Среда, 25 Мај 2016   
Политичка не техничка влада!

kostadin-kerpicoski
Костадин Керпичоски

Велам политичка влада за стабилност на државата, за просперитет, за спровеување реформи, за работа и само работа за подобро утре на Македонија.

Не, воопшто не сум за било каква друга влада па и техничка но имајќи во предвид дека имаме нов закон за организирање на избори ќе кажам да техничка влада на 100 дена пред избори и само тогаш и само така и никако поинаку и тоа организирање на избори на кои опозицијата ќе излезе а не само игри и интриги за добивање на власт без доверба од народот.

Зошто велам политичка власт?! Еве ќе ви кажам многу просто, политичка затоа што е избрана од народот на фер и демократски избори и има полн легитимитет. Политичка затоа што народот суди и пресудува и знае кој сака да го води и што сака да му биде испорачано во иднина!

Вака пријатели, техничката влада условно кажано е влада која носи нестабилност на државата, ситуација од која корист има само СДСМ за да ја закочи државата во одредени сегменти и да креира лажна слика за Македонија во очите на Македонците а богами и странците!

Јас незнам каде се видело и чуло на власт да се доаѓа без избори или подобро прашање е каде се видело власта да бара избори а опозицијата да бега од истите. Колку што знам секаде во светото опозицијата е таа која што бара избори за да може да освои некој глас повеќе и случајно да ја добие довербата на граѓаните па да формира своја влада ама да бега од избори тоа го нема никаде освен во Македонија. Од оваа ситуација јас можам да заклучам дека станува збор за план и стратегија на СДСМ за измама, за доаѓање на власт без избори и за сценарио кое треба да се одработи за некого со кое Македонија континуирано ќе се втурнува во криза (политичка, финансиска, социјална), континуирано ќе слабее како држава и ќе има постојано млитава влада која е лесна за контролирање.

За голема наша среќа а нивна несреќа ВМРО-ДПМНЕ свесно и под голема одговорност не го дозовли тоа а нема ни тој филм да го гледаат во иднина сите тие гледачи со пуканки во раце како на кино.

Жалам, жалам што ВМРО-ДПМНЕ не успеа владее еден цел мандат од четири години каде наместо 90% ќе завршеше 100% од ветеното во програмата и тоа не за фалба на политичката партија ами за Македонија бидеќи тоа што се прави и гради и работи останува за државата, останува на народот Македонски и ниту оваа ниту било која друга влада ќе го земе за себе или во џеб.

Јасно е како ден приајтели, избори фер и демократски се разбира тогаш кога опозицијата ќе гарантира излез на истите и одржување на истите како такви до тогаш Македонија со политичка влада да чекори напред, да работи на себе, на напредокот и на реформите за подобро утре!

Напомена: На власт се доаѓа по пат на фер и демократски избори а не без нив и без довербата добиена од народот!

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.