|
|
Тајните договори на Големите сили за време на Првата светска војна |
Настаните кои се случуваат денес на Блискиот исток имаат длабоки корени со Договорите за сферите на влијание склучени за време на Првата светска војна меѓу големите сили. Тоа се Константинополскиот договор (1915) и Договорот Сајкс - Пикот (1916). Денес последиците можат да се видат во Украина, руската анексија на Крим, вжештените турско-руски односи, сириската граѓанска војна од 2011 година, дејствувањето на паравоените сили на Исламската држава на Ирак и Левант (ИДИЛ) во Сирија и Ирак. Овие настани како и во минатото, така и денес имаат големо влијание врз настаните во Македонија и на целиот Балкан. Избувнувањето на Првата светска војна во Европа (1914 - 1918) меѓу двата блока, од една страна Централните сили на чело со Германија и Австро – Унгарија, а од другата страна силите на Антантата, на чело со Франција, Русија и Англија, повторно го актуаализирало прашањето за Македонија. Во обидите да привлечат во својот блок што поголем број држави и двата блока вниманието на Балканот го сконцентрирале врз Бугарија. Со оглед дека главниот проблем во односите меѓу балканските држави бил кому да му припадне Македонија, ова прашање било меѓу главните точки во дипломатските комбинации. Силите на Централниот сојуз за да се приклучи Бугарија кон сојузот и ја нуделе цела Македонија и делови од Србија. Исто така и силите на Антантата во еден момент на Бугарија и ја понудиле цела Македонија. Но, тоа било само дел од тајните договори кои биле склучени меѓи силите на Антантата, а кои имале влијание на подоцнежните текови на историјата на Балканот и Блискиот исток. Такви се Константинополскиот договор (1915) и Договорот Сајкс - Пикот (1916) Договорот за Константинопол (18-ти март 1915 година) е збир на тајни гаранции меѓу земјите членки на Антантата или Тројниот сојуз за време на Првата светска војна за територијални промени на Блискиот исток. Франција и Велика Британија на Русија и ветија дека во случај на победа ќе им биде даден Константинопол и Дарданелите (земјиште на брегот или во Тракија и Мала Азија), кои во тоа време беа дел од Отоманската империја. Константинопол бил предвиден да биде слободно пристаниште, додека Франција и Велика Британија го имале правото на останатото отоманско наследство во Мала Азија. По февруари 1917 г., валидноста на договорот ја потврдуваат сојузниците пред министерот за надворешни работи на Привремената руска влада Павел Муљуков. Меѓутоа, по Октовриската револуција, на 3 декември 1917 година, Ленин во своето обраќање до муслиманите го открива Тајниот договор со цел да ја дискредитира претходната Привремена влада на Александар Керенски. Но, Французите и Британците целосно ги негираа и тврдеа дека тоа била пропаганда од страна на болшевиците. Сепак по Октомриската револуција во 1917 година, Русија се откажала од војната и на тој начин договорот за руска контрола на овој дел никогаш бил реализиран. Откривањето на Договорот беше искористена од страна на Кемал Ататурк да го сочува Цариград за Турската Република, ризикувајќи војна со сојузниците. Договорите од овој период говорат колкав бил интересот на Русите за да го имаат под контрола Костантинопол и теснецот кој го поврзува Црно со Егејско Море. Имено, членките на Антантата, Велика Британија, Франција и Русија, од 4 март -10 Април 1915 година, тајно дискутират за тоа како да се поделат териториите на Отоманската империја. Велика Британија се залагала за контрола на уште поголема зона во Иран, а Русија да го добие отоманскиот главен град Константинопол, како и Дарданелите. Иако Англичаните никогаш не сакале Русите да имаат контролата на Константинопол и Дарданелите, со овој договор сакаа да ја задржат Русија на нивна страна во Првата светска војна. Од Меморандумот на рускиот министер за надворешни работи до британскиот и францускиот амбасадор во Петроград од 19 февруари/ 4 март 1915 година, може да се видат руските интереси. Во него меѓудругото стои следното: „Текот на последните настани го води Неговото Височество царот Николај да мисли дека прашањето на Константинопол и на Босфорот мора да биде дефинитивно решен, според почитување на аспирациите на Русија... Секое решение ќе биде несоодветно и несигурно ако градот Константинопол, западниот брег на Босфорот, Мраморно Море и Дарданелите, како и јужниот дел на Тракија до линијата Енос - Мидија, отсега нема да се приклучи на Руската империја... Слично на тоа, и од стратешка потреба, тој дел од азискиот брег, кој се наоѓа помеѓу Босфор, реката Сакарја и точка за да се утврди на заливот Измит, и на островите на Мраморното Море, на Имброс Острови и Тенедос острови мора да бидат дадени на (Руската) империја... Посебните интереси на Франција и Велика Британија над регионот ќе бидат скропулозно почитувани.