Среда, 11 Мај 2016   
КАЛИМЕРО

meri-georgievska
Д-р Мери Георгиевска

Еден вообичаен издрогиран ден, на СДС и соросоидиве, исто каков што им бил и денот, издрогирани до коска им дошло преку глава од ВМРО ДПМНЕ и власта, пошо им било предолго владеењето на умот и разумот, на делата и остварувањата, на законот и Уставот, на парламентарната демократија, на економските достигнувања, на вработувањата, им дошло преку глава од редот и мирот во државата, од просперитетот на Татковината, од странските инвестиции, од редовни плати, од покачување на плати, од Македонскиот народ, та решиле да го прашаат гугл како да ја распарчат, разделат, разнесат нашава убавина од Македонија со сè Македонецот во неа.

Искуцале на гугл: „quotes war“ и добиле две опции: Едната од Клаузевиц која гласи: „Војната е политика со други средства“, а другата од Фуко, кој кажал: „Политиката е војна со други средства“. И така сосем невино, ко проститутка ко нема ситно да врати после давање тиииит услуга, изродиве сфатиле дека и Клаузевиц и Фуко под поимот средства подразбирале види Бога ти, ни повеќе ни помалку туку – поликолор.  

Не се мислеле два пати. Право по поликолор на реверс. Решиле да офарбаат се. И деца и мајка и татко. И живо и мртво.

Поддржани од родителите, ко сите деца впрочем, дошле на ред живите, за кои си рекле ќе ги умртвиме многу скоро. Поликолор и сè е можно. Ама што ќе правиме со мртвите? Мртвите почнале на сон да им се јавуваат велејќи им: „Немало правда немало мир, така ли ве учевме бе, пу ј`зк !? Нели петокраки ќе везевте? Во наше време демократија си беше везење петокраки на перничиња. Пу ј`зк ! А мотото ви е скроз дизаста. Немало правда немало мир бе. Која правда бе недодоени едни, не ли бе гледавте Калимеро секоја вечер у 7 и 15 пред спиење? Толку ли да не се сфаќало, кузнај на шо дроги сте. А мир? Каков мир бе? Мир на Голи Поток само! Мртви се превртуваме во гробовите од вашата затупеност, ајт одма на избори“- им велеле мртвите на сон.
И така овие пошо тииит не ги болело ни за живи ни за мртви, се окомиле на барокот. Не знам зошто луѓе мои мили, но многу голем отпор имаат од убавина. Ама многу. Не разликуваат барок од неокласицизам. Тоа им е од премногу тииииит. Небаре барокот е Сатаната. Уствари они се Сатаната, ама ете барокот многу веројатно го доживеале ко Бог. И почнале да го маваат, плукаат, повраќаат, кој со поликолор кој од прејаденост на Велики петок, откако фамозниот им лидер ги потроши бомбичињата пред време, па си купи муниција од надвор, а за возврат ќе им удрел по една рака и на странските амбасади, онака чисто да ги прољепша.  

Од извори блиски на Сатаната туку што дознаваме дека откако ќе го искречеле барокот ќе преминеле во кречење на нашите олтари, икони и домови. Ќе ги кречеле фотографиите и писмата од нашите дедовци, ќе ни ги клоцале сликите на нашите татковци со зборовите: „Прибери си го татко ти“, ќе ја кречеле нашата музика и нашите неодиграни танци, синилото на нашите езера и сафирните реки, нашите сништа со мирис на дуњи и јаболка, нашите илузии, детство, нашите најубави песни полни со недофатлив копнеж по Македонија и љубовта, лебот замесен со солзите на прабабите ни и отпеан в црква сто години подоцна. И него ќе ни го искречеле. Нашето вино ќе ја сменело бојата за некој ден и ќе станело зелено засекогаш, и наместо црвено и густо како мед горко ко пелин ќе станело, оти тие не биле луѓе. Имале големи опашки. И родениот брат изгладнет, бос и гол ќе ни го префарбале во нивните бајати и смрдливи бои. И самовилите од Сама Бука во Лазарополе ќе ни ги искречеле. Ќе стигнеле и до громовите кои ечат во седум осмински такт. И нив ќе ги фарбале. И нашиот Бог. И Него и Него и Него. Apage Satanas!

Од извори блиски до опозицијата неофицијално дознаваме дека се подготвувале да ја искречат и Месечината. Се мислеле дали да кречат на Млада или на Полна Месечина. Ангажирале астролог од Муртино. Овој пак не го поштуел Птоломеј и ги извисил. Оставени на милост и немилост пак се скарале. Едниве сакале да ја кречат младата Месечина, од причина што таа е симболот на комуњарскиот срп и симболот на сатанизмот, а другиве пак шо не ја читале „Маркс и сатаната“, нит „Рат и Мир“ гарант до крај, сакале да постигнат поголем ефект на платното. Им останало вишок поликолор земен на реверс и сакале да ја искречат полната Месечина.

И така станало хаос на Бихачка. Најочаен бил Заев, оти тој имал амбиција да стигне да го молерисува и Сонцето. Едвај го смириле, и сè уште нема информации дали ја голтнал горката пилула на сознанието дека Сонцето е малку надвор од неговиот домет, оти може да се изгори. Башка вистинските мажи македонски му порачале да се клони што подалеку од Сонцето, за негово добро де.

Но, како што е познато, сите болести се резултат на социјални конвенции. Па така и нивнава болест или е чист кретенизам или аномалија на мозочната естетика, т.н. хемицефалитис, како резултат на недостиг на изборна програма, консумирање дрога, алкохол, таблети, странски валути и љубови во бои на виножито, и сл.

Станаа толпа имбецили на кои им се лизна границата помеѓу итроштината и курназлакот. Им избега. Им забега.
Мудроста Nulla dies sine linea (Ниту еден ден без дело) за нив одамна е невалидна, но од сега за истите тие ќе важи мудроста- Nulla dies sine Policolor (Ниту еден ден без поликолор). Е до тоа дереџе дојдоа.  И така ќе бидат запаметени во историјата. 
А на плоштад, ќе им изградиме уште еден споменик плус- Споменик на Вандализмот Скопје 2016-та, кој ќе стои засекогаш, па дури и тогаш.

Сега само едно е јасно. Во нивната програма за следните избори, која ја квачат и ќе ја квачат уште бајаги годинки имаат едно сигурно место- Министерство за поликолор.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.