Среда, 20 Април 2016   
(ПРЕД)ИЗБОРНА КАЛАКУРНИЦА

Petar Krivchevski
Петре Кривчевски

Ничија борба, демократска и институционална, не да не ми пречи и ја перцепирам и конзумирам како легитимна туку и ја поддржувам, во основа. Оти без напрегање од мозокот виугите и конфронтација на идеите до пред нос ќе ни се видиците. Така што, мило ми е ем драго да слушам и гледам натпревар на концепти, платформи и програми. Едноумието и спиењето на ушите, безидејноста и летаргијата ги сфаќам како рачна за развојот на демократијата во нејзината суштина но и општеството како целина. Или конкретно и цитирано, ништо не смее да биде толку свето и сметано за совршено да не може да биде надминато со нешто поново, понапредно, покорисно. Арно ама...

Арно ама пак и тоа како ми смета тоа што не сметаат дека ни смета нивната непресметаност. Оти? Оти, бе, не тангира! Надри лидери и останата политикантска ментално лимитирана к(р)аста, која креирајќи, потхаранувајќи и подгревајќи константна (пред)изборна калакурница секојдневието ни го сотрува небаре сме ние тука само и угу заними а никако и никогаш за нас. Да де, не поистоветуваат со аморфна маса, тесто кое што кој, како, колку и кога сака може да го меси и обликува. Или, со други зборови: бајчиња за стрижење. Подолу понадребно зошто и како.         

Маскарадата со наводни фантоми во избирачкиот список, гледате е само купување време и барање нови изговори за избегнување на избори. Прво и основно ако ги имаше ќе беа детектирани и елиминирани наназад сиве овие години, а второ и да има некој спорен нема шанса „жив“ да помини. Избирачките списоци ги имаат и обете водечки партии и ги чешлаат по којзнае колку пати. По изборни места, села, маала, улици, згради, влезови, станови, соседи, роднини, пријатели... така што уште пред денот на избори сите наши, нивни, неопределени, отсутни, доселени, отселени, хендикепирани, војници, покојни... се преброени. До последен!

Покрај тоа на денот на избори и СДСМ и ВМРО имаат свои овластени претставници (и буквално на секое изборно место!) кои од 7-19 часот го следат процесот и настаните а подоцна и пребројувањето на резултатите кои пак веднаш ги доставуваат до штабовите. Со тоа се исклучени било какви можности за злоупотреби при гласањето но и после него: превоз, полнење кутии... бидејќи резултатите се веќе верификувани и на сите присутни познати и споделени, така што и доколку некој потоа се обиде да ги промени оштетениот/те врз основа на фактичките состојби ќе поднеси/ат приговори. А, знаеме, оспорувачите на изборите не поднесоа ниту еден, абе макар колку и за иљач!

Фамата пак и разликата помеѓу бројот на (потенцијални) гласачи кои се на избирачкиот список и жители над 18 години е во тоа што илјадници граѓани на РМ се наоѓаат во други држави. Значи тие се во странство но имаат наше државјанство со што правото на глас им е уставно загарантирано и неспорно. Та така и доколку се изврши попис бројот на жители со право на глас ќе биде соодветно помал за бројот на отсутни државјани повеќе од една година а кои имаат државјанство на РМ и се со наполнети 18 години. Следствено, тие што бројот на населението од пописот го споредуваат со бројот на државјани од Регистерот во МВР се благо кажано лаици или пак бунтовници без оправдани но со лукративно-манипулативни причини.

Значи, според Уставот на РМ право на глас (покрај возраста) се стекнува со државјанство а не со жителство. Така да има, како и во многу други држави, возрасни граѓани со двојно државјанство и тие без никаков проблем имаат право на гласање и во обете држави. Оттука на избирачкиот список има околу 1,8 милиони а пак на списокот на државјани (РМ + странство) околу 2,4 милиони. Со пописот се утврдува бројот на жители а преку МВР и регистерот бројот на државјани и, фактички, тој е основа (сите над 18 години) за избирачкиот список и нема и не смее да се бара нивна поврзаност. Тоа е мешање, народски кажано, на баби и жаби.

И д-е-ц-и-д-н-о: пописот го дава бројот на жители (старо-младо, машко и женско во РМ и во странство но со престој тамо само до 1 година до денот на попишувањето); регистерот го дава бројот на државјани (без оглед дали живеат во РМ или се во странство и без оглед на времето на отсуство – ден, година, 10, 30...) и од него полнолетните го сочинуваат избирачкиот список. Додека пак бројот на фантоми произлегува од списокот на изговори на лузери кои со години пискотат избори-та-избори а потоа бегаат одними како од крст ѓаволи измислувајќи нови и нови изговори. Така што, останува констатацијата: избирачкиот список е чист, оспорувачот е валкан!

