|
|
Костадин Керпичоски: Шарена револуција |
Платени дежурни протестанти, насилство врз институциите и државата, во толпата хулигани платеници од други држави, многу пари од СОРОС , протести на УЧК, и барања за рекомпонирање на државата од Беса која е коалициски партнер на СДСМ, како и желба по секоја цена за продлабочување на кризата наместо разговори и дијалог е на кратко описот со кој се сака да се свитка кичмата на државата. Всушност ова е сценарио смислено од чадорот, финансирано од фондацијата СОРОС во Македонија, а треба да сe реализира од страна на СДСМ на територијата на Македонија. За голема наша среќа и среќа на Македонија оној кој треба сето ова да го реализира е многу слаб и млитав, а чадорот не го проценил истото. Исто така за наша среќа чадорот заборавил да го процени и Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ па сега наиде на голем отпор или проблем за нив, а ние наидовме на одбрана на државата. Оваа така наречена Шарена револуција се повеќе ми наликува на револуцијата во Украина, копија на сценариото, серија платеници, палење и демолирање, огледала и што ли уште не. Но изгледа некој заборавил дека Македонија не е Украина. Изгледа заборавил дека Македонскиот народ е задоен со патриотизам и премногу го потценил уште на почеток. Нема ден да помине, а јас да не се запрашам што ќе беше ако "револуционерите" од шарената револуција бојата ја искористеја за добри дела како на пример да ја поделеа на луѓето кои неможат да си ја дозволат, или да исфарбаа некоја соба, или некоја фасада да направеа?! Сигурен сум дека во овој случај многу повеќе би вредело нивното дело и многу повеќе гласови и гласачи би придобиле од колку вака со уништување на веќе направено. Или еве од друг аспект гледано може да се запрашаме што добро добива Македонија и Македонскиот народ од ова уништување од страна на оваа револуција? Дали СДСМ и нивната револуција гарантираат нови проекти за Македонскиот народ?! Дали СДСМ и револуцијата имаат план и програма за работа? Дали уништувањето и сквернувањето и носат добро на Македонија? Кога сите овие прашања би ги одговориле секој од вас ќе дојдете до заклучок дека е ова добро смислено од некој и е се со цел насилно уривање на актуелната власт во државава ама и не само тоа ами и поделба или бришење на Македонија. Многу често се прашувам како тоа некој од Македонија, Македонец или некоја Македонска политичка партија се нафатила да го прави ова недело и да работи против Македонските интереси и никако неможам да дојдам до одговор иако логиката ми вели дека цената е премногу висока за тие што ова го прават или пак истите тие немаат грам мозок.. На крајот од овој текст јас би сакал да ве повикам да направите една паралела, една споредба на десет годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ во државава и 4 месечното владеење на СДСМ во некои од министерствата, да направите една споредба на протестот организиран од ГДОМ и на протестот на СДСМ или Албанците. Самите вие да си направите споредба и пресек и на крај работите ќе ви станат кристално јасни. Јас по кој знае кој пат сакам да повикам на мир и толеранција, сакам да повикам оваа криза и било која друга да се решава со пенкало во рака, а не со автомат под рака, сакам да се избориме сите ние за фер и демократски избори и таму да го кажеме своето, да судиме и пресудиме и да кажеме каква Македонија сакаме и во каква Македонија ќе продолжиме да живееме. Никако не смееме да дозволиме да сме заложници на една рака луѓе од прилика околку пет илјади во држава со два милиони жители. Да не дозволиме насилството да го надвладее разумот! Ние браќа и сестри Македонци да испратиме една јасна порака како внатре во државата така и надвор за слободна самостојна и суверена Република Македонија! Македонија која припаѓа на Македонците, Македонија која од ден на ден расте и се развива и држава во која секој ќе си го најде своето место. Македонија била и ќе остане!
|