус осудувајќи го односот на „Скопје“ кон мигрантите ќе напомене дека за „Скопје нема место во ЕУ и НАТО“. Исто така и грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе ја нарече интервенцијата на македонските безбедносни сили „срамна“.

Меѓутоа, и самите грчки опозициски партии, осудувајќи го инцидентот, упатуваат сериозни критики кон сопствена влада, полиција и армија, кои го дозволија  хаосот на границата. Медиумите ќе регистрираат и дистрибуирање на летоци кои содржеле лажни информации дека откако мигрантите ќе успеат по насилен пат да ја поминат грчко-македонската граница ќе можат непречено да продолжат до земјите членки на ЕУ. Иако присутни, грчките полициски структури не реагирале за време на насилните протести, па се претпоставува дека тоа е дел од политичка одлука, на истите оние кои сега ја критикуваат Македонија.

Оставени без поддршка од грчките колеги, Македонските безбедносни структури заедно со полициските службеници од неколку земји членки на ЕУ, кои се распоредени на јужната граница, согласно Програмата за соработка на ЕУ и Македонија за поддршка на менаџирањето со мигрантската криза, мораа сами да се справуваат со насилниот нелегален обид за минување на грчко-македонската граница. Сепак, и покрај отсуството на реакцијата од грчка страна, тие одговорија брзо и професионално согласно состојбата и спречија нелегален влез, без притоа да се употреби физичка сила и повреди било кој од учесниците на насилните протести.

По овој инцидент, македонските безбедносни сили се распоредени долж границата со Грција и засега успеваат да ја контролираат ситуацијата. Меѓутоа, со оглед дека мигрантите кои долго време се наоѓаат во Сехово - Идомени не се помируваат со состојбата и нивна цел е да ја преминат границата, тие се спремни за неочекувани немири. Но поради индолентниот однос на грчките власти, Министерството за надворешни работи на Македонија побара од Грција да ги ангажираат своите полициски сили за да се спречат во иднина било какви насилни протести на мигрантите.  

Сепак, она што најмногу загрижува е односот на челниците на СДСМ, кои во услови на мигрантската криза и тензии на македонско-грчката граница ја префрла политичката борба во МВР, со што директно се влијае врз нејзината оперативна способност. Ако се имаат предвид не само тензиите на јужната граница, туку и повикот за враќање на Косово на борците кои се борат во Сирија и Ирак, потоа раздвижувањето на одредени групи, тогаш во една ваква деликатна безбедносна ситуација се поставува прашањето кои се целите на СДСМ. Како и да е, ваквиот нивен однос може да биде само погубен за македонските безбедносни структури.

Хаосот создаден по договорот од Пржино, со доаѓањето на генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски за техниички министер на МВР, кој разреши стотина началници, а потоа по оставката и враќање на старите раководни кадри од страна на владата, со оглед на безбедносните предизвици правно мора што побргу да се расчисти. Не смее да се дозволи продолжување на состојби кои предизвикуваат внатрешни конфронатации и го нарушуваат командно хиерархискиот ланец. МВР мора да делува брзо и ефикасно, а сите кои го кочат тој процес треба да се остранат.

Колку побрзо си заминат преставниците на СДСМ од сегашната политичка сцена, толку побргу ќе престанат  притисоците на јужната граница. Македонија мора да се врати на старите патеки, кога на чело со Никола Груевски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, цврсто газеше и сите предизвици лесно ги надминуваше. На македонскиот народ, во ова време на предизвици, тоа му е насушна потреба. Затоа не смее да се пролонгира уште еднаш утврдениот датум за избори..

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.