|
|
Редно е САД да бидат искрени кон Македонија |
САД е империја која заоѓа, а во својата посмрттна агонија го вовлекува светот на работ на војна. Американскиот претседател Обама говори дека сака да ја види ЕУ силна и обединета, но неговата администрација се прави за да ја растури. Обоените и шарени револуции, бегалски и мигрантски кризи кои ги предизвика со своите интервенции, директно влијаат врз кохезијата на ЕУ и нејзината иднинина. Денес ЕУ наликува на СФР Југославија пред распадот, Брисел како Белград, а германската канцеларка Ангела Меркел на југословенската железна дама Милка Планинц, претседател на тогашната Сојузниот извршен совет (1982 - 1986), која со својата цврста рака се обиде да ја извлече кон крајот на деведесетите години федерација од криза. Свесен дека популарноста на германската канцеларка Ангела Меркел, како дома така и во ЕУ, е во опаѓање, а ЕУ се наоѓа пред распад, американскиот претседател Барак Обама за време на кратката посета на Германија, по повод индустрискиот саем во Хановер, на лидерите на Германија, Франција, Велика Британија и Италија им порача дека сака да ја види Европа силна и обединета и дека на САД и е потребна Европа денес многу повеќе од било кога. Во своето обраќање тој ќе додаде дека со оглед на бројните кризни жаришта како Сирија, Авганистан, Либија, и Украина, потоа конфликтот со Русија, би било кошмар ако ЕУ би се распаднала. Во својот говор, американскиот претседател Обама ги уверува Европејците дека САД е нивниот најголем сојузник и пријател. Меѓутоа, постапките на американската политика на Балканот ја доведуваат во прашање искреноста на САД. Се поставува прашањето дали тие навистина ја сакаат Европа обединета и силна или само потчинета Европа, која слепо ќе ги слуша наредбите од Вашингтон. Впрочем, како да се толкува однесувањето на САД во Македонија, која патем е и стратешки партнер. Македонија долго време е изложена на обоена или сега уште позната како „шарена револуција“, која е платена во голем дел од американските даночни обрзници. Активностите во кои се замешани меѓувладини, невладини организации и други, директно ја водат земјата кон веќе видената украинизација и поделба на земјата, што е спротивно на изјавата на Обама пред европските лидери. Алудирајќи на Украина, тој меѓу другото пред нив ќе изјави: „Не смее да се дозволи ново повлекување граници, не со употреба на сила“. Навистина многумина сметаат дека шарената револуција е ненасилна борба против актуелната владеечка партија. Но, ако се има во предвид дека во голем дел ваквите револуции можат лесно да преминат во крвави настани, тогаш неможе да се исклучи украинизацијата. Со оглед дека со опозицијата предводена од лидерот на СДСМ Зоран Заев се и поранешните команданти на УЧК кои сонуваат за Голема Албанија, не треба да се исклучат настаните од минатиот мај во Куманово, ниту пак конфликтот од 2001 година. Дополнително безбедносниот ризик е зголемен со оглед на бегалската и мигрантската криза, која им овозмува на радикалните исламисти, борците на ИСИЛ од Сирија и Ирак, лесна инфилтрација во земјата. При развлеченост на македонски безбедносно сили на границата и по протестите, можен е влез на терористички групи и загрозување на внатрешната безбедност. Иако македонската армија учествуваше во повеќе мировни мисии во светот и им го чуваше грбот на американските војници, Македонија не само што е далеку од НАТО, туку и лицемерната американска администрација не превзема ништо што би ја прекинала оваа фрагилна состојба која прети да го зафати целиот регион, со оглед на аспирациите на соседите. Европа обединета и силна може да биде само ако Македонија со цело име и презиме, со свој идентитет, влезе и стане член на ЕУ и НАТО. Секое продолжување на оваа агонија во земјата, Македонија само станува мета на околните грабливци и можност за конфликт од поголеми размери. Во таков еден случај прашањето е колку може Европа да биде обединета и силна како што вели американскиот претседател. Редно е САД да бидат искрени кон Македонија и со Европа. Само така САД може да ја обнови моќта, а и Европа да биде обединета и силна. Сите тие мораат да ја преиспитаат својата политика кон Македонија и Балканот. Доста се лицемиерија, зошто можно е и целосно свртување на Балканот кон исток и возобновување на Византија. |