|
|
Македонија седи на буре полно со барут! |
Да да, многу убаво прочитавте, а допрва ќе ви биде јасно од понатамошниот текст дека нашата една и единствена татковина Република Македонија е темпирана бомба и дека буквално "седи" на буре барут! Еве ќе почнеме со ред, се сеќавате сигурно дека се започна со рускиот гасовод кој требаше да минува низ Македонија, средината на кризата настана со почетокот на мигрантската криза и на крај целата оваа ситуација ќе ја достигне својата кулминација со настаните од Куманово пред точно една година каде невини припадници на МВР ги положија своите животи бранеjќи ја својата една и единствена татковина! Од како овие настани некако спласнаа и фамата околу нив престана се крена нова "војна" во Македонија, војна отворена од опозициската СДСМ, а под покровителство на странскиот фактор. Војна чии механизми се етнички конфликти, верски конфликти и граѓански насилни протести се со цел исполнување на целта, а тоа е редефинирање на Македонија или пак целосно бришење на истата како воопшто и никогаш да не постоела... Дел по дел сценариото смислено од чадорот се реализира благодареjќи на опозициската СДСМ која делува на територијата на Македонија поткрепена со финансиите од СОРОС (невладината организација) организација која троши по петнаесет илјади евра на ден за рушење на актуелната легитимна власт на сила! Е сега за наша голема среќа, а нивна голема несреќа Македонија сеуште не стигнала до таму до каде што стигна Украина и тоа не затоа што нешто не е исполнето од сценариото ами затоа што странскиот фактор не ги проценил добро неговите извршители и пред се Македонскиот народ, тој народ кој во ова демократско општество одлучува сам за својата иднина и својата судбина. Од ова произлегува дека ниту еден народ, а најмалку Македонскиот е способен и сака да ја потопи својата држава, својата единствена татковина. Исто така можам да гарантирам дека актуелната власт се базира на своите патриотски чувства особено сега кога и сме најпотребни на нашата држава. За да горе наведеното го потврдам ќе ве потсетам само на пресс конференцијата на политичката партија "БЕСА" која е коалиционен партнер на СДСМ. Во нивната изјава тие слободно и без влакна на јазикот ги искажуваат своите пусти желби, желби за редефинирање на Македонската држава. Исто така ќе ве потсетам на терористичкиот напад на територијата на Куманово пред точно една година за кој знаеме дека е организиран од Албанци од Косово со помош на месното население во Куманово, се разбира на дел од населението. Ќе ве потсетам на изјавата на опозицискиот лидер за тоа дека се согласува да се изнајде решение за името на нашата држава всушност да се промени името во име кое ќе го прифаќа и нашиот сосед Грција.. Дали треба да ве подсетам кој се тоа се исмева на насилните протести и исфарбани војводи ?! Ете тоа се тие докази за поврзаноста на опозициската СДСМ со другите горе наведени, за нивното дејствување и делување и за нивната крајна цел, додека пак тоа што се уште се на слобода виновниците е доказ дека ЧАДОРОТ е тој кој ги заштитува и тие одработуваат за неговата воља. Јасно е, Македонија е мала држава со околу два милиони жители, но е држава која што има извонредна географска местоположба, и држава која што е на клучно место особено за менаџирање на актуелната мигрантска криза создадена и наметната исто како и политичката криза кај нас, вештачки и намерно! Јасна е целта, Македонија со една силна историја и бурно минато е трн во око на сите, целта е редефинирање или целосно бришење, да не постои Македонија како таква, а ние да бидеме некој друг народ, народ без историја, без свој јазик, без своја култура, а тогаш што сме ние и кои сме воедно?! Токму затоа имам да им порачам на овие душмани дека Македонија постоела и ќе постои, дека Македонскиот народ е напатен народ кој е задоен со патриотизам и дека воопшто не е мутав и знае како и на кој начин да си ја одбрани својата држава, својата единствена татковина Македонија! Македонија на Македонците! Да живее Република Македонија! Ја сакам мојата чудесна земја Македонија!
|