Среда, 18 Мај 2016   
Ученикот на Охридската школа Роман ја отвара првата манастирска болница во Србија

Tihomir Karanfilov-001

Припремил Тихомир Каранфилов

Почетоците на средновековната медицина се јавуваат по црквите и во манастирите. Во Македонија, Св. Кирил и св. Методиј и нивните ученици св. Климент и св. Наум Охридски, освен огромната просветителска дејност, биле и основоположници на медицинската наука, особено на манастирската болничка служба, превентивната и социјалната медицина во Македонија. Освен во земјата нивните ученици го ширеле христијанството и отварале манастирски болници и пошироко на Балканот.

Во Македонија најстара била Климентовата болница во манастирот “Св. Пантелејмон“ во Охрид од IX век, потоа “Св. Наум Охридски“, “Св. Врачи“ во Битола, “Св. Јоаким Осоговски“ во близина на Крива Паланка, болницата во манастирот “Св. Архангел Михаил“ посветена на Гаврил Лесновски, „Св. Прохор Пчински“ и др.

Освен на територијата на Македонија, учениците на св. Климент и св. Наум Охридски, своето знаење го пренесувале и пошироко на Балканот.

Иако не постојат историски податоци, се смета дека монахот Роман како ученик и следбеник на Охридската школа, заедно со својот „брат“ Нестор, дошол во IX век во Поморавјето за да на „разбирлив јазик го зацврсти христијанството кај народот“. Тој го основал манастирот Св. Роман кај Ѓунис, во кој според кирило-методиевските традиции била отворена една од најстарите манастирски болници во Србија. Таа била со векови активна.

Гробницата на Св. Роман се наоѓа во јужниот дел на црквата. Во неа биле носени болните да преспијат или да седат на камениот под. Во приземниот дел на камбанаријата биле собите во кој престојувале душевно болните, каде по строг пост и секојдневни молитви, си оделе дома оздравени.  Големо било народното верување дека Свети Роман им помагал на сите оние кои побеснеле и умот им бил помрачен.

Манастирот Свети Роман е еден од најстарите манастири во Србија. За првпат се спомнува во хрисовулата која византискиот цар Василие II, после победата на Самоил, во 1919 година му ја дал на тогашниот Охридски архиепископ Јован. Оваа хрисовоља е повторена во 1920 година, а тоа значи дека овој манастир е подигнат најмалку пред два века, односно пред манастирите подигнати за време на Њеманичи.

Ако се земе во предвид дека манастирот во хрисовуљата на Василиј се спомнува како веќе познато, живо изградено место, покрај кое сигурно постоела населба, изградбата на овој манастир треба да се датира многу порано од постоењето на српската средновековна држава.

Така, животот и делото на Свети Роман би можело да се смести во втората половина на  IX  или на почетокот на X век, кое е време на ширење на славјанската писменост од Охридската школа на Св Климент. Меѓу првите Климентови ученици кои од Охридската школа биле испратени во некогашна архонтија Моравска, за да го шират христијанството меѓу народот во Србија, биле двата браќа Роман и Нестор. Браќата се настаниле и се подвизувале на двата брега на Морава, на местата каде сега се наоѓаат цркви посвети  во нивно име. Тие го ширеле христијанството на славјански јазик и го просветувале српскиот народ.  Моштите на Св. Роман денес се наоѓаат во гробницата испод капелата взидана во манастирскиот храм.

Пишани извори на старoцрковен славјански (македонски) јазик за светороманскиот манастир не постојат, иако се претпоставува дека во X век тие постоеле. Се смета дека пишаните споменици, книги испишани на глаголица и кирилица од X до XII век, биле уништени во XII век, за време на владеењето на Византија со централните балкански простори.

Манастирот „Св Роман“ се наоѓа во непосредна близина на т.н. Мојсињска Света Гора“, каде се смета дека постојат остатоци од 70 цркви и црквишта од XIV и XV век. Меѓутоа, овој манастир не припаѓа на оваа група на цркви, туку на посебна многу постара, која ја сочинуваат црквата на Св. Нестор над селото Витковци и црквата на Св. Стефан над Алексинац.

Иако во српската црковно-историска литература не постои согласност кога живеел и делувал Предбодобни Роман Моравски, бројни археолози говорат дека манастирот „Св. Роман“ е изграден во IX  век.  Над неговиот гроб е подигнат манастир кој по овој светец го добил името, а кои Грците го запишале како Сфентеромон. Поедини автори забележуваат дека јужниот параклис на светороманскиот храм типски многу е сличен со црквата „Свети Архангел“ во близина на Охрид, задужбина на Свети Наум, која датира од периодот околу 900 година и со тоа го поддржуваат ова мислење.  

Со ова се согласува и Свети Николај Велимировиќ, кој повеќе пати го посетил светороманскиот манастир и напишал служба на овој Божји угодник, кого го нарекува Роман Моравски во која се вели: „Со неговите молитви слепите гледаат, глувите слушаат, сакатите проодуваат, обземените со лошите демони се прочистуваат...“

Поради тоа што „тој можел да измоли од Бога исцелување на секаква, па и најтешка душевна болест, како и заради неговата строгост и правичност“, српскиот народ имал големо почитување и овој светител го нарекувал „тежак“.

Според усните преданија, од основањето на манастирот работела и манастирската болница. Таа била активна со до триесетите години на минатиот век, а исцелителната моќ на Свети Роман се појавувала и преку светата вода од манастирските извори, во близина на влезот на манастирот (особено за очни болести). Освен тоа многу бездетни брачни парови се молеле над гробот на Свети Роман ученик на Свети Климентовата охридска школа.

Инаку, средновековната медицинска доктрина пропагирана од Византија била под контрола на црквата и на нејзините сфаќања што се испреплетувале со проверените медицински знаења. Првите манастирски болници биле пред си хуманитарни установи, во кои се спроведувала духовна и телесна медицина и им се давале совети на болните. Тие одиграле голема улога во развојот на медицинската мисла и болничката здравствена заштита кај нас и пошироко.

(извор: МЕ, Скопје, 2009; Н. Илиќ, Н.Ј.Јовиќ „Болница манастира Свети Роман“)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.