|
|
Мане Јаковлески - Мојот пресврт |
Мојот поглед: ни за Запад, ни за Исток, туку за Македонија, за мир и добра воља меѓу луѓето, за човечност и верба во Бога. Долги години живеев на Запад, младоста и зрелите години ги поминав во Берлин. Сонував заедно со другите патриоти за денот кога ќе падне железната завеса, кога ќе му дојде крајот на комунизмот, кога ќе завладее демократијата. Таква каква што ја гледав или сакав да ја гледам, далеку од мојата родна Македонија, која живееше во кафезот на комунизмот и едноумието. Југославија не беше исто што и Советскиот сојуз, но не беше ни исто со светилникот на демократијата во тоа време, САД. Беше нешто помеѓу, но сепак недоволно слободна и што е најважно, не ја чуствував како моја. Ја гледав како затвор во кој беше затворен сонот за Македонија. Затвор за мојот сон. Светот во тоа време беше доста едноставен за разбирање. На едната страна беше Советскиот сојуз, олицетворението на злото, на другата беа САД, олицетворението на се што сметавме за добро, а демократијата пред се. но се случи и тоа што се случи, на моја голема радост, ѕидот во Берлин падна, а Советскиот сојуз се распадна. Се радував силно и искрено како и сите кои верувавме во сонот за демократијата и во нејзиниот светилник, САД. Но, занесот не траеше многу долго. Нашиот идол, нашата светиња, иконата на демократијата, САД, почна да покажува поинакво лице. Русија беше во хаос, а САД не бираше место и начин како нејзината мизерија да ја направи уште поголема а понижувањето уште поголемо. Премина преку ветеното на крајот на студената војна. Со секој ден, и не само јас, станувавме свесни, дека демократијата е изманипулирана, злоупотребена токму од тие што ги сметавме дека се синоним за демократија, од САД. Наместо мир и просперитет во светот, САД почнаа да шират страв и терор, со стотици иљадници цивилни жртви, ладнокрвно наречени "колатерална штета" на воените дејствија, кој и не само патем речено, не беа одобрени од советот за безбедност на ОН. Се случија агресиите врз Србија, врз Ирак, врз Либија. (Среќа што мрачното сценарио не успеа да го повторат во Сирија благодарение на цврстиот став на Русија, но затоа пак во Европа ги имаме стотиците иљадници мигранти од сите земји кај што САД однесоа "демократија".) Од НАТО направија клуб на патетични вазали, а од ЕУ само послушник за одлуки што не се донесуваат во Европа, туку од другата страна на океанот. Оние кои гледаат со отворени очи набргу со ужас сфатија дека САД со своите свесни или несвесни потези стои позади најголемите терористички организации чии злодела го одбележаа почетокот на новиот век. Да, мислам на Ал Каеда, на ИСИС. Разочаран сум, се прашувам дали сум бил наивен верувајќи во големата шарена лага сервирена од "Вујко Сам". Ги гледам и не можам да си одговорам на прашањето дали во меѓувреме нешто се случи со САД и вака забеагаа, или цело време биле такви ама при здрави очи тоа не сум го гледал како што и многумина не го гледаа. Во светот денес изгледа како улогите во целост да се променија. САД станаа она што беше Советскиот сојуз, а Русија стана симбол за чесност и принципиелност, како што некојпат ги сметав САД. Не можам а да не се навратам и на меѓуетничките односи, мислам на односите помеѓу Македонците и Албанците. Но и тука е видлив кој е изборот на САД. Да не заборавиме дека Вудро Вилсон стоеше позади формирањето на Албанија, исто како што и Косово беше креација на Бил Клинтон. Дали неговата сопруга, претседателскиот кандидадт Хилари Клинтон ќе биде таа која ќе ја запечати судбината на Македонија во полза на албанската кауза? Сериозно прашање за сериозно размислување. Американците се тие кои ќе си одлучат на изборите за кого ќе гласаат. Да бев американски граѓанин, сигурен сум дека би гласал за Трамп. Но не сум. Македонец сум. Затоа гласам за Македонија. Колку и да е несовршена. А шарените и други бојадисни револуции, кога тогаш, ќе им се вратат на оние кои ѓи режирале и платиле. Има Господ. И има ред на светот и векот. МАКЕДОНЕЦ сум затоа што: Сум МАКЕДОНЕЦ по род, култура, историја, традиција!Зборувам MАКЕДОНСКИ! Ја чувствувам крвта МАКЕДОНСКА во моите вени! Сум од родот древен на Филип и Александар! Сум МАКЕДОНИЈА - земја библиска, една и единствена, од секојпат и за секојпат! Вечна да е Библијска Македонија, Амин!
|