Многу неадекватно ем недоквакано е поимањето, односно порамнувањето на целата опозиција со СДСМ и по некоја ситна боранија, човек–партија. Или уште повеќе, кој тоа таму под СДСМ го подразбира само Заев и негова компанија?  Чекајте бре луѓе, тој ќе бојкотирал за да си ја задржи челната функција во партијата и ја избегне Јустиција после хаваријата која и тоа како знае дека го чека, арно ама тоа никако не значи и не може да значи дека  во таа партија нема кадри кои сакаат и се кадарни да ја добијат довербата и ги заслужат во Собранието столчињата. Очебијна е дволичноста, кога тој требаше да (о)стане градоначалник не бојкотираше (списокот чинеше, медиумите исто така) а, ваму, сега сака до еден сите да го послушаат и апстинираат. Или, упростено, доколку СДСМ не може да победи а тој да биде премиер правото на останатите да се пратеници треба да им се скрати. Молам! Респект и должна почит кон таквата партиска политика: сите за еден а тој за никаде.

Инсталирани соросови (а)лапачи, свесни за соодносот на рејтинзите и исходот од изборите се обидуваат јавноста да ја замајуваат, а тоа попрво сами себе си се тешат со, поними, клучното прашање: што ќе сменеле изборите. Епа другари тастери барем едно: Зоран Заев! Креаторот на деструкцијата и бламаживе во државата, аболираниот кој е сега против аболиција оти е под закрила на Катица, заговарачот на тезата за одделување на партијата од државата а кој е ачик фатен, со слика и тон, како се заканува и ветува дека кога неговата партија ќе дојде на власт од министер до хигиеничарка ќе менува што, гледаме, во пракса преку Оливер и Фросина се применува. Така што неспорна е констатацијата: по неговата смена имаат два „путиќа“. Или, конечно, нов лидер без хипотека или старата песна: ред лаги - ред плачки, час стагнација - час хибернација, бараме избори - бегаме одними.

Друга една фатаморгана од видот гладна кокошка просо сонува, а која во овие денови на опасно дивеење слушаме одново провејува, е таа за влегување насила во Собранието. Налик српско ли или пак и украинско сценарио што, реално, теоретски е можно но практично малку потешко. Зошто? Затоа што за таква работа не само закана и „борина“ се сака и поддршка. Народ! А тие, голеемата мнозина се отспротива и после евентуелен влез (ако не пред тоа) ќе им прекипе и... сфаќате, да не спомнувам понатаму оти и не сакам ни да помислам ама просто но и точно кажано: без народна поддршка нема победа. Како зад параваните така и пред барикадите, само штета што инволвираат и пов(р)едуваат недолжни ем прават крш и штети кои, се разбира, пак народот ќе ги плати.

На прво око чудно но ако човек стави прст на чело и размисли подлабоко, во сиот овој тим од министри на Груевски, врвни интелектуалци и професионалци, практично најдобар чувар на неговиот рејтинг е токму Зоран Заев. Па гледате ли колку е проста работава? Ниту сета таа вујни-стрини струмичка финансиска империја, ниту целата Соросова инсталација, а како капак и бомба-стичната поддршка од чадорот не успева да му помогне. Така, држи вода и има вистина во шегата која се раскажува дека покрај толку споменици Груевски треба да му подигне еден и на Заев за сите негови гафови. Или и официјално да го постави барем за министер. За одбрана на рејтингот, се разбира.

Еве и некоја реченица како илустрација и компарација на (не)демократијата во Австрија и Македонија. Имено, деновиве извесен нашинец во Австрија за став изнесен на интернет доби затвор од две години. Експресно! Екстремно? Просудете сами. Тоа околу интернетот кој кај нас е аут-оф-контрол а за трафиките полни со весници, телевизорите со програми, радијата со емисии се надевам сите знаете како и тоа дека во Р.Македонија се наоѓа единствената ромска општина во Светот. Ех диктатура ли е ова или играчка: сакаш плукаш, сакаш кршиш, сакаш полиција тепаш, а патем одбиваш судови, одбираш обвинител(к)и... кожа на човек да му се наежи.

На самиот крај дума-две и за „и суво и сурово“ аболицијата. Едноставно и јасно: да навремено и професионално а не политички беше постапено при обидот за „Пуч“, ниту СЈО (Странското Јанева Обвинителство) ќе стигнеше до калиф над сите калифи ниту пак Претседателот ќе беше принуден да како колатералка амнестира и криминалци и петтоколонаши за да спречува црни и насилни сценарија против и во Република Македонија.

Ете, тоа е таа мала скица на големата (пред)изборна калакурница, заматена и избербатена од чадорот на „миротворецот“ од Калето и други предатори во костуми. Да, бездруго, сурово до бол и бес но за жал и вистинито. Сепак, ако е некаква утеха, та не сме саде ние та не сме саде тука...

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.