|
|
Има разлика меѓу портокаловото лето и шарената револуција |
Во ова мое писмо сакам да направам една мала дистинкција во поглед на ангажманот на политичките субјекти на македонската политичка сцена каде се трудат истите со разни средства и методи де дојдат на власт Да одиме по ред хронолошки. На почетокот на новиот милениум плавите момчиња на чело со мецената Б.Ц. почнаа да бидеме реални во овој момент на еден цивилизиран начин да ги сигнализираат аномалиите на тогашното актуелно владејачко мнозинство на чело со ВМРО ДПМНЕ и тогашниот премиер Љупчо Георгиески. Мецената Б.Ц. од дена на ден собираше се поголем број на народ каде на разни митинзи нагласуваше дека на 15 септември (2002 година) народот ќе ја земе судбината во свои раце и Македонија ќе прослави една голема лобеда, победа за Македонија. Мецената Б.Ц. нагласуваше дека кога ќе дојдат на власт плавите момчиња ќе има вработување на по еден член од секое семејство. Ценот Д дојде и најголемиот лажго на македонската политичка сцена, мецената Б.Ц. седна на толку посакуваното за него премиерско столче. Народот очекуваше ветувањата да се исполнат. Но, од ден на ден тогашната Влада тонеше и за жал не покажуваше позитивни резултати. Првата аномалија беше направена со новата територијална поделба на на шата земја каде се овозможи во Струга и Кичево секогаш да добиваат Градоначалник од албанскиот политички блок. Превратот изборен жолт картон беше добиен на локалните избори во 2005 година сегашното актуелно мнозинство на чело со ВМРО ДПМНЕ и Претседателот Никола Груевски во буквална смисла на зборот ги декласираа плавите момчиња. Во тоа време единствен добар резултат беше седнувањето на мецената Б. Ц. на местото Претседател на Република Македонија. По катастрофалниот резултат на локалните избори двоецот Бучковски и Шекеринска успеаа по багателна цена да го продадат ЕСМ на австрискиот ЕВН. Со тој катастрофален потег беше оставен на цедило македонскиот граѓанин секоа грејна сезона да стравува за покачување на цената на електричната енергија. Во тоа време опозициониот табор на ВМРО ДПМНЕ обоен во портокалово си мирни митинзи на т. н. портокалово лето 2006-то победи и на парламентарните избори. Тоа беше втора изборна шлаканица на момчињата обоени во плаво. Новата Влада на ВМРО ДПМНЕ на чело со ревносниот премиер Никола Груевски ги отвори вратите за странски инвестиции во нашата држава. Во секоја општина се отвораат слободни економски зони и ТИРЗ каде од ден на ден влегува свеж странски капитал. Се подобри патната инфраструктура во нашата земја. Со нови патнички гарнитури на патни возови од Кина се подобри железничкиот транспорт а со давњето под концесија на скопкиот и охридскиот аеродром на турскиот ТАВ и со разни субвенции на Владата за купување на авио билети се подобри и авио сообраќајот во нашата земја. Со еден збор кажано почна да оди во нагорна линија македонското стопѕ нство. Странските инвеститори имаа стгурност во мерките кои ги превзема до миницилната Блада и почнаа на големо да инвестираат во нашата земЈа. За тоа време актуелната плава опозиција тапка во место и 9 пати по ред било да се работи за локални, парламентарни или претседателски избори доживува изборни катаклизми од актуелното владејачко мнозинство на чело со ВМРО ДПМНЕ. Зоки Заев момчето од Муртино гледа дека со легитимни средства не може да го убеди македонскиот политички електорат да му ја даде токму него довербата да формира влада. Па така, со нелегитимни средства и методи со помош на странски разузнавачки служби објавува во јавноста т. н. бомби, снимени разговори на јавни лица од локалната и извршната власт. Карактеристично за плавите момчиња е што од последните 5 изборни соочувања не ги признаваат изборните резултати за легитимни. Со помош на меѓународни медијатори се исполнија сите желби на бомбашот Заев. Но, и тоа не беше доволно да се излезе од политичката криза. Зоки и неговите поданици почнаа со т.н. шарена револуција каде под плаштот на здружението Протестирам катадневно по скопските улици и во поголемите градови ширум нашата земја со јајца и бои уништуваат се што има направено актуелното владејачко мнозинство. Уништувањето на материјалните добра не се само од поддржувачите на т.н шарена револуција него од целиот македонски народ каде преку разни давачки и даноци е постигнато многу во плурална Македонија. Господа обоени во плаво со насилни средства и поттикнување на омраза не се доаѓа на власт. Понудете програма и излезете на избори на 5-ти јуни, па кој е подобар нека победи. Со овие ваши средства и методи нашата земја на место чекор напред оди два чекори назад за жал секогаш ќе тапка во место. Тоа македонскиот напатен народ не го заслужува.
|