Среда, 20 Април 2016   
Заев со својата политика може да иницира Трета балканска војна

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

Политичките, економските, воените и други притисоци се дел од специјална или асиметрична војна кои се применуваат како закана заради вознимирување, предизвикување воена психоза, изнудување на определени остапки, нарушување на нормалниот живот и работа и т.н. Воените притисоци опфаќаат демонстрации со вооружена сила, маневри, воени вежби и правокации на границите. Демонстрацијата со вооружена сила е најстар вид на притисок. Со групирање на сили во близината на државната граница, со закани, правокации и т.н. се настојува да се скрши или намали способноста и решителноста на земјата и народот за отпор, да се изнудат определени остапки и да се охрабри и потикне внатрешниот напријател во борба против општетсвениот поредок.

Македонија во последно време е изложена на сериозни политички, економски, воени и други притисоци. Во текот последната година, низ Македонија беа насочени и транзитираа околу еден милион бегалци и мигранти. По затварањето на балканската рута, согласно заложбите на Брисел, кај Сехово (Идомени) во импровизиран камп се позиционираа околу 11.000 мигранти, кои кординирани од волонтери на разни невладини организации со блокада на железничката пруга и насилни протести се обидуваат илегално да ја преминат македонско-грчката граница. Непречени од грчката полиција, мигрантите на двапати во групи имаа сериозни обиди за насилен  влез на македонска страна, но беа спречени од македонските безбедносни сили.

Сето ова се случува додека опозицијата предводена од СДСМ, поддржана од Соросовите невладини организации и преставници на „чадорот“ се обидуваат да изведат обоена револуција за да ја преземат без избори власта од македонскиот народ предводен од ВМРО-ДПМНЕ. Во моментите кога политичката криза достигнува кулминација со насилни протести на СДСМ, кои најавуваат Украинско сценарио, доаѓа не само до зголемена активност на мигрантите на границата, туку и демонстрација на сила на соседна армија.

Имено, деновите имаше ненајавена воена вежба „Бура“ на грчките армија над Сехово (Идомени) и навлегување на грчките воени авиони на македонска страна. Истовремено, грчките медиуми најавија дека наводно за бегалците во овој дел од земјата набрзо ќе биде испратен и Корпусот за брза интервенција „Делта“. Во една таква констелација на настаните сосема е логично, притисокот кој го креира грчката страна на јужната граница да се толкува како поддршка на СДСМ за насилно сменување на власта во Македонија, односно доаѓање на власт на политичка гарнитура која е спремна да ја свитка кичмата и да го смени името.

Ако се има во предвид дека Грција сака сопствената криза да ја извезе во Македонија, потоа нестабилноста во Санџак каде се бара автономија и спорот на границата меѓу Црна Гора и Косово, состојбата во БиХ, како и активирањето на АНА во северно Косово, тогаш сосема е оправдана  загриженоста на земјите во регионот, дека спроведување на Украинско сценарио во Македонија, најавено од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, може да биде иницијална каписла која би го запалила целиот регион, односно би бил вовед во Трета балканска војна.

Не е ни малку случајно што по последните настани во Македонија се огласија Бугарија, Србија и Министерството за надворешни работи на Русија.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека има информации за обиди за трајна дестабилизиција на Македонија, која со помош на Вишеградската група многу вложи за запирање на бегалскиот бран. Односно дека постојат интенции „за намерна дестабилизација на земјите во регионот, како што е Македонија“. Притоа од Бугарија беше порачано дека политичарите треба да го обноват дијалогот и да работат за зачувување на општествениот поредок и внатрешната стабилност. Исто така и премиерот на Србија Александар Вучиќ порача дека за стабилноста на целиот регион важно е проблемите во Македонија да бидат решени и обидите за „украинизација“ нема да поминат.

Дека Македонија се наоѓа пред реални закана посочи и Руското Министерство за надворешни работи кое вели дека македонската опозиција станала инструмент за ескалација на внатрешниот политички конфликт со цел да пропаднат изборите закажани за 5 јуни. Истовремено тоа предупреди дека користењето на украинско сценарио и обидите за државен преврат инспириран од надвор се закануваат да предизвикаат длабоки потреси во Макадонија и да го дестабилизираат Балканот во целина.

По ваквате хибридни закани со која се соочи Македонија, како што се политичката, економската, мигрантската и безбедносната криза, реагираше преседателот на државата Ѓорѓи Иванов кој ги изненади сите со аболиција на инволвираните во аферата со прислушувањето и го попречи делувањето на Специјалното јавно обвинителство кое излезе од манадатот и целосно се стави на страната на СДСМ и Соросовите невладини организации. Како никој друг политичар до сега претседателот Иванов го извести народот за тоа што му се случува, но и со сенс упати и остри критики до „чадорот“да престане се шета по македонските судници и да дели лекции за правда кои се со двојни стандарди - „она што важи за нас, не важи за вас“.  

Попречувањето на плановите на „чадорот“ и Зоран Заев, на површина ги истера соросовите хулигани и анархисти кои ја руинираа народната канцеларија на претседателот и ги испоганија македонските споменици. Сепак, професионалноста на македонските безбедносни сили и обичниот македонски народ покажаа како се сака и брани земјата. Тие заедно не дозволија ескалација на уличните судирите и не дозволија во Скопје да се повтори Киев или Дамаск.

Опасноста Зоран Заев заради лични интерси да ја дестабилизира Македонија, а со тоа и целиот регионот, што би можело да доведе до Трета балканска војна, не се остранети. Тој ќе продолжи со своите игри се до одржувањето на избори на 5 јуни, но спроти него е лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски кој заедно со македонскиот народ ќе го спречи Заев во неговите намери. Клучот е во обединување на македонскиот народ и одржување изборите на 5 јуни. Со оглед дека македонскиот народ се повеќе ја препознава играта на Заев, тој на овој датум, обединет, без разлика на политичката припадност, ќе му каже НЕ на деструктивните политики на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Воените вежби на грчката армија на македонско-грчката граница и појавата АНА, во комбинација со внатрешните експоненти како Зоран Заев и соросовите платеници,  не може да го заплашат македонскиот народ. Македонија заради дволичноста на Европа и интерсите  на големите сили во минатото со децении крвареше, така да, ако е потребно Македонците како и нивните претци повторно ќе гинат за да ја сочуваат својата македонска држава. Тоа ЕУ, НАТО и САД треба да го знаат, во тоа никој не треба да се сомнева.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.