|
|
ПОДДРЖЕТЕ ГО ПРОЕКТОТ ЗА ГОЛЕМ УДАР ПРОТИВ ГРЧКАТА АНТИМАКЕДОНСКА ПРОПАГАНДА НА ИНТЕРНЕТ |
Почитувани Македонци и пријатели на Македонија! Секојдневно гледаме дека Македонија и Македонците се изложени на жестока анти-македонска пропаганда пред светот од страна на нашите негатори при што без сомнение предничи Грција, која не само што не ги признава Македонците и Македонија и не само што има направено големи злодела против нашиот народ, туку и ни создава пречки за нашата иднина. Главен „аргумент“ на Грците за пред светот е дека наводно во минатото Македонија отсекогаш била „грчка“ и дека ние современите Македонци им ја „крадеме“ историјата, па затоа немаме право на македонското културно историско наследство. Интернет, а посебно Youtube, се преполни со клипови во кои пред светот се пропагираат грчките анти-македонски ставови. Во недостиг на соодветен одговор од македонска страна, не треба да не чуди тоа што поголем дел од светот и навистина ги прифаќа грчките „аргументи“. Додека Грците секојдневно и агресивно го убедуваат светот дека Македонија во антиката „отсекогаш била грчка“, Македонците на интернет воглавно се расправаат едни против други (по разни основи) или, кога соработуваат на полето на историјата, тогаш најчесто едни со други си разменуваат историски податоци (кои не допираат до меѓународната јавност и остануваат во затворениот македонски круг – исто како да не постојат). Практично малку кој ја презентира пред светот историската вистина со која може да се опонира на грчката пропаганда. А токму за пред меѓународната јавност треба да бидат наменети нашите историски аргументи. Со други зборови, наместо самите себе меѓусебно да се убедуваме за историската вистина во однос на Македонија, треба да ја убедуваме меѓународната јавност која (во недостиг на наши аргументи) во најголем дел е потпадната под влијание на грчката пропаганда. Со цел барем делумно да се промени оваа состојба, од неодамна е поведена иницијатива за изработка на најмалку четириесет кратки видео клипови со историска содржина со помош на кои ќе биде нападната грчката пропаганда токму таму каде што грчките шовинисти најмалку се надеваат – во самата нејзина срцевина! Практично ќе бидат растресени темелите на грчката пропаганда, а тоа е античката историја! Имено, штом тие тврдат дека во антиката Македонците биле „Грци“ и врз основа на тоа ја градат целата своја политика против Македонците, тогаш во овие клипови ќе бидат презентирани голем број токму антички сведоштва според кои античките Македонци не биле никакви Грци! Во секој клип (во траење од неколку минути – со цел да биде краток за гледање) ќе биде наведен цитат од еден до двајца антички автори, кои јасно сведочеле дека античките Македонци не биле никакви Хелени, туку посебен народ (некои дури велат и посебна „раса“), со свој јазик (неразбирлив за Хелените), своја митологија и култура. Текстот на клиповите ќе биде на англиски (fluent English), а автор на секој клип (сценарио и режија) ќе биде македонскиот историчар Александар Донски. Во овие видео клипови ќе бидат застапени сведоштва од над педесет антички автори од различно етничко потекло, кои сосема јасно сведочеле дека античките Македонци не биле Грци! Некои од нив се: Аријан, Апијан, Дексип, Демостен, Дикеарх, Дионисиј Калифонт, Дионисиј од Халикарнас, Дио Крисостом, Диодор Сицилијанецот, Дио Касиј, Евтропиј, Евсевие Кесариски, Емилиј Сура, Есхин, Исократ, Зосим, Исидор од Севиља, Јован Малала, Јосиф Флавиј, Јустин, Кикерон, Квинтиј Куртиј Руф, Херодот, Хомер, Плутарх, Павсанија, Полибиј, Кленеј, Клавдијан, Климент Александриски, Марко Велеј Патеркул, Корнелиј Непо, Праксагора, Псевдо Скилакс, Псевдо Скимнус и други. Сите тие на еден или друг начин јасно пишувале за посебноста на античките Македонци, а цитатите од нивните дела ќе бидат автентично пренесени од релевантни извори и проследени со соодветни коментари! Клиповите ќе имаат заеднички наслов и ќе бидат поделени по делови (со цел сите заинтересирани да знаат дека има голем број вакви сведоштва). На пример третиот во серијата клип може да биде насловен како „ANCIENT TESTIMONIES ABOUT THE TRUTH THAT THE ANCIENT MACEDONIANS WERE NOT GREEKS!“ (PART 3, OUT OF 40). Во зборовите за пребарување на Youtube, ќе бидат ставени сите клучни зборови поврзани со оваа тема: Greece, Macedonia, ancient Macedonia, ancient Greece, Alexander the Great, Republic of Macedonia, Macedonia, ancient history и сл., а секако дека ќе бидат спомнати и имињата на античките автори чии цитати за посебноста на античките Македонци ќе бидат објавени во клипот. Линковите со овие клипови потоа ќе треба масовно да се испраќаат и шират низ Интернет, а посебно среде меѓународните субјекти (политичари, фејсбук групи од областа на историјата, универзитети, историски здруженија, грчки лоби групи и сл. – за што ќе се направи посебна стратегија). За изработка на сиот овој труд, ќе бидат потребни одредени средства. Поради тоа Ве повикуваме Вие или Вашата организација да се вклучите во овој патриотски проект што ќе нанесе непроценлива штета врз грчката анти-македонска пропаганда, а воедно и ќе ја информира меѓународната јавност за македонската историска вистина! Доколку сакате во секој клип може да биде пишано Вашето име или името на Вашата фирма, т.е. името на спонзорот) со цел јавноста, сега и во иднина, да знае кој помогнал во нанесувањето на овој голем удар против грчката пропаганда и промовирање на македонската историска вистина! Се разбира дека (ако така сакате) Вашето име и не мора да стои во самиот видео клип – доволно е што сте помогнале на својот народ! Македонци и пријатели на Македонија! Ако ние самите не му покажеме на светот кои сме биле низ историјата, никој тоа нема го направи наместо нас! Затоа придружете се кон овој патриотски проект! За подетални информации контактирајте со авторот на проектот Алескандар Донски на е-маил адресата Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или преку неговиот фејсбук профил.
|