|
|
Редно е да му се каже на Зоран Заев и неговите домашни и надворешни подржувачи ДОСТА Е |
Западните моќници одамна го започнаа процесот на рекомпонирање на Балканот. Сега се во фаза кога насекаде поставуваат марионетски влади, а непослушните економски ги парализираат и дисциплинираат. Поради тоа врие во Грција, Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија. Не помалку интересни работи се случуваат во Романија, Молдавија и Бугарија. Македонија предолго се наоѓа во политичка криза која ја создаде опозицијата предводена од лидерот на СДСМ, Зоран Заев и соросовите невладини организации. Поддржани од надвор со странски пари, тие упорно и долго време го спроведуваат процесот на обоена (шарена револуција), Додека Зоран Заев со своите постапки свесно оди на федерализација на земјата, а невладиниот сектор тоа го одработува за пари, голем дел од оние кои протестираат не се свесни што се случува во заднината. Односно не се свесни дека дел од меѓународниот фактор исцртува нови граници, во кои Македонија може да послужи како монета за подкусурување и да исчезне од географската карта на Европа. Додека некои учествуваат во обоената револуција од лични интереси (Зоран Заев и други челници на СДСМ), други тоа го прават за пари (соросовите невладини организции). Трети пак кои ја поддржуваат опозицијата сметаат дека се во тренд доколку се појават на протести. Тие мислат дека е кул доколку ги срушат или извалкаат македонските паметници или пак доколку ја извалкаат македонската историја и доколку сето тоа го постираат на социјалните мрежи. Истите тие како да не сакаат да сфатат дека им даваат оружје на оние истите соседи кои не негираат со векови и кои го спречуваат нашето членство во ЕУ и НАТО. Меѓутоа, за среќа најголем дел од македонското население ги знае овие игри и му дава огромна поддршка на Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ кои покажаа и докажаа како треба да се чуваат интересите на државата. Сите досегашни анкети говорат дека колку повеќе опозицијата ја метастазира државата во интерес на западните моќници, толку повеќе се збиваат редовите на македонскиот фронт. Тоа го говори и најновата телефонска анкета на Институтот Павел Шатев, спроведена од 6 до 8 мај 2016 година, на 1070 испитаници. Според оваа анкета ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски имаат се поголема поддршка кај народот. Дури 30,8 отсто од испитаниците дале поддршка за Никола Груевски, а само 11,4 отсто за Зоран Заев. Споредено со претходна анкета на истиот Институт, рејтингот на Заев е намален за 0,6%. На прашањето „Која партија би победила на следните парламентарни избори?“, дури 49.6 отсто од испитаниците одговориле ВМРО-ДПМНЕ, додека 20.2 отсто сметаат на СДСМ. Анкетата исто така покажува дека за разлика од Никола Груевски, најголемиот дел испитаници, имаат негативно мислење за опозицискиот лидер Зоран Заев. Свесен дека во Македонија нема поддршка и дека неговата партија нема да успее на договорените предвремени избори на 5 јуни, Зоран Заев прави се за да ги избегне, а истовремено им ветува се поголеми концесии на Албанците. Во игра е Албанците да добијат премиерско место, воведување албански јазик на целата територија и федерализација на Македонија, која неминовно потоа ќе води кон поделба на земјата. Иако, меѓународната заедница говори дека треба изборите да се одржат во закажаниот рок, одредени западни моќници прават се тие да не се одржат. Сето тоа Македонија би ја одалечила и од ЕУ и НАТО. Ако се има во предвид дека според пишувањето на Журнал на самитот во Чикаго (2012) се говори дека Албанците во Македонија сочинуваат 40% проценти од вкупното население, тогаш се и јасни аспирациите на радикалните албански елементи, но и на меѓународната заедница при реконпонирањето на Балканот. Нели и самите Албанци најавија за спојување на Албанија и Косово, но и формирање на косовска армија. Доколку дојде до тоа нема да останат настрана и Албанците во Македонија. Во тој правец, Заев го продолжува хаосот во земјата и си игра со оган. Тој ги подгрева аспирациите на радикалните албански елементи. Додека им се одаваше почит на македонските херои, припадници на македонските безбедносни сили, кои загинаа во пресметката со криминално терористичката група од Косово, неговите албански партнери, некои дојдени и од Косово, маршираа низ скопските улици за да ја одбележат годишнината од загинувањето на терористите во кумановското Диво Насеље. Во ова време, невреме, кога туѓи сили работат против интересите на македонскиот народ, Македонците во земјата и од целиот свет мора да се здружат. Тие што залутале поради помодарство, наместо на протести, нека го кажат својот збор, а редно е и да му се каже на Зоран Заев и неговите домашни и надворешни подржувачи ДОСТА Е. Македонија нема време за чекање. Неможе Македонија да чека некој да биде спремен да оди на избори, а за тоа време институциите да бидат парализирани додека Балканот се реконпонира. Македонија не смее повторно да биде делена, а доколку дојде до тоа, нема место на светот, каде неговите меѓународни поддржувачи би го скриле Зоран Заев. Божјата казна него ќе го стигне секаде. |