“ Од Британскиот меморандум до владата во Русија, од 27 февруари / 12-ти март 1915 година, може да се види дека Британците иако не многу радосни со одредени забелешки се согласуваат со Русите („Владата на Неговото Величество ќе се согласи со меморандумот на руската Влада во однос на Константинопол и Босфорот (текст доставен до амбасадорот на неговото Британско височество од неговата екселенција М. Сезанов на 19 февруари / март 4 момент)." Англичаните повикувајќи се на ветувањето на рускиот дипломат Сергеј Сезаноф за возврат бараат од Русите, кога ќе го поседуваат Костантинопол како трговско-дистрибутивен центар за Југоисточна Европа и Мала Азија, да го направи слободна порта за транзит на стоки до и од не-руската територија, како и да овозможат комерцијална слобода за трговски бродови кои поминуваат низ Босфорот. Исто така, Англичаните бараат доколку продолжат поморските и воени операции во Дарданелите, Русите да придонесат за заедничката кауза на сојузниците. Со тоа Русија самата, ако војната е успешна, ќе си ги прибави директните плодовите на овие операции. Всушност, единствената сила која сакала да учествува во операциите на Босфорот била Грција, но грчката флота немала доолно бродови за да помогне. Во контекст на овие договарања, Англичаните не можат да го одбегнат Балканот. Тие бараат да се поттикнат неутралните балкански држави за да се приклучат на Алијансата. Тоа била една од главните поенти во поглед кога тие ги презеле операции во Дарданелите. Оттука Владата на Велика Британија се надевала дека Русија ќе ги смири стравовите на Бугарија и Романија, дека доколку Русија го поседува Босфорот и Цариград, тоа нема да биде на нивна штета. Затоа Англичаните се надевале, дека Русија ќе направи се што е во нејзина моќ за да се соработува со овие две држави и да им се понуди атрактивни изгледи за нив. Всушност, кога се работи за Бугарија, познато е дека нејзината интересна сфера била Македонија и понудите поврзани околу неа по неуспехот во Балканските војни. Во однос на тоа што треба да им понудат сојузниците, Англичаните во меморандумот го велат следното: „Додека сојузниците се во позиција да им дадат на Балканските држави, а особено на Бугарија и Романија, некоја задоволителна сигурност како во поглед на општата положба и во однос на соседните територии на своите граници за поседување на кој тие имаат аспирации.“ Со повисок степен на согласност за Французите и Британците, посакуваните работи во финалето на мировните услови би бил постигнат. Сер Е. Греј меѓудругото истакнува дека „тоа е најпосакуваното и дека постигнатиот договор помеѓу руската, француската, и британската влада треба да остане тајна." Договорот за Константинопол и Дарданелите беше една од серијата на преговори во врска со активностите кои треба да се преземат против Централните сили, по војната, вклучувајќи го и Договорот од Лондон (1915) и Договорот Сајкс-Пико (1916). Франција, Велика Британија и Русија ја одбележаа распределбате на земјиштето за секоја земја однапред, а потоа го предложија на Париската мировна конференција. Франција, Велика Британија и Русија кои се одговорни за овој договор, сакаа поделба на Отоманската земја на крајот на Првата светска војна, за да можат да ја распределат меѓу себе за да се користи за сопствена корист и да го направи да изгледа како повоените територијалната поделба, а не тајно испланирана однапред. Со овој договор за Цариград за поделба на Отоманската империја, Англичаните требаа да ја добијат територијална контрола во Иран. Таму се всушност три инструменти за поделба на Отоманската империја. Една од нив беше Договорот од Лондон (26 април 1915), Договорот Сајкс-Пико (април октомври 1916), како и од Договорот на Сен-Жан де Морен (април август 1917). Договорот од Лондон беше за Италија да ја напушти тројна алијанса (Германија, Австро-Унгарија и Италија) и се приклучат на Антантата. Потоа Италија требеше да и објави војна против Германија и Австро-Унгарија, за да се здобијат со некои територија. Договорот Сајкс-Пикот бил таен договор меѓу Франција Франсоа Жорж-Пико и сер Марк Сајкс на Велика Британија разговараат за нивната поделба на Отоманската арапските земји по поразот на Отоманската империја. Договорот на Сен-Жан де Морен бил меѓу Италија, Франција и Велика Британија за да се обезбеди позицијата на италијанските сили на Блискиот Исток. Овие договори, кои по Првата светска војна негативно влијаеа и ја санкционираа поделбата на Македонија од Букурешт 1913 година, денес како повторно да се во игра. Настаните кои се случуваат денес на Блискиот исток за сферите на влијание имаат длабоки корени во Константинополскиот договор (1915) и Договорот Сајкс - Пикот (1916). Денес последиците од можат да се видат во Украина, руската анексија на Крим, вжештените турско-руски односи, сириската граѓанска војна од 2011 година, дејствувањето на паравоените сили на Исламската држава на Ирак и Левант (ИДИЛ) во Сирија и Ирак. Овие настани како и во минатото, така и денес имаат големо влијание врз настаните во Македонија и на целиот Балкан.
|