Среда, 04 Мај 2016   
Како кула од карти се рушат лагите на опозициската СДСМ

kostadin-kerpicoski
Костадин Керпичоски

Велам на опозициската СДСМ бидеќи таа има само неколку технички министри во оваа техничка влада и тоа е против вољата на народот но се за доброто на државата и личните и партиските интереси во втор план а пред се националните интереси.

Велам лагите на СДСМ бидеќи тоа е таа политичка партија која всушност секој ден кажува по една лага, тоа е партијата чија програма се лагите и манипулациите и тоа е таа партија која сеуште верува дека еднаш кажана а сто пати повторена лага станува вистина.

Но, да не брзаме одиме со ред, во продолжение погледнете:

СИТЕ ЛАГИ И МАНИПУЛАЦИИ НА СДСМ:

1. Власта е таа која прислушкува и нелегално се стекнала со приватни разговори.

2. Избирачкиот список не е чист.

3. Има 30 000, 300 000, 1 000 000 фантоми во државава

4. Фамилијата се стекна со огромно богатсво

5. Сакаме избори за крај на оваа политичка гарнитура и крај на политичката криза

6. Имаме 70 000, 500 000, 1 500 000 снимки 

7. Сите снимки се предадени на СЈО и всушност не направивме ниту копија од нив за да не дојде до злоупотреба

8. Повикуваме на мирен протест и тоа само Македонски протест против актуелната власт.

И во продолжение ми беа потребни уште неколку страници за да ги набројам сите но за да не ве замарам (вие веќе ги знаете сите лаги) ги издвоив овие како најголеми.

Време е за демант на се до сега горе наведено, демант кој секој го знае..

1. Власта прислушкувала и нелагално се стекнала со снимките од приватни разговори а во јавност и во етер нема ниту еден разговор на функционери на СДСМ, што само по себе значи дека власта се слушала сама себе и сама себе сега се објавува-за публицитет!

2. Избирачкиот список е чист како солза, чист како да е чистен со сретство за чистење а тоа го потврди и ДИК чии претседател е член и функционер на СДСМ.

3. Не го знаеме точниот став на СДСМ за тоа колку фантоми има во државава ама на еден да го наречам контра протест се собраа преку 100 000....

4. Секој член на фамилијата во својот анкетен лист прикажа, покажа и докажа колку има, што поседува и од кога го поседува истото.

5. Сакаме избори но го молиме бога да нема избори бидеќи на истите според сите анкети и истражување ќе изгубиме катастрофално!

6. Имаме снимки ама и ние незнаеме колку имаме.

7. Сите снимки се предадени на СЈО но немаме записник за истото дејствие а копија немаме, од каде излегоа снимките последниве месеци во етер искрено никој од нас незнае.

8. Повикуваме на семакедонски протест каде имаме и Албанци и Срби и Чеси и секакви и од секаде и не протестираме против власта ами против Македонската држава и нејзините институции.

На кратко тоа е тоа, искрено очекувам а не посакувам да се случи да истата оваа политичка партија сега за скоро време излезе со став дека и не верува во црквата, дека можеби големиот празник велигден не го празнува со оглед на тоа што и на тој ден имаа помали протести против државава.

Ете луѓе мои, тоа е таа багра собрана на едно место. Тоа се луѓе со завршени политички кариери, луѓе кои немаат ниту професионални кариери, луѓе кои на приватен план воопшто не се успешни, тоа се платеници, уништувачи и вандали.

И сега некој сака да победи на принципот на една лага кажана милион пати станува вистина?!

Јас искрено незнам како тоа може оваа теза да мине кога народот е тој кој одлучува а народот гледа со свои очи, слуша со свои уши и расудува и пресудува со своја глава?!

На крај уште еднаш по кој знае кој пат ве замолувам и ве повикувам да се соземете, да застанете цврсто на нозе но во одбрана а не во напад на својата државава, повкувам на мир и благосостојба, соживот и љубов.

Сакам овој црн период да остане зад нас и запаметен како најлошиот од како Македонија е самостојна, суверена и независна држава!

Картите се отворија, играта ја изиграа но на крај пропаднаа во вода и се удавија.

Македонци, мои браќа и сестри додека сме живи ќе се бориме или живееме за да се бориме за Македонија!!

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.