|
|
Протести против Македонија |
Да, токму така како што прочитавте во насловот на оваа колумна, пред недела дена започнаа протести против Македонската држава во организација на СДСМ а финансирани од невладината организација СОРОС. Се собраа на протест помалку од 5 000 граѓани меѓу кои и платеници и луѓе со дебело досие кои беа задолжени за уништување, палење, каменување и привлекување на толпата да го прави истото. Замислете кој парадокс е да сте сигурни дека со 5 000 граѓани на протест ќе турнете власт во оваа држава каде живеат повеќе од 2 милиони жители. Протестираа што протестираа и тоа е демократско право но не, никаде во светот не е дозволено протестите да прераснат во дивеење и уништување на се што со години се создавало од страна на било која власт а во случајов актуелната. Јас го разбирам револтот на врхушката на СДСМ бидеќи веќе десет години неможе на фер и демократски начин по пат на избори да дојде на власт но не никако не оправдувам манипулации со народот и вмешување на истиот во голема игра а се со цел исполнување на лични интереси и спас на својата кожа. Да точно е дека протестираа и другите но на мирен, фер начин, го изразија својот револт и излегоа да ја одбранат својата држава ама не и да ја запалат и уништат бидеќи знаат дека утре во неа треба повторно да живеат и знаат дека животот продолжува понатаму! Само лидерот на опозицијата во оваа држава се однесува како да Македонија не е негова татквоина, како да има своја друга, резервна татковина и како утре да не треба да живее во неа. Замислете, протестираат а незнаат за што протестираат и против кого, незнаат која е крајната цел на нивниот протст! И да се разбереме, едно е да протестираш а друго е да дивееш низ град, да уништуваш, да палиш, да плукаш, да каменуваш и да создаваш немири во своја држава помеѓу својот народ. Најостра осуда од мене а и од целиот Македонски народ за СДСМ која организира каменување на припадниците на МВР кои само чесно си ја работеа својата работа за своја плата а богами и си ја чуваа државата од секакви будалентики. Токму луѓето кои беа каменувани на протестите од СДСМ се луѓето кои во 2001 година застанаа први на браникот на татковината а и први кога ни се случи Куманово минатата година. И дали сега е срамно да го каменуваш истиот тој човек и да посакаш да му се повтори најлошото? Да посакаш неговите деца да останат сираци, неговата фамилија да биде завиена во црно?! И се тоа по инструкција и наредба на лидерот на опозициската СДСМ кој во тоа време и тој момент одмара на топло по опозициски телевизии и најавува Украинско сценарио! Чекајте малку луѓе, Македонија не е Украина, народот тука не е ист со народот во Украина! На Македонија неможе и несмее да и се случи истото што и се случи на Украина а и ние граѓаните тоа нема да го дозоволиме во никој случај се додека сме живи, додека дишиме и додека стоиме на нозе! Знаете јасно е дека целиот проблем е во тоа што ние не сакаме да влеземе во една таква игра и да го исполниме сценариото за граѓанска војна а тоа им дава сила на СДСМ но мора да знаат дека тоа неможе да оди до недоглед. Странците кои ги поддржуваат укачите треба да знаат дека тие тука се само гости и дека народ многу добро знае што се случува и кој е одговорен за истото и дека никој нема да мине неказнето! Во Македонија, одлучуваат Македонците, народот одлучува и тоа е демократија и тоа се случува како во најголемите демократски опшества на фер избори со пенкало во рака а не со автомат под рака! Јас лилно го повекувам лидерот на СДСМ и врхушката да излезат на избори кога веќе се сигурни дека "режимот" паѓа па да народот го има последниот збор. Бегањето од избори е доволен показатл за состојбата во СДСМ и за тоа кого народот сака и гласа а кого не! Апелирам до опозициската СДСМ, да престане да го манипулира Македонскиот народ и да престане таа тесна соработка со СОРОС за уништување, разнебитување и редефинирање на Македонската држава! Македонците ќе си ја одбранат Македонија!